„Зелен навигатор“ ќе обезбеди фонд за зелени проекти на Западен Балкан


 Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија, Трајан Ангелоски и потпретседателот проф. д-р Орце Симов остварија посета на Покраинската влада на Војводина, каде беа дел од настан на високо ниво за претставување на асоцијација „Зелен навигатор на Западен Балкан“.  Ангелоски е член на Управниот одбор на „Зелен навигатор“ кој е воспоставен како единствена иницијатива […]

Самит на Македонија2025 во Скопје


Невладината „Македонија2025“ денеска и утре во Скопје ќе го одржи 11-тиот Самит на кој ќе се обратат околу 40 говорници меѓу кои и премиерот Димитар Ковачевски и неговата српска колешка Ана Брнабиќ кои ќе учествуваат на панелот „Градење на просперитетна иднина: Улогата на регионалната соработка“. Според организаторот, фокусот на Самитот ќе биде кон се она […]

Владата ги усвои четирите нови јавни огласи за 4.294 хекатри државно земјоделско земјиште


Нови четири јавни огласи за дополнителни 4 294 хекатри државно земјоделско земјиште, до три хектари, во сите 31 регион во државата, поминаа денеска на владина седница. Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, земјиштето е за сите намени – долгогодишни насади (лозја, овоштарници), оранжерии, маслинарнции, пчелни семејства,…. Николовски најави и дека […]

Николовски: Дополнителни три денари за откупот на јаболка и ориз


Владата на денешната седница одлучи со дополнителни три денари да го помогне откупот на јаболка и ориз. Како што соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, со овие средства ќе се излезе во пресрет за да се надминат проблемите при откупот. -На денешната седница се донесоа и мерки кои треба да помогнат во пробпемите […]

Николовски: 2,8 милиони евра грант поддршка од KfW за добри практики во земјоделството


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска одржа состанок со претставници на КfW, а во фокусот на разговорите, како што соопшти преку својот фејсбук профил, биле идните заеднички потфати и завршувањето на активностите на проектот за наводнување на јужната долина на реката Вардар од втора фаза. -На состанокот со нашите стратешки партнери и […]

Битиќи: Создаваме добри економски политики што може да ни помогнат во градењето атрактивна деловна средина


Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи денеска се обрати на конференцијата за Југоисточна Европа на тема „Човечки капитал, миграција и како да ја обликуваме иднината заедно“, што се одржува во Париз, во организација на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Заедно со вицепремиерот Битиќи на […]

Инфлацијата во Бугарија стигна до 14,4 отсто


Месечната инфлација во Бугарија во април била 2,5 отсто, а годишната е 14,4 проценти, соопшти Националниот статистички институт. За време на викендот, министерот за финансии Асен Василев предвиде дека инфлацијата ќе се смири, а нејзините највисоки вредности во Бугарија веќе се поминати. Тој извести дека тоа најсилно го чувствуваат крајните корисници преку цените на храната […]

„Џонсон Мети“ се вклучи во одбележувањето на платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора


Британската амбасадорка во Северна Македонија Рејчел Галовеј и директорот на „Џонсон Мети“ во земјава Боријан Борозанов присуствуваа на засадување дрво пред зградата на компанијата во Скопје. „Џонсон Мети“ со оваа акција учествува во иницијативата за засадување 70 дрвја на национално ниво по повод платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета Втора. Според Борозанов, ова ја нагласува посветеноста […]

Се одржа DevCon 2022: Вмрежување и споделување на знаење од ИТ заедницата за ИТ заедницата  


Викендов во Скопје се одржа ИТ конференцијата DevCon 2022 под мотото “од ИТ заедницата за ИТ заедницата” на која присуствуваа повеќе од 150 професионалци од различни области во развојот на веб и мобилните технологии. „После 2 години пауза поради пандемијата, среќни сме што успеавме повторно да го вратиме DevCon со настан во живо и освен одличните предавања што […]

Saudi Aramco го престигна Apple – која е највредна компанија во светот?


Нафтениот гигант Saudi Aramco го престигна Apple и повторно стана највредна компанија на светот, благодарение на растот на акциите поттикнат од високите цени на нафтата. Aramco сега вреди 2.430 милијарди долари, во однос на пазарната капитализација од 2.370 милијарди долари на Apple.   Титулата „највредна светска компанија“, Aramco ја стекна после историската иницијална јавна понуда во 2019 година, […]

Крај на една романса – „Мекдоналдс“ целосно ја напушта Русија


  Повеќе од три децении откако стана првиот американски ресторан за брза храна отворен во Советскиот Сојуз, „Мекдоналдс“ во понеделникот објави дека започнал процес на продажба на својот бизнис во Русија, уште еден симбол на зголемената изолација на земјата поради војната во Украина. Компанијата, која има 850 ресторани во Русија кои вработуваат 62.000 луѓе, укажа […]

До РКЕ пристигнаа првите барања од енергетските компании за цената на електричната енергија


До Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) пристигнаа првите барања од енергетсктие компании за цената на електричната енергија што треба да важи после 1 јули на регулираниот пазар. Досега барање до РКЕ имаат доставено Електродистрибуција за дистрибуција на електрична енергија, МЕМО за вршење на дејност организирање и управување со пазарот на електрична енергија […]

За домаќинствата ќе се воведуваат блок тарифи во зависност од потрошувачката на електрична енергија


Во фаза на завршна подготовка е најголемата измена на тарифниот систем за електрична енергија од осамостојувањето до денеска и сигурно е дека ќе се воведат блок тарифи. Во моментов ги правиме последните анализи со Електротехничкиот и Машинскиот факултет – дали да има три или четири блок тарифи, но сигурно е дека блок тарифите нема да […]

„Рајанер“ предупредува на зголемени цени и веројатно доцнења на летовите во текот на летото


Извршниот директор на нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, Мајкл О’Лири предупреди дека цените на летовите ќе се зголемат ова лето поради големата побарувачка, а поминувањето низ аеродромите ќе стане „предизвик“ за патниците. Туристите треба да се подготват за пораст на цените за „висок едноцифрен процент“ за време на шпицот на сезоната, бидејќи побарувачката за одмор во европските […]

Над 186 тони отпад собрани во ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2022


Рекордни 186 тони отпад собраа учесниците во досега најголемата акција за чистење во земјата – „Генералка викенд 2022“, организирана од Мен енд Маунтен заедно со Пивара Скопје и Пакомак поддржани од Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Еко-акцијата се спроведе од 6-ти до 8-ти мај во 26 […]

Ангеловска-Бежоска:Каматните стапки ќе одат нагоре


Очекувањата се дека каматните стапки ќе одат нагоре, но се прават обиди тоа да биде умерено и да не се одрази значително кај населението и корпоративниот сектор, изјави денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска. Одговарајќи на новинарски прашања по објавувањето на пролетните макроекономски проекции, гувернерката рече дека затегнувањето на монетарната политика се прави внимателно […]

НБ: Забавување на економијата со раст на БДП од 2,9 проценти


Забавување на економијата со раст на БДП од 2,9 проценти предвидува Народната банка (НБ) во најновите пролетни проекции што е надолна корекција за еден процентен поен во однос на октомвриските проекции за 2022 година. Инфлацијата се предвидува да биде 8,8 проценти во просек со очекување за постепена стабилизација до крајот на годината. Гувернерката Анита Ангеловска […]

Со ембарго на ЕУ или не – Германија ќе престане да увезува руска нафта до крајот на годинава


  Германија планира да го прекине увозот на руска нафта до крајот на 2022 година, дури и ако ЕУ не успее да се договори за ембарго на нафта. За ова пишува Блумберг, повикувајќи се на извори во германската влада. Според нив, процесот на затворање зделки со алтернативни добавувачи оди добро, а Берлин очекува да ги […]

Во погоните на „Рено“ во Русија сега ќе се произведува „москвич“


  Руските средства на француската групација „Рено“ преминуваат во државна сопственост, соопшти Министерството за индустрија и трговија на Руската Федерација. Така, 67,69 отсто од акциите на концернот „АвтоВАЗ“, во сопственост на групацијата Рено, ќе бидат префрлени на Научно-истражувачкиот автомобилски и автомобилски институт (НАМИ), а 100 отсто од акциите на „Рено Русија“ ќе ѝ припаднат на […]