Цената на нафтата се намали под 91 долар за барел


Цените на нафтата денеска паднаа под 91 долар на меѓународните пазари во пресрет на индиректните американско-ирански разговори, кои би можеле да го оживеат нуклеарниот договор и да го отворат патот за поголем извоз на иранска нафта. На лондонскиот пазар цената на барелот потона за 1,76 долари во однос на претходното затворање, на 90,93 долари. На […]

Синдикат на УПОЗ: Да има усогласување на платите со минималната плата


 За поздравување е одлуката за покачувањето на минималната плата, но мора да има и усогласување на сите плати. Во спротивно, некој ќе добие покачување, друго ништо, велат од синдикатот на УПОЗ каде е најизразена ситуацијата. На денешната прес-конференција во прилепската локална самоуправа, претседателот на синдикатот на УПОЗ на Македонија Трпе Деановски, рече дека прилепската локална […]

Кина со еден потег ја крена цената на челикот на 150 долари за тон


Цената на железната руда го надмина нивото од 150 долари за тон, бидејќи Кина го помести рокот за домашната гигантска индустрија за челик да почне да ги намалува емисиите на јаглерод за пет години, давајќи му приоритет на економскиот раст. Емисиите на јаглерод од огромниот и високо загадувачки сектор на челик во Кина се очекува […]

Преспанските јаболкопроизводители бараат субвенциите да продолжат до 30 јуни годинава


Продолжување на интервентната мерка за субвенционирање од три денари по килограм за продадено индустриско јаболко до 30 јуни годинава, е едно од клучните барања на преспанските јаболкопроизводители, што ќе го изнесат на средбата со министерот за земјоделство шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. Мерката за субвенции за индустриското јаболко траеше до 16 декември минатата година, по […]

Се зголемува кофинансирањето за „зелена нафта“


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски соопшти дека годинава ќе се зголеми кофинансирањето на трошоците за „зелена нафта“. Како што рече Николовски на прес-конференција, ваквата одлука е донесена по согледувањето дека трошоците за нафта кај сите земјоделски култури е зголемена за 13 отсто. Ако лани трошоците за нафта за пченицата биле субвенционирани со […]

Бислимоски: РКЕ беше и ќе продолжи да биде иницијатор на решенија во енергетскиот сектор


Во текот на следната недела ќе објавиме предлог како да им се помогне на компаниите кои се на слободен пазар, а имаат потешкотии во набавка на електрична енергија, најави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски на денешната седница на собраниската Комисија за економски прашања на која втор ден се […]

„Брако“ во 2022 – План за нови вработувања и проектиран раст од 35 отсто


По успешната 2021 година кога компанијата забележа раст од над 50 отсто во споредба со претходната година, се вработија повеќе од 150 нови лица, „Брако“ и во 2022 година најавува интензивен раст на приходите и зголемување на бројот на вработени. Извршниот директор на  „Брако“, проф. д-р Кочо Анѓушев вели, очекувањата за 2022 година за фабриката […]

ССМ: Предлогот за минимална плата го темелевме на стручни анализи


Сојузот на синдикати на Македонија денеска преку писмено соопштение изрази задоволство од постигнатиот договор за минималната плата со кој минималната плата од март се зголемува на 18.000 денари. Од Синдикатот се надеваат дека ова ќе придонесе и за скалесто зголемување на сите останати плати. – Сојузот на синдикатите на Македонија го темелеше својот предлог на стручни […]

Трговскиот дефицит лани достигна 2,7 милијарди евра, покриеноста на увозот со извоз била 71,8 отсто


Во 2021 година од земјава вкупно се извезени стоки во вредност од 426,638 милијарди денари или 6,923 милијарди евра што е за 19,7 отсто повеќе отколку во 2020 година. Вредноста на увезената стока, пак, е 594,02 милијарди денари или 9,938 милијарди евра, односно за 26,8 отсто повеќе отколку во претходната година. Според податоците на Државниот […]

Анализа: Земјава ја губи битката за странски инвестиции со земјите од регионот


Ограничен потенцијал за трговска размена, нееднаква распределба на придобивките и загубите по ЕУ интеграцијата и неусогласеност во градењето стратегии за привлекување странски директни инвестиции, се само некои од ризиците на Иницијативата за заеднички регионален пазар (ЗРП). Ова го покажува најновата анализа на Finance Think, за предизвиците на ЗРП Иницијативата од перспектива на Северна Македонија, што […]

Оризопроизводителите го блокираа магистралниот пат А3, бараат средба со министерот за земјоделство


Производителите на ориз од кочанскиот регион денеска со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат А3 во селото Облешево, изразувајќи незадоволство од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз, како и од драстично зголемените трошоци за ѓубрива, заштитни препарати и други давачки. На протестот нагласија дека веќе трет пат за половина […]

АЦЕР: Северна Македонија 100 процентно зависна од рускиот гас


Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Молдавија се најзависни од рускиот гас меѓу сите европски земји, покажуваат податоците од Агенцијата за соработка на енергетските регулатори на Европската унија (АЦЕР). Земјава, според податоците на АЦЕР објавени минатата недела, е 100 процентно зависна од рускиот гас. Од земјите во регионот зависноста на Србија од рускиот гас е […]

До 2026 година минималната плата ќе биде 22.000 денари, вели Битиќи


Имаме проекции до 2026 како ќе се движи минималната плата. Сепак, тоа се проекции кои се поставуваат на ниво на различни макроекономски фактори. До 2026 година, минималната плата ќе биде 22.000 денари само со усогласување, без никакво интервенирање, изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој во емисијата „Утрински брифинг“ го поздрави вчера постигнатиот […]

Не се одржаа закажаните седници на Комисијата за финансирање и буџет


Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска не ги одржа трите закажани седници затоа што оправдано беа отсутни дел од пратениците кои се членови на оваа комисија. Претседавачот на Комисијата Бојан Стојаноски појасни дека Комисијата се уште нема назначено претседател откако доскорешниот претседател Тимчо Муцунски стана градоначалник и дека сега седниците на Комисијата ги свикува […]

„Макпетрол“ во февруари ќе испорачува гас по намалени цени


„Макпетрол“ во февруари ќе ги намали цените на метанот (КПГ – компримиран природен гас) и на природниот гас како резултат на одличниот договор што компанијата го постигна со „Гаспром“, информираат од компанијата. Споредено со јануари, како што велат, малопродажната цена на метанот е пониска за 12,74 отсто, односно 14 денари за килограм и сега изнесува […]

Шест македонски винарии на „Продекспо 2022“ во Москва


Шест винарии од земјава учествуваат на националниот штанд на Република Северна Македонија на Меѓународниот саем за храна, пијалаци и суровини за прехранбената индустрија „Продекспо 2022“ во Москва. Најголемата саемска манифестација од овој вид во Руската Федерација и во Југоисточна Европа e отворена во изложбено – саемскиот „Експо-центар“ и ќе трае до 11 февруари. Настапот на […]

Месец на специјални настани и шопинг попусти во Ист Гејт Мол


Секоја година, во првиот месец најчесто одмораме од “новогодишната еуфорија”, уживајќи во зимската атмосфера и комфорот, но вториот, најкраток месец од годината, е сѐ повеќе популарен за потсетување и посветување на грижа кон себеси, исто колку и кон саканите.  Месец февруари е очигледно месец на специјални нешта, а февруарското искуство во Ист Гејт Мол се очекува да биде […]

Чесите масовно купуваат во полските продавници: „Ова е шопинг лудило“


Граѓаните на Чешка масовно се упатија кон полските продавници откако полската влада привремено го укина ДДВ за голем број основни намирници. Чешките весници го нарекоа „шопинг лудило“, а некои „упадот“ го опишаа како мала „миграција на луѓе“. Во Полска, од 1 февруари, некои основни прехранбени производи, како лебот, месото и млечните производи се ослободени од […]

(Видео): Изјави за минималната плата


Проследете ги изјавите за договорот за минимална плата потигнат на денешните разговори меѓу социјалните партнери во рамки на Економско-социјалниот совет.

Ковачевски: Постигнат е договор за минимална плата од 18 илјади денари


Премиерот Димитар Ковачевски вечерва соопшти дека е постигнат договор за минимална плата од 18.000 денари. Со мерката се опфатени околу 80 илјади вработени. Соодносот меѓу минималната плата и просечната плата не треба да биде помал од 57 отсто. Постигнавме договор и со Сојузот на синдикати и со работодавачите со кој 80 илјади граѓани ќе се […]