Над 180.000 граѓани вложиле во приватно здравствено осигурување


Бројот на граѓани кои имаат приватно здравствено осигурување лани се зголемил за 60 отсто и надмина 182.000 осигурени лица. Приватното здравствено осигурување останува најбрзо растечки осигурителен производ од појавата на здравствената пандемија до сега. Лани се склучени повеќе од 18.000 договори за приватно здравствено осигурување со што бројот на активни договори за оваа осигурителна класа …

Над 180.000 граѓани вложиле во приватно здравствено осигурување Read More »

Рускиот технолошки гигант Yandex рече дека е пред банкрот


  Рускиот технолошки гигант Yandex предупреди во четвртокот дека може да банкротира откако беше суспендиран од тргување на дигиталната берза во Њујорк. Насдак и Њујоршката берза оваа недела ги запреа сите котирања на руски компании додека не објаснат како ќе бидат погодени од санкциите воведени од Соединетите Држави и нивните сојузници по инвазијата на Москва …

Рускиот технолошки гигант Yandex рече дека е пред банкрот Read More »

Прекинат преносот на гас преку „Јамал-Европа“


Пумпањето на гас преку гасоводот Јамал-Европа од Русија до Германија е прекинато од денеска во 9 часот по московско време, покажуваат податоците на германскиот оператор Гаскад (Gascade) и на аукциската платформа ГСА Платформ (GSA Platform). Гаспром вчера го закупи капацитетот на Јамал-Европа од околу 750.000 кубни метри на час, што претставува речиси 20 проценти од неговата вкупна …

Прекинат преносот на гас преку „Јамал-Европа“ Read More »

Граѓаните да не складираат горива во канистери, тоа е опасно


„Макпетрол“ уверува дека горива има доволно, а повикуваат граѓаните да не складираат во канистри, буриња и канти, што е несоодветно и спротивно  на законите.  „Поради новонастанатата глобално-политичка ситуација, како резултат на која што има неколкукратно зголемување на цените на сите нафтени деривати, компаниите што се дел од оваа економска гранка се наоѓаат во исклучително тешка …

Граѓаните да не складираат горива во канистери, тоа е опасно Read More »

Бислимоски им се закани на воените профитери, ќе си имаат работа со Обвинителството


Вчера до доцна во ноќта се создаде паника дека ќе снема бензин и дека ќе растат цените, па се создадоа редици пред бензинските пумпи. -Точно, во текот на вчерашниот ден се создаваа колони на бензинските пумпи низ државата, а тоа е врз основа на шпекулации дека цената на дизелот ќе порасне до 150 денари следната …

Бислимоски им се закани на воените профитери, ќе си имаат работа со Обвинителството Read More »

Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени


Северна Македонија има задоволителна количина прехранбени производи и нафтени деривати во стоковните резерви. Граѓаните не треба да се грижат, нафтени деривати во државата има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, соопшти денеска владината Прес-служба. Владата апелира дел од трговците на мало со нафтени деривати да не ја ограничуваат количината, односно сумата до која го продаваат …

Влада: Имаме резерви на нафтени деривати и жито, граѓаните да бидат смирени Read More »

Московската берза останува затворена


 Московската берза останува затворена и денеска, соопшти Руската централна банка. Берзата ќе биде затворена до 8 март. Затворањето, според соопштението, вклучува „тргување и порамнување на сите пазари на Московската берза“. Берзата не е отворена цела недела, откако Западот воведе санкции против Русија минатиот викенд. Американскиот претседател Џо Бајден вчера најави нови санкции против руските олигарси. …

Московската берза останува затворена Read More »

ССМ и ОРМ започнаа социјален дијалог за усогласување на платите во приватниот сектор


Претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ) остварија средба на која се дискутираше за потребата од усогласување на платите на работниците во приватниот сектор согласно порастот на минималната плата. – ССМ и ОРМ како единствени репрезентативни организации на работниците и на работодавачите се договорија преку социјален дијалог …

ССМ и ОРМ започнаа социјален дијалог за усогласување на платите во приватниот сектор Read More »

„Шанел“ повторно ги зголеми цените на класичните чанти


Франција– Лоши вести за клиентите на Шанел: француската луксузна куќа повторно ги зголемува цените. Бруно Павловски, претседател на модата и претседател на Шанел САС, рече дека брендот ги зголемува трошоците за четирите основни стилови на чанти и пролетната колекција  реди ту веар за 6 отсто во еврозоната, 5 отсто во Велика Британија, 8 отсто во …

„Шанел“ повторно ги зголеми цените на класичните чанти Read More »

Се гаси „Северен тек 2“ во Германија


Германската единица на гасоводот „Северен тек 2“, предводена од „Гаспром“, во четвртокот објави дека најверојатно ќе биде затворена откако германската влада ја прекина сертификацијата на проектот минатата недела како одговор на руската инвазија на Украина, пренесува Ројтерс. „Поради актуелните настани, вклучително и со нашиот акционер Nord Stream 2 AG, Gas for Europe GmbH најверојатно ќе …

Се гаси „Северен тек 2“ во Германија Read More »

РКЕ: Нафтени деривати има, но одредени трговци вештачки го нарушуваат пазарот


Нафтени деривати има, трговците редовно набавуваат гориво согласно побарувачката, но дел од малите трговци не се однесуваат фер и ја ограничуваат понудата, со што оставаат впечаток дека нема гориво, изјавија за МИА од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). – На тој начин си прават „залиха“, која би ја продавале по нови цени …

РКЕ: Нафтени деривати има, но одредени трговци вештачки го нарушуваат пазарот Read More »

Народот да не чека во колони на бензинските, гориво има


Нема потреба народот да чека на бензинските да наточи гориво, во страв дека ќе нема, затоа што горива има доволно, смирува министерот за економија Креѓник Бектеши. – Несфатлива ситуација е ова по некои места. Има гориво, има нафта, бензин. Нема простор за паника. Народот да не чека во колони –  вели министерот за економија, Крешник …

Народот да не чека во колони на бензинските, гориво има Read More »

Канада воведува царини од 35 отсто за извозот од Русија и Белорусија


Канада – Канадските власти одлучија да ги тргнат Русија и Белорусија од нивниот трговски статус на најповолни нации и да воведат царини од 35 отсто за извозот од тие земји, изјави канадската вицепремиерка Кристија Фриланд изјави за новинарите. „Канада ќе биде првата земја што ќе ги лиши Русија и Белорусија од нивниот статус на најомилени нации …

Канада воведува царини од 35 отсто за извозот од Русија и Белорусија Read More »

Бочварски очекува „Бехтел – ЕНКА“ да започне со работа годинава


Изградбата и комплетирањето на автопатските делници Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево и Требеништа-Струга-Ќафасан се наоѓаат во плановите на оваа Влада и на тоа се работи посветено, рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски одговорајќи на новинарско прашање по неговата посета на Гостивар. Тој очекува годинава американско-турска компанија „Bechtel – ЕNKA“ да започне со работа на делниците на …

Бочварски очекува „Бехтел – ЕНКА“ да започне со работа годинава Read More »

„Гласен Текстилец“: Покренато обвиние за предизвикување на намерен стечај на штипска конфекција


Штипското јавно обвинителство покренува обвинение против управител на една штипска текстилна конфекција за намерно лажно предизвикување на стечај. Претседателката на „Гласен Текстилец“-Штип, Кристина Ампева на денешната прес-конференција истакна дека известувањето на Основното јавно обвинителство(ОЈО)-Штип го добиле денеска. Ова известување доаѓа по вчерашната кривична пресуда во корист на работничка од Делчево, за којшто МИА веќе информираше. …

„Гласен Текстилец“: Покренато обвиние за предизвикување на намерен стечај на штипска конфекција Read More »

Ова се глобалните компании кои се повлекоа од рускиот пазар


  Поради влошената безбедносна и хуманитарна криза во Украина и строгите санкции наметнати на Русија, многу големи компании ги прекинаа своите руски активности. Меѓу нив се американскиот технолошки гигант „Епл“, производителите на автомобили ГМ и „Форд“, бродскиот гигант „Маерск“и други. Санкциите од САД, Велика Британија, Канада и Европската унија се одразија на руската економија бидејќи …

Ова се глобалните компании кои се повлекоа од рускиот пазар Read More »

Грција не очекува големи последици од војната врз туризмот


Првичната проценка е дека не се загрижувачки последиците од војната врз грчкиот туризам, рече портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина, во однос на тоа какво влијание ќе има ситуацијата во Украина, со оглед на тоа дека Грција ја посетуваат голем …

Грција не очекува големи последици од војната врз туризмот Read More »

ИКЕА и Фолксваген ја прекинуваат работата во Русија и Белорусија


Русија – Шведската компанија ИКЕА и германскиот производител на автомобили Фолксваген  денеска соопштија дека ќе ја прекинат работата во Русија, поради нападот на таа земја врз Украина. ИКЕА соопшти дека привремено ги напушта пазарите на Русија и Белорусија и дека ќе одвои околу 41 милион долари за помош на бегалците од Украина. „ИКЕА ја прекинува работата …

ИКЕА и Фолксваген ја прекинуваат работата во Русија и Белорусија Read More »

„Рио Тинто“ подготвува тужба против Србија


Глобалниот рударски гигант „Рио Тинто“ минатата година оствари рекорден профит поради зголемените цени на суровините. Во својот годишен извештај, компанијата рече дека ги „истражува сите опции“ и „ја разгледува правната основа“ на одлуката на српската влада да го суспендира својот проект за литиум и борати во областа Јадар. Изјавата предизвика загриженост дека компанијата би можела …

„Рио Тинто“ подготвува тужба против Србија Read More »

Пченицата и пченката од Србија се за стопанските субјекти, а не за државата или за стоковните резерви


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски преку својот фејсбук профил соопшти дека пченицата и пченката што Србија вчера најави дека ќе и ги испорача на земјава, се за стопанските субјекти, а не за потребите на државата или за стоковните резерви. Како што наведува Николовски, државава има сосема доволно пченица и пченка. Домашните млинови располагаат …

Пченицата и пченката од Србија се за стопанските субјекти, а не за државата или за стоковните резерви Read More »