Кавадарчанка се обидела да ја убие мајка си
ОВР Кавадарци до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против В.Ѓ.М.(32) од Кавадарци поради постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело обид за убиство при семејно насилство, казниво по член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Утрово,, околу 3.15 часот во семејниот дом во Кавадарци, В.Ѓ.М. со тврд предмет ја нападнала нејзината 60 – годишна мајка и ѝ нанела тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Кавадарци.
В.Ѓ.М. била лишена од слобода и по документирање на случајот поднесена е кривичната пријава.