Народот да не чека во колони на бензинските, гориво има


Фото: Б. Грданоски

Нема потреба народот да чека на бензинските да наточи гориво, во страв дека ќе нема, затоа што горива има доволно, смирува министерот за економија Креѓник Бектеши.

– Несфатлива ситуација е ова по некои места. Има гориво, има нафта, бензин. Нема простор за паника. Народот да не чека во колони –  вели министерот за економија, Крешник Бектеши откако беше објавено дека во некои градови се чекало во колони на бензиските пумпи за да се наточи гориво.

Според министерот, ова е вештачки создадена ситуација.

-Се шири паника и лаги по порталите. Имаме залихи, имаме резерви. Граѓаните да не создаваат кризи и да не веруваат секому, додаде Бектеши во гостувањето на Дневникот на ТВ Сител.

Бектеши додава дека ограничувањата на некои пумпи кои не дозволуваат полнење на канти и туби со гориво, се спротивни на законот, но повтори дека нема потреба од паника и гужви за полнење гориво.