Германија за прв пат официјално најави можна гасна криза: „Секој киловат час е важен“


Германија ја најави првата фаза на подготвеност за можна криза со снабдувањето со гас, повикувајќи ги граѓаните и компаниите да ја намалат потрошувачката бидејќи Русија сигнализираше прекин на испораките доколку гасот не се плаќа во рубли. „Снабдувањето е сè уште безбедно, во моментов нема доцнења, но треба да ги засилиме нашите мерки на претпазливост за […]

Макроекономската стабилност е зачувана, потребни се мерки за зголемување на продуктивноста


Макроекономската стабилност во земјава е зачувана и покрај последните случувања во Украина, кои значително го менуваат глобалниот економски контекст. Денарот е стабилен и ќе остане и понатаму стабилен, за што гарантира богатиот монетарен инструментариум на Народната банка, а пред се високото ниво на девизни резерви. Ова беше истакнато на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, […]

Рубљата се врати на нивоата пред инвазијата


  На отворањето на тргувањето на Московската берза еврото падна за 3,4 рубљи на 90,73 рубљи. Последен пат еврото вредеше помалку од 91 рубља на 23 февруари, ден пред почетокот на руската инвазија на Украина. Подоцна, за време на аукцијата, курсот на еврото се врати на нивото од затворањето во претходниот ден и почна да […]

ЕК предлага Украина да извезува храна преку Балтичко Море


Европската комисија (ЕК) предложи создавање специјални трговски коридори меѓу Полска и Украина, во обид да се намали влијанието на оружениот конфликт врз синџирот на снабдување со земјоделски производи. Шпанскиот весник „АБЦ“ пренесува изјава на еврокомесарот за земјоделство, Јануш Војчеховски, кој вели дека „ЕК е подготвена да организира такви зелени коридори за да може Украина да […]

Настан „Хероини во туризмот“ за поттикнување и охрабрување жените да се бават со туризам


Претставување на пошироката слика и можности кои ги нуди туризмот како една алка во економијата преку која директно и индиректно се охрабруваат жените претприемачи со нивните семејства да се приклучат во туристичката понуда на нашата земја е целта на настанот „Хероини во туризмот“, што денеска ќе се одржи во Скопје во организација на истоимената асоцијација. […]

МАТТО бара ажурирање на Договорот за слободна трговија со Турција


За уште поголем економски напредок, зголемување на трговската размена и привлекување нови инвеститори, земјава мора итно да ја надмине клучната препрека, а тоа е ажурирањето на договорот за слободна трговија меѓу Македонија и Турција, му порача синоќа Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) на вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи. На седницата на […]

КСС на предупредувачки протест пред Собранието и Владата


Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) денеска излегува на предупредувачки протест пред Собранието и Владата искажувајќи незадоволство што досега не се усогласени платите со минималната плата. Од КСС подолг период бараат усогласување на платите со минималецот за да нема ситуации во кои вработени на различни работни позиции и со различен степен на образование да земаат иста […]

Македонско-австриски бизнис форум


Стопанската комора во соработка со Трговското одделение при Амбасадата на Австрија во Скопје на заедничка иницијатива денеска организираат Македонско-австриски бизнис-форум. Основната цел на Бизнис-форумот, како што информираа од Комората, е да се поттикне заедничката соработка меѓу реномираните австриски компании и македонските државни институции и компании, од областа на патната и железничката инфраструктура, со можност за […]

Владата ја продолжи работата на „ТЕ-ТО” со полна моќност до 15 април


Владата на денешната седница донесе одлука за продолжување на мерката со која дополнителните количини на електрична енергија во износ од 160 мегавати ќе се обезбедат од домашно производство, односно од Друштвото за производство на електрична и топлинска енергија „ТЕ-ТО“ АД Скопје, информираат од Прес-службата на Владата. Од таму додаваат дека „ТЕ-ТО“ АД Скопје, ќе работи […]

Надоместот за приватизација на градежно земјиште ќе биде 30 пати поскап


На денешната седница Владата ја донесе Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и постапката за наплата на надоместот за приватизација на градежно земјиште. Со Уредбата за изменување на Уредбата за висина на надомест за приватизација на градежното земјиште што се приватизира, начинот и […]

Цените на нафтата паднаа под 106 долари


Цените на нафтата паднаа под 106 долари за барел денеска поради знаците за напредок во разговорите меѓу Русија и Украина што би можеле да ги олеснат проблемите со снабдувањето со руска нафта и послабата кинеска побарувачка во услови на построги мерки за контрола на Ковид-19. На лондонскиот пазар цената на барелот попладнево беше пониска за […]

КИЕЛ Македонија со нова фабрика во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра и 300 нови вработувања


Почнува реализацијата на нова инвестиција на КИЕЛ Македонија во ТИРЗ Тетово. Компанијата КИЕЛ, која е водечки производител на седишта за возови и автобуси, почнува со изградба на новиот производствен погон во ТИРЗ Тетово, инвестиција од 9,2 милиони евра, напиша министерот за економија Крешник Бектеши на својот Фејсбук профил. Во новиот производствен погон во Тетово, кој […]

Нов јавен повик за закуп на државно земјоделско земјиште


Владата на денешната седница донесе одлука за објавување на Јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари во девет региони. Со овој јавен повик им се овозможува на земјоделците што имаат земјиште со долгодишни насади, а за кoe немаат склучено договор за закуп, да […]

Владата ја усвои Информацијата за почеток на програмирање на Акциската програма за 2023 година во рамки на ИПА 3


Владата на денешната 33. тематска седница ја усвои Информацијата за почеток на програмирање на Акциската програма за 2023 година во рамки на ИПА 3 од која се очекува да се утврдат приоритетите за финансирање на владините програми и проекти од овој инструмент за претпристапна помош на Европската Унија. -ИПА 3 Финансиската рамковна спогодба за партнерство […]

ЕУ ја тужи Британија пред СТО поради зелените субвенции


Европската унија ја започна својата прва тужба против Велика Британија пред Светската трговска организација (СТО), тврдејќи дека при доделувањето зелени субвенции ги фаворизира домашните компании. Според Европската комисија, критериумите што ги користи британската влада за доделување субвенции за проекти за изградба на ветерници на море се во корист на британските компании. „Ова го прекршува основниот […]

Промовирани девет „Стартап херои“, ФИТР најави поддршка за иновативните компании


Ќе продолжиме да ги поддржуваме компаниите и квалитетните идеи со цел да ја зајакнеме  иновативноста и да ја поттикнеме конкурентноста на домашниот пазар, порача директорот на Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) Фестим Халили на презентацијата на производите на добитниците од предизвикот „Стартап херои“ во Супер Тинекс во East Gate Mall, кој го спроведува […]

Русија објави како ќе изгледа купувањето гас со рубли


Купувачите на руски гас ќе можат да купуваат рубли на Московската берза по пазарна стапка за плаќање на синото гориво, изјави за РИА Новости шефот на руската парламентарна комисија за финансиски пазар Анатолиј Аксаков, пренесе Хина. „За тоа нема технички пречки, а процедурата е пропишана со закон“, рече Аксаков. „Се чини дека не треба да […]

По учеството на меѓународниот саем за туризам во Белград, земјава очекува повеќе српски гости


Зголемување на бројот српски туристи, се очекувањата од македонското учеството на 43. меѓународен саем за туризам што се одржа во Белград минатата недела. Како што соопшти Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), од посетата произлезе и конкретна соработка, а тоа е симболиката на мостот на Иво Андриќ. Директорот на Агенцијата Љупчо Јаневски и […]

Ковачевски: Државата ќе платеше 37 милиони евра повеќе ако не се вклучеа ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО


Генералниот директор на АД ЕСМ, м-р Васко Ковачевски, вели дека државата ќе платеше 37 милиони евра повеќе во енергетската криза ако АД ЕСМ не ги вклучеше ТЕЦ Неготино и ТЕ-ТО во системот. „Нескромно е да кажам дека АД ЕСM, со силна поддршка од Владата, успешно се справува со енергетската криза. Ако со поддршка од Владата, […]

„Отворен Балкан“ го забрза протокот на стоки, на „Табановце“ камионите поминуваат за помалку од 30 минути


„Отворен Балкан“ значително го забрза протокот на стоки. На граничниот премин Табановце – Прешево камионите ги минуваат царинските и полициските контроли за помалку од четири минути, а целиот процес на проверки и пропуштање, заедно со ветеринарните и фитосанитарните инспекции, не трае повеќе од половина час. Ова го истакнаа Зоран Јовановски од Стопанската комора на Северна […]