Сообраќајка во Валандовско: Повеќе лица се повредени при судир на трактор и две возила


Вчера се случила сообраќајна несреќа во валандовско во која учествувале две возила и еден трактор. Повредени се повеќе лица.  На 23.07.2023 во 04.10 часот во СВР Струмица било пријавено дека на регионалниот пат во близина на с.Раброво, валандовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф“, управувано од И.К.(61) од Струмица, патничко возило „цитроен“, …

Сообраќајка во Валандовско: Повеќе лица се повредени при судир на трактор и две возила Read More »

Една жртва во сообраќајка близу Битола, во прекин сообраќајот на регионалниот пат Прилеп – Ресен


Во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случила меѓу патничко возило и камион близу Битола, кај местото викано „Кукречанска раскрсница“, има жртва. Сообраќајот на регионалниот патен правец Прилеп – Ресен е во прекин, потврдија од СВР-Битола. Се очекува во текот на денот детална информација за причините за тешката сообраќајна несреќа. 

Тешка сообраќајка на автопатот Демир Капија-Гевгелија, автомобил превртен на покрив


Тешка сообраќајна несреќа утрово пред 9 часот се случила на автопатот Демир Капија-Гевгелија во близина на Миравци, односно 20-тина километри од граничниот премин „Богородица“. Според првичните информации , станува збор за автомобил кој е на покрив на третата сообраќајна лента од автопатот. На терен е брза помош, полиција и пожарна кои им помагаат на повредените …

Тешка сообраќајка на автопатот Демир Капија-Гевгелија, автомобил превртен на покрив Read More »

Спасени три лица кои се изгубиле на планината Галичица


Центарот за управување со кризи соопшти дека денеска  на планината Галичица од страна на Регионалниот центар за управување со кризи – Охрид, успешно се спасени двајца мажи, странски државјани и една жена кои се изгубиле на оваа планина. – Конкретно, во 16.19 часот преку Единствениот број за итни повици 112 во ЦУК е примена пријава …

Спасени три лица кои се изгубиле на планината Галичица Read More »

МВР: Расчистена тешка кражба од патнички автобус од Турција, крадецот лишен од слобода


Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека е расчистена кражбата од патнички автобус со турски национални ознаки што се случи завчера на скопско Кале од каде што биле одземени разни предмети. Дваесет и четири годишно лице од Скопје кое насилно ја отворило вратата на автобусот и ги одзело предметите е лишено од слобода и ќе …

МВР: Расчистена тешка кражба од патнички автобус од Турција, крадецот лишен од слобода Read More »

Полицијата ќе казни родители на 13 малолетници по полноќ затекнати во казина и обложувалници


Доцна синоќа, од извршени контроли во 22 спортски обложувалници, 10 казина и еден угостителски објект, како и контрола на парковите во централното градско подрачје на Прилеп, Битола и Скопје, затекнати биле 13 малолетници без надзор на родител после 24 часот, информира денеска Министерството за внатрешни работи. „Малолетниците биле предадени на нивните родители, по што ќе …

Полицијата ќе казни родители на 13 малолетници по полноќ затекнати во казина и обложувалници Read More »

Пронајдено телото на момчето кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош


Тим на струмичките пожарникари денеска го пронајде и извлече телото на М.П.(29) од село Дабиле, кој на 16-ти овој месец исчезна во водите на браната кај селото Дрвош. Веста ја соопшти ТППЕ Струмица на својата фејсбук страница, откако утрово нивниот тим се вклучи во потрагата по исчезнатото момче. Завчера во потрагата се вклучија и жители …

Пронајдено телото на момчето кое исчезна во водите на браната кај село Дрвош Read More »

ОЈО: Предложен притвор за лице барано со меѓународна потерница


 Основното јавно обвинителство Струга до Основниот суд во Струга достави предлог за определување притвор против 35-годишен државјанин на Република Албанија за кого од 31 мај е издадена меѓународна потерница со барање за апсење од Интерпол Брисел, Белгија, а јавен обвинител му поредложи на Судот да му определи притвор. Како што информира ОЈО, странскиот државјанин на …

ОЈО: Предложен притвор за лице барано со меѓународна потерница Read More »

На Теферич пронајден мртов маж


Полициски службеници вчера пронашле починато машко лице во Скопје. – На 20.07.2023 во Полициската станица Кисела Вода било пријавено дека кај место викано Теферич во Скопје, од полициски службеници при МВР било пронајдено тело на починато машко лице, соопшти МВР. Увид на местото извршиле екипа на СВР Скопје и јавен обвинител, по чија наредба телото …

На Теферич пронајден мртов маж Read More »

Уапсен гостиварец кој ги натепал мајка си и сестра си


Вчера, околу 2.50 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 42-годишниот Ш. К. од гостиварско село. Тој бил пријавен од своите сестра и мајка дека физички ги нападнал во семејниот дом. Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, информира МВР.             

Се скарале за водоводна цевка, па го убил удирајќи го со автомобил


Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишен жител на селото Виничани осомничен дека завчера со умисла лишил од живот едно лице, со што сторил кривично дело убиство.  Државното јавно обвинителство соопшти дека на 19 јули настанала вербална расправија за водоводна цевка во селото меѓу таткото на осомничениот и жртвата, по …

Се скарале за водоводна цевка, па го убил удирајќи го со автомобил Read More »

Во сообраќајката на автопатот Неготино – Демир Капија загина 62- годишна жена од Германија


Шеесет и двегодишна жена од Сојузна Република Германија е загинатата личност во тешката сообраќајка што денеска се случи на автопатот Неготино – Демир Капија, информираше попладнево Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес. – Денеска во 11.20 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот Неготино – Демир Капија, М.А.(36) од Сојузна Република Германија, управувајќи …

Во сообраќајката на автопатот Неготино – Демир Капија загина 62- годишна жена од Германија Read More »

Скопјанка натепана од 72-годишен сосед


Скопјанка на возраст од 46 години  била физички нападната од страна на нејзиниот 72-годишен сосед. – На 18.07.2023 во 13.00 часот А.Т.(46) пријавила дека на подрачјето на Гази Баба била физички нападната од страна на нејзиниот сосед Ч.П.(72), двајцата од Скопје, информира МВР. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Двокатен автобус попладнево се запали на булеварот „Киро Глигоров“


Двокатен автобус се запалил околу 15:30 часот на булеварот „Киро Глигоров“ во Скопје.  Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески за МИА информира дека е интервенирано со едно возило и пет пожарникари и дека пожарот е целосно изгаснат.  Претходно, пожар имаше и на депонијата кај Аква паркот кај салата „Борис Трајковски“ на …

Двокатен автобус попладнево се запали на булеварот „Киро Глигоров“ Read More »

Изгаснат е пожарот во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски”


Изгаснат е пожарот близу спортскиот центар „Борис Трајковски“, известува Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според нив, повеќе нема опасност од проширување и во моментот се догасува внатрешно, поради големата количина на ѓубре на дадената површина. Во гаснењето на пожарот учествувале 10 пожарникари со 5 возила. Исто така, биле вклучени и две цистерни од ЈП Комунална хигиена …

Изгаснат е пожарот во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски” Read More »

Четири и пол години затвор за второобвинетиот за несреќата во која лани загинаа сопружници на излезот од Штип


Второобвинетиот во тешката сообраќајна несреќа во која лани загинаа двајца сопружници доби затворска казна од четири и пол години. Несреќата се случи лани на регионалниот пат кој поминува низ штипската населба „Балканска“. Судијата кривичар во штипскиот Основен суд, Ацо Тасев денеска ја објави пресудата, со којашто второобвинетиот е огласен за виновен. Пресудата е донесена по …

Четири и пол години затвор за второобвинетиот за несреќата во која лани загинаа сопружници на излезот од Штип Read More »

Четворица повредени во сообраќајка – 13-годишник возел „бе-ем-ве“


Вчера во 16 часот во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат Челопек-Милетино, во тетовски Челопек, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки, „фолксваген голф“ управуван од 26-годишниот А.Т. од тетовско Милетино и „бмв“ што го управувал 13-годишен малолетник од Челопек, извести СВР Тетово. – Во несреќата, …

Четворица повредени во сообраќајка – 13-годишник возел „бе-ем-ве“ Read More »

Приведено лице од кичевско, превезувал огревни дрва без документација


На 18.07.2023 околу 13.00 часот на улица „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 60-годишниот В.П. од кичевско Тајмиште. Тој со товарно моторно возило „фап“ со охридски регистарски ознаки превезувал огревни дрва без потребните документи. В.П. е задржан за документирање на случајот, додека возилото …

Приведено лице од кичевско, превезувал огревни дрва без документација Read More »

Во Скопје синот ја претепал 47-годишната мајка


Вчера во полициска станица бил пријавен физички напад врз 47-годишна жена. – На 17.07.2023 во 01.14 часот во СВР Скопје, 47-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 00.00 часот во домот на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот син А.Н.(23), информира МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Автомобил во движење се преврте на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје


 Едно лице е повредено попладнево кога автомобилот со кој управувало се преврте на булеварот „Трета македонска бригада“ во Скопје, во близина на кулите Џевахир.  На местото на несреќата дојде возило на Итната медицинска помош и од возилото беше извлечено повреденото лице. Засега нема информации за природата на повредите и за причините за несреќата.