ССК: Новиот Закон за електричен отпад наметнува нереално зголемени давачки за претпријатијата


Спречување или намалување на негативните влијанија од создавањето и постапувањето со отпадната електрична и електронска опрема е прашање кои треба да биде соодветно регулирано што може да се постигне со измена и дополнување на Законот за управување со електрична и електронска опрема и отпадна електрична и електронска опрема, посочуваат од Сојузот на стопански комори. Од […]

Кои документи ви се потребни за финансиска помош за струја?


Согласно јавниот повик од 600 до 800 денари пониски сметки за струја ќе добијат над 7.500 домаќинства со ниски приходи во период од 12 меесеци. За оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари. На страницата на Министерството за економија објавен е јавниот оглас за финансиска поддршка за лицата со ниски примања за плаќање на сметките […]

Блидарус: Северна Македонија има најголем и најбрз потенцијал за регионален раст во ИТ секторот


 Северна Македонија има најголем и најбрз потенцијал за раст во регионот. Со двоцифрен годишен раст на ИТ секторот (15 проценти) и голем број таленти во компјутерските науки, Скопје е најразумниот избор за отворање на наш Центар, вели Адриан Блидарус, сопственик на технолошката компанија специјализирана за дизајнирање и испорака на комплексни решенија и интегрирани платформи водени […]

Владата обезбеди дополнителни 670 милиони денари за надминување на енергетската криза


Владата на вчерашната 132-ра седница, согласно Законот за извршување на Буџетот за 2022 година, донесе Програма за зелен развој со која се утврдени дополнителни 670 милиони денари за реализација на проекти од областа на енергетиката, со цел надминување на состојбата со енергетската криза. Како што соопшти владината Прес-служба, овие дополнителни средства ќе бидат наменети за […]

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“


Министерот за економија Крешник Бектеши на денешната прес-конференција информираше дека утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на туристичката агенција „Беса транс“, со чиј автобус се случи сообраќајната несреќа во која животот го загубија 46 лица. Бектеши соопшти дека денеска во Министерството за економија пристигнал извештајот од Инспекторатот за труд што се однесува на […]

Пазарот на половни автомобили „полуде“, цените повисоки од кога било


Без разлика дали станува збор за авто-плац или за интернет, во Германија обично има голем избор на користени автомобили. Од вкупниот број продадени автомобили во Германија, повеќето се користени, но во меѓувреме има премалку возила на страна на понудата. „Во моментов имаме помалку користени автомобили отколку клиенти. Половните автомобили станаа ретка стока “, вели Томас […]

САД во 2022 година ќе станат најголемиот извозник на течен природен гас во светот 


САД во 2022 година ќе станат најголемиот извозник на течен природен гас во светот надминувајќи ги Австралија и Катар, соопшти денеска рејтинг агенцијата „Фич“. Оваа проценка се должи на зголемените испораки на американски ТПГ во Кина, што растат со брзо темпо, а се очекува голема побарувачка и во други азиски земји.   Во меѓувреме, американскиот […]

„Ер Франс“ на патниците им наплаќа дополнително за еколошко гориво


  Францускиот авио-превозник „Ер Франс3 почна на парниците да им наплаќа премија за одржливо авио-гориво. Истовремено, ќе им овозможи на патниците дополнителни доброволни прилози за намалување на јаглеродниот отисок. Според новиот закон, најмалку еден отсто од одржливо гориво мора да се користи за полнење на авио-горивата во Франција од 1 јануари, пренесе Т-портал. За покритие […]

Објавен јавниот оглас за финансиска поддршка за сметките за струја


Министерството за економија  го објави јавниот повик за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за лица со ниски примања за 2022 година, објави министерот за економија Крешник Бектеши. За оваа мерка обезбедени се 60 милиони денари. Со цел да се обезбеди заштита на ранливи потрошувачи на енергија, согласно Програмата за заштита на ранливи потрошувачи на енергија […]

„Мајкрософт“, „Блекрок“ и Банката на Америка ги здружија силите


Breakwater Energy Catalyst (BEC), јавно-приватен фонд поддржан од „Мајкрософт“ на Бил Гејтс, планира да инвестира 15 милијарди долари во чисти технологии. БЕЦ, фонд кој е дел од пошироката Групација за енергетика, основана од Гејтс во 2015 година, досега има собрано повеќе од милијарда и пол долари од бизниси и добротворни организации. Но, Џона Голдман, директор […]

Kој ќе доминира на пазарот на вакцини во 2022 година


Модерна и Фајзер, како и нејзиниот германски партнер BioNTech, ќе доминираат на пазарот на вакцини во 2022 година со кумулативна продажба од повеќе од 90 милијарди долари, предвидува британската аналитичка компанија Airfinity. Како што се наведува, нивните конкуренти – шведско-британската AstraZeneca, американската Џонсон и Џонсон и рускиот национален истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Н.Ф. […]

Синдикатите во „Железници Транспорт“ бараат новата влада да го реши проблемот со 80-те работници


Синдикалните организации при „Железници Транспорт“ бараат веднаш по формирањето на новата влада да се реши проблемот со 80-те работници на кои не им е продолжен договорот за работа. Бараат Министерството за финансии да одговори позитивно на барањето за вработување на овие 80 лица и средба со новиот премиер и со министерот за транспорт и врски […]

„Фајнанс тинк“: Што вети, а што оствари Владата на економски план


Пет ветувања од Програмата на Владата 2020-2024 се исполнети, четири се во насока на исполнување, а 12 ветувања се во спротивна насока од ветената, покажува најновиот извештај „Големи економски ветувања, големи потфрлања“ направена од страна на „Finance Think“. – Политичките ветувања од економско-социјалниот домен преточени во Програмата за работа на Владата 2020-2024 година се остваруваат […]

И Панасоник воведува четиридневна работна недела


Електронскиот конгломерат Панасоник е најновата голема јапонска компанија која воведува четиридневна работна недела за заинтересираните вработени, јавија јапонски медиуми. – Мораме да ја поддржиме благосостојбата на нашите вработени, нагласи извршниот директор на Панасоник, Јуки Кусуми на брифинг со инвеститори. Во обид да се подобри рамнотежата меѓу работата и животот во земјата, јапонската Влада минатиот јуни препорача компаниите да […]

Црна Гора забрани увоз на свињи од Северна Македонија и делови на Србија


Црногорското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство објави список на земји од кои е забранет увоз и транзит на пратки на живи домашни и диви свињи, нивно месо и производи, со цел да се спречи свинската чума, јави дописникот на МИА од Белград. Како што се наведува во владината одлука за увоз и транзит, забранет […]

„Гаспром“ не планира да ѝ продава плин на Европа преку ЕТП платформата за електронско тргување


Руската компанија „Гаспром експорт“ не планира да продолжи да продава гас во Европа на својата платформа за е-трговија ЕТП и нема закажано трговски сесии за оваа недела, се гледа од трговскиот календар објавен на веб-страницата на компанијата. Последните тргувања на „Гаспром“ на ЕТП се случија пред повеќе од два месеци, а последната трансакција беше склучена […]

Откупот на тутунот се одвива непречено, производителите реагираат за цената


Откупот на тутунот се одвива непречено и без застој, потврдуваат од Тутунскиот комбинат – Прилеп. Според директорот Кире Станкоски, досега се откупени половина од договорените количества по просечна цена од 197 денари за килограм. Дел од производителите реагираат дека откупната цена е ниска, а шест градоначалници и четворица пратеници од Пелагонискиот регион минатата недела најавија […]

„Фолксваген“ го прекинува производството на „Пасат“ за европскиот пазар


„Фолксваген“ официјално му стави крај на производството на седанот „Пасат“. Германската компанија одлучи повеќе да не го произведува ова возило со четири врати во Европа, а меѓу причините за таа одлука е подобрата продажба на караван-верзијата и производството на слично позиционираниот „Артеон“. Информациите за „пензионирањето“ на „Пасат“ во Европа кружат од 2020 година, и неговиот […]

Штетата од природните катастрофи низ светот лани изнесувала 120 милијарди долари


Минатата 2021 година се покажа како една од најскапите години во историјата на осигурувањето, пред се, поради ураганите и зимските бури во САД, соопшти реосигурителната компанија „Munich Re“, предупредувајќи дека климатските промени ги зголемуваат шансите за екстремни временски настани. Осигурената штета од природни катастрофи минатата година изнесуваше околу 120 милијарди долари, а поголема беше само […]