Три возила се судрија кај Тетово, меѓу повредените и дете


Три возила учествуваа во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Тетово-Брвеница. Несреќата, според информациите од МВР, е помеѓу „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.К.(56) од село Горна Речица, тетовско, со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(36) од село Желино, тетовско, како и паркирано патничко возило „мерцедес“ […]

Му го одзеле пасошот, тој се обидел да помине граница со лична карта


– Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против лице осомничено за разбојништво кое не ги почитувало мерките на претпазливост, информираше денеска ЈОРСМ.  Основното јавно обвинителство Куманово води постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. По предлог на јавниот обвинител, Основниот […]

Кавадарчанец лишен од слобода, ѝ се заканувал на сопругата


 Кавадарчанец бил лишен од слобода синоќа, пријавен бил дека се заканувал по живот на сопругата па бил агресивен кон полицаец. За ова информираа денеска од СВР Велес. – Синоќа во 20.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Кавадарци лишиле од слобода 39-годишен кавадарчанец, затоа што агресивно се однесувал и спречувал полициски службеник при извршување службени […]

Локализиран пожарот што избувна во зграда во Карпош 3


Изгаснат е пожарот што денеска избувна во стан во зградата на улица „Манапо“ во Карпош 3 во непосредна близина на супермаркетот на ВЕРО. Повредени нема, а полицијата допрва ќе ја утврди причината за избувнување на пожарот, изјави за МИА командирот на скопската Бригада за противпожарна заштита Звонко Томески. -Пожарот избувна во стан во делот на […]

МО: Оштетена спомен плоча на загинатите бранители кај „Карпалак“, случајот пријавен во МВР


Оштетена е спомен плочата на загинатите бранители кај месноста „Карпалак“, информираат вечерва од Министерството за одбрана, осудувајќи го ваквиот чекор. – Настанот е регистриран од страна на надлежните служби на Министерството, уште во утринските часови. Веднаш е пријавено во Министерството за внатрешни работи, за преземање соодветни мерки за идентификување на сторителите на овој немил чин. […]

Менаџер на казино за малку ќе убиел коцкар што му барал тикет на заем


Основното јавно обвинителство  Куманово денеска  донесе мерки за претпазливост и наредба за спроведување на истражна постапка против 32-годишниот менаџер на казино, кој вчера се обидел да лиши од живот друго лице. На 8 август, во дворното место на сопствената куќа, осомничениот се обидел да лиши од живот друго лице. Осомничениот, менаџер во казино, пред да […]

Сообраќајна несреќа во Грција – повредено четиричлено семејство од Македонија


Четиричлено семејство од Македонија е повредено во сообраќајна несреќа што рано утрово се случила на автопатот кон Солун при влез во Грција, откако, од засега непознати причини, автомобилот излетал од патот, а според локалните медиуми, сите патници биле пренесени во болница. Како што пишуваат медиумите од северна Грција, несреќата се случила околу 8.15 часот утрово, […]

Запален автомобилот на Драган Митковски, соработник на Данела Арсовска


Во населбата Ѓорче Петров, синоќа бил запален автомобилот на Драган Митковски, со прекар Драги книга, инаку близок соработник на градоначалничката Данела Арсовска. Митковски беше носител на листа на последните парламентарни избори од партијата Нова Алтернатива.Тој е и првиот претседател на Комората на сметководители во ССК формирана во 2009 година на негова иницијатива и воедно сопственик […]

Незаконски сечеле дрва, полицијата ги приведе


 МВР соопшти дека вчера, во 07 часот, во штипското село Селце, полициски службеници ги лишиле од слобода И.А.(43) и Е.А.(19), двајцата од Селце. Во акцијата биле вклучени и дронови, за кои пред неколку дена директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев најaви дека ќе вршат мониторирање на шумските појаси на територијата на целата држава. […]

Прилепчанец петпати потпалил пожар во селата Слатина и Грешница


Денеска Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Македонски Брод до Основното јавно обвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Д.Т.(57) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување шумски пожар“, казниво по член 227 став 5 од Кривичниот законик, извести МВР. „Пријавениот во повеќе наврати, на 15.07.2024, на 30.07.2024, 02.08.2024, на […]

Поднесена кривична пријава против кумановец за обид за убиство


СВР Куманово денеска до Основното јавно обвинителство Куманово поднел кривична пријава против ВЈ.(32) од Куманово, поради постоење основи на сомневање дека сторил кривично дело „обид за убиство“. Како што соопшти МВР, утрово во 03.30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода кумановецот В.Ј. -В.Ј. се сомничи дека околу 03 часот […]

Претепани двајца затвореници од „Идризово“


Групна тепачка вчера попладне се случила во затворот „Идризово“, меѓу затворениците.  Како што информираа од полицијата, вчера во СВР Скопје било пријавено дека околу 14.30 часот во Казнено – поправната установа Затвор Скопје, осудениците А.Ц.(23) и Ј.Ц.(25), двајцата од Скопје, биле физички нападнати од неколку други осуденици кои употребиле метални, дрвени и остри предмети. А.Ц. […]

Тешко повреден возач кој излетал од мостот кај Градскиот безан во Велес и паднал на шините на пругата


Во СВР Велес синоќа во 22.45 часот било пријавено дека на ул.„Вардарска“, односно на мостот кај Градскиот базен патничко возило „хјундаи гец“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Ќ.(53) од Велес, излетало надвор од коловозот, односно паднало на шините од пругата. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот К.Ќ., констатирани во Општа болница […]

Почина четиримесечно бебе во Струшко, причините ќе се утврдуваат


Четиримесечно бебе од струшко без знаци на живот синоќа од родителите било донесено во Општата болница во Струга, соопшти денеска СВР Охрид. Портпаролот Стефан Димоски информира дека во ОВР Струга вчера во 22 часот и 43 минути било пријавено дека детето починато е однесено на Детското одделение. – На Детското одделение во Општата болница во […]

Началници и полицајци затекнале возач кој летал со 272 километри на час и не го казниле – сега ќе одговараат


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди достави известување до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција против четворица полициски службеници кои не презеле мерки согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата против возач кој се движел со брзина од 272 километри на час, туку учесникот во сообраќајот бил […]

Произвел 2 милиони фалсификувани монети од 2 евра: Европол за приведениот ресенчанец, вработен во МВР


Вработен во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР, вчера беше уапсен поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело – „фалсификување пари“. Станува збор за 34 годишен ресенчанец (Ш.Д.), кој беше уапсен во заедничка акција на Полициски службеници од ОСОСК при македонското Министерство за внатрешни работи и косовската полиција, како дел […]

Во сообраќајка во Виничко загина 18-годишно момче


Трагична сообраќајка изминатата ноќ се случила во виничко. Загина 18-годишник.  Денеска (06.08.2024) во 02.37 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека на локалниот пат село Јакимово – село Истибања, виничко, патничко возило „фолксваген голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.Н.(18) од село Истибања, излетало надвор од патот. Од здобиените повреди на местото на […]

Приведено лице од прилепско село за предизвикување пожар


Поради сомнение дека предизвикал пожар, полициски службеници од ОВР – Прилеп и од Полициската станица за граничен надзор – Старавина при Регионалниот центар за гранични работи Југ, вчера го лишиле од слобода Г.К., на возраст од 54 години од селото Штавица. – Околу девет часот, тој запалил сува трева во дворното место од неговата куќа, […]

Со мотор ги испрскал со вода на улица, се извинил, па пукал во едниот


Прскање со насобрана вода од улица заврши со обид за убиство, полицијата трага по пукачот од Чаир Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 25-годишник за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело – Убиство според член 123 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. […]

Земјоделец повреден во рака од заталкано зрно од ловџиска пушка додека работел во нива


А.М.(33) од штипското село Чардаклија вчера околу 08.15 часот бил повреден во пределот на раката од заталкано зрно од ловџиска пушка додека работел во нива на местото викано „Брестика“, атар на село Долни Балван, општина Карбинци.  Како што информира МВР настанот бил пријавен вчера во 09.45 часот во СВР Штип, а А.М. бил пренесен во […]