Средба Пендаровски-Штиглиц на Светскиот економски форум во Давос


Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Давос, оствари средба со Џозеф Штиглиц, професор на Универзитетот Колумбија во САД и добитник на Нобелова награда за економија.

На средбата се разговараше за светските економски текови, за социо-економското закрепнување од пандемијата и за новите предизвици со кои е соочена глобалната економија поради воената инвазија на Русија врз Украина.

Соговорниците разменија мислења за можните исходи од кризата во глобалната економија, порастот на стапката на инфлацијата и ценовните притисоци, макроекономските импликации на светско ниво, во европската економија и кај нас, како и за влијанието врз политиката.

Претседателот Пендаровски ја поздрави Иницијативата за политички дијалог, што ја предводи Штиглиц, а чија цел е да им помага на земјите во развој да ги истражат алтернативите на економската политика и да овозможат пошироко граѓанско учество во креирањето на економските политики.