Еден загинат и двајца повредени откако возило излета од пат во Кочанско


Едно лице загина, а две се повредени откако возило „сузуки“ во кое се превезувале излетало од патот Лески – Зрновци, кај Кочани, соопшти МВР. -На 16.08.2024 околу 17.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Лески – с.Зрновци, Кочанско, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(62) од с.Виничка […]

Две скопјанки измамени над 14 илјади евра, им кажале дека ќерките им направиле сообраќајки


На 14.08.2024 во 15.20 часот во СВР Скопје, 86 – годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 10.000 евра. Според пријавеното, лицето ја контактирало телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзината ќерка предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици и дека е потребно да плати […]

За еден ден натепани четворица малолетници во Скопје, дел од напаѓачите се деца


Четири случаи на насилство врз малолетници во Скопје се регистрирани во полицискиот дневен билтен.   Вчера во 12.10 часот во Полициската станица Аеродром, М.Д.(51) од Скопје пријавила дека околу 00.10 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници. За настанот бил известен јавен обвинител за малолетници и се […]

Поднесено обвинение за три лица за намерното предизвикување пожар кај Патишка Река


По спроведена претходна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе Обвинителен предлог против три лица, татко и неговите два сина, кои се товарат дека заедно сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“. За сите тројца е доставен и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор, информира денеска […]

Куќен притвор за полицаецот осомничен за обљуба


Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди […]

Сообраќајка помеѓу камион, „бмв“ и велосипед, тројца повредени


Вчера околу 12.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Иван Хаџиниколов“ и ул.„Славка Динкова“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(35) од Скопје, товарно возило „„ман“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(31) од с.Цветово, скопско и велосипед управуван од М.С.(62) од Скопје. […]

Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани избегал од куќен притвор


Поранешниот припадник на ОВК, Блерим Рамадани од Косово, кој минатиот месец беше уапсен на косовско-македонската граница врз основа на потерница од Интерпол издадена на барање од Србија, избегал од куќен притвор од домот на роднини во земјава. -Од страна на надлежен судски орган доставена е документација до МВР за распишување на централна потерница за лицето […]

Кривична пријава против полицаец во Скопје за „обљуба со злоупотреба на положбата“


Полицаец во Скопје е осомничен за „обљуба со злоупотреба на положбата“, информираат попладнево од Министерството за внатрешни работи. – На 31 јули, околу 22.30 часот на булеварот „Крсте Мисирков“ во Скопје, пријавениот вршел сообраќајна контрола и ја злоупотребил својата положба на тој начин, што откако оштетената го запрела возилото на негов знак, ја отворил вратата […]

Четири возила се судрија на експресниот пат Штип – Радовиш


Четири возила, од кои три патнички и едно товарно, попладнево се судрија на експресниот пат Штип – Радовиш. Од СВР – Штип ја потврдија сообраќајната несреќа без да соопштуваат подетални информации, со оглед што на лице место сè уште трае увидот и утврдувањето на околностите поради кои дошло до судирот. Според првичните сознанија во сообраќајката […]

Возач на автобус на ЈСП осомничен за предизвикување тешка сообраќајна несреќа


За предизвикување на вчерашната сообраќајна несреќа во која загина 17-годишно момче, осомничен е возачот на автобусот на ЈСП-Скопје, 51-годишен скопјанец, против кого Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка постапувајќи по кривична пријава. Како што информира државното Јавно обвинителство, „постои основано сомнение дека возачот сторил кривично дело – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот […]

Починато момче пронајдено во влез на зграда во Центар


 Починато момче синоќа било пронајдено во влез на станбена зграда на подрачјето на Центар. Како што се наведува во денешниот МВР билтен, случајот синоќа во 22:25 часот бил пријавен во СВР Скопје. Според пријавата, починатиот е И.С.(22) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на […]

Царината спречи меѓународен ланец на нелегална трговија со анаболични супстанци


Легалните аеродроми во моментов се таргет за криминалците. Целта им е допинг супстанциите да стигнат на таргетираниот аеродром и потоа да ги дистрибуираат на разни пазари, рече денеска директорот на Царинска управа, Бобан Николовски откако соопшти дека се запленети 192 килограма анаболични стероиди вредни 5,5 милиони денари. Царинската управа, како што напомена Николовски, спречи меѓународен […]

Тешка сообраќајка кај Блаце: Во судар на автобус на ЈСП со два автомобила загина 17-годишно момче


Автобус на ЈСП Скопје со број 81 се судрил со автомобил вчера кај Блаце. Според информациите на ТВ21 од терен, починал возачот на автомобилот на самото место, а совозачот бил пренесен во болница. Фото/видео: ТВ 21 Како што соопшти МВР, вчера околу 09.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница на патот Шуто […]

Затвореник од Идризово проголтал цело пакување со дрога


Вчера околу 20.00 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека осуденикот М.С.(40) од Битола проголтал пакување со прашкаста материја, соопшти МВР. Тој бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – Скопје за укажување помош. „Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Јавното обвинителство поднесе обвинение против Палчо за убиството на Вања и Панче


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против Љупчо Палевски Палчо. Во обинението стои дека тој се товари за убиства и две кривилни дела – грабнувања.  „Во исто време, надлежниот обвинител поднесе и предлог за спроведување единствена постапка против овој обвинет и уште четири лица кои […]

Приведено лице за изнуда, се заканувал за непостоечки долг


Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – СОНК во содејство со Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција вчера од слобода го лишиле Д.М.(39) од Скопје поради основано сомнение дека извршил кривично дело по член 258 од Кривичниот законик – “изнуда”. Како што се наведува во соопштението од МВР, на 08.08.2024 година, од […]

Повеќе инциденти синоќа во Тиквешко


 Физички напади и нарушување на јавен ред и мир се дел од инцидентите во Тиквешијата кои биле пријавени синоќа и рано утринава, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи – Велес. Во полициската станица во Кавадарци, вчера во 20:20 часот било пријавено дека на излез од градот, кај „Полигон 15 Јануари“, бил нарушен јавниот ред […]

Притвор за татко и два сина осомничени за намерно предизвикување пожар кај Патишка Река


Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поведе постапка против три лица – татко и неговите два сина, за кои постои сомнение дека заедно сториле кривично дело „предизвикување општа опасност“ од член 288 став 1 од Кривичниот законик, а Основниот кривичен суд Скопје на тројцата осомничени им определи мерка притвор во траење од по […]

Загина 23-годишен кичевец, се судриле и со четири паркирани возила


На 09.08.2024 година во 23,12 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево се случила сообраќајне несреќа помеѓу патничко возило марка „БМВ“ со странски регистарски ознаки, управувано од М.К.(23) од Кичево со патничко возило „Ауди“ управувано од Ѓ.И.(40) од Кичево, како и со четири паркирани возила: „БМВ“, „Ауди“, „Фолксваген […]

Три возила се судрија кај Тетово, меѓу повредените и дете


Три возила учествуваа во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Тетово-Брвеница. Несреќата, според информациите од МВР, е помеѓу „фолксваген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, управуван од А.К.(56) од село Горна Речица, тетовско, со патничко возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.З.(36) од село Желино, тетовско, како и паркирано патничко возило „мерцедес“ […]