Уапсен бегалец од „Идризово“, треба да одлежи над четири години затвор


Денеска во Скопје бил уапсен 30-годишниот С.Б. поради бегство од затвор „Идризово“ кој бил баран со централна потерница.

Од МВР известуваат дека С.Б. е осуден на казна затвор од седум години и шест месеци поради сторено кривично дело по член 215 ст. 1 од КЗ, а за доиздржување има четири години, три месеци и 12 дена.

„Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа“ се вели во билтенот на МВР