Додека се бара ЕУ да ја мобилизира сета расположлива енергија, гневот кон Германија расте


  Непредвидлива енергетска криза се заканува да избувне во ЕУ додека Европа се приближува кон зимата, а се зголемуваат повиците да се постигне согласност секој ват расположлива електрична енергија да се внесе во европската енергетска мрежа. Германија, во меѓувреме, останува на одлуката за исклучување на сите нуклеарни реактори, предизвикувајќи зголемена фрустрација кај нејзините соседи. Додека […]

Пад на азиските берзи, се стравува од глобална рецесија


  На азиските берзи денеска паднаа цените на акциите бидејќи инвеститорите не се подготвени да ризикуваат, со оглед на тоа што оваа недела се очекуваат покачувања на каматите од голем број централни банки, што дополнително ќе го забави и онака бавниот раст на светската економија. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без Јапонија, беше намален за […]

Досега 165 бродови однеле жито од украинските пристаништа


  Вкупно 165 бродови ги напуштија украинските пристаништа од спроведувањето на договорот за жито со Украина, соопшти во неделата Министерството за инфраструктура на земјата преку Фејсбук. „На 18 септември десет бродови со 169,3 илјади тони земјоделски производи за земјите од Африка, Азија и Европа треба да тргнат од пристаништата Одеса, Чорноморск и Јужни“, соопшти Министерството. […]

Бугарија и Македонија не постигнаа договор за цената на струјата


  Бугарија и Северна Македонија не успеаја да постигнат договор за цената на струјата што бугарските производители треба да ја извезат во Скопје, објави БНР. Како што јави дописникот на МИА, работна група од Северна Македонија престојуваше во Софија. На состанокот учествуваа директорите на македонските енергетски компании – Васко Ковачевски од АД ЕСМ и Орхан […]

„Моќта на Сибир” замена за Северен тек 2?


На почетокот на февруари 2022 година, Гаспром потпиша втор долгорочен договор со кинеската компанија CNPC за извоз преку далечната источна рута. Гасоводот „Моќта на Сибир 2“, наменет за испорака на гас во Кина, всушност би можел да стане замена за гасоводот „Северен тек 2“ за Русија, изјави рускиот вицепремиер Александар Новак, пренесува „Спутник интернешнал“. „Па, […]

Во краткотраен прекин беше багерот за јаглен во „Суводол“ поради врнежите


 Багерот 630/2 кој врши ископ на јаглен на најдолната точка во Рудникот ПЈС Суводол во РЕК Битола од попладнево е во краткотраен прекин заради обилните врнежи од дожд што го зафатија рудникот, соопшти АД ЕСМ. Багерот 630/2 е на најниската точка во ПЈС Суводол, бидејќи ги ископува последните количини јаглен во тој дел од рудникот, […]

Васко Ковачевски: Во АД ЕСМ не е склучен ниту еден договор во четири очи


Одговорно тврдам дека за целиот период додека сум директор на АД ЕСМ, нема ниту една јавна набавка на којшто била повикана само една фирма и никогаш не се случила набавка во четири, изјави генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, во емисијата 360 степени на ТВ Алсат. – Тврдам пред целата македонска јавност, секогаш кога […]

РКЕ домаќин на регионален состанок за предизвиците и плановите за снабдување со гас


 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија е домаќин на 37. состанок на Регионалниот координативен комитет на Југо и Југо – источна регионална иницијатива за природен гас, на кој се разговара за предизвиците и плановите со кои се соочува цела Европа во однос на обезбедувањето на енергенси – природен гас. Како […]

Тунтев: Летањето со авион станува сè побезбедно


 Летањето со авион станува побезбедно со секоја година што изминува. Тоа, како што наведува директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Томислав Тунтев, може да се заклучи од годишните статистичките податоци што ги објавуваат релевантните меѓународни организации и здруженија од областа на воздушниот сообраќај и транспорт. Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ICAO – International Civil Aviation […]

ММФ и Светска банка предупредуваат: И умерен удар може да го турне светот во рецесија


  За октомври ММФ најави ново намалување на проценките за растот на глобалната економија, откако веќе во јули ја намали проценката на 3,2 отсто оваа година, а следната на 2,9 отсто. „Некои земји ќе паднат во рецесија следната година, но се уште е рано да се каже дали ќе има глобална рецесија“, велат од ММФ. […]

Ќе поскапат ли кредитите по зголемувањето на основната каматна стапка на НБ


  Зголемувањето на референтната каматна стапка на три проценти во догледно време може да ги зголеми каматните стапки на депозитите и на кредитите со флексибилна каматна стапка, а поради неизвесниот период во кој се наоѓаме, побарувачката на кредити и задолжувањето треба да биде претпазливо, оценува во изјава за МИА универзитетскиот професор Борче Треновски. Генералните очекувања […]

Тутунарите велат дека производството е во опасност ако цените не се зголемат до 25 отсто


  И тутунопроизводството како земјоделско-индустриска гранка е во опасност од рапидно намалување на производството доколку тоа не стане исплатливо. Ситуацијата ќе зависи од претстојниот откуп и цените за продажба на родот, оценуваат во Сојузот на земјоделските здруженија на Македонија. Се бара зголемување на цената по класи за 20 до 25 отсто. Според Менде Стомнароски, претседател […]

Ангеловска-Бежоска: Одржувањето на ценовната стабилност е од суштинско знаење


  Одржувањето на ценовната стабилност е од суштинско значење за одржување на макроекономската стабилност и одржлив економски раст, порача денеска гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата „Цената којашто треба да се плати: Како да се заузда инфлацијата? Видувања на централни банки и министерства за финансии“ што се одржува во рамки на состанокот на […]

За три денари поевтинува Екстра лесното масло за домаќинство


  Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалува за 3,00 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на овој енергенс ќе биде 90,50 денари за литар. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на […]

Најголемиот европски производител на свинско месо најави масовни откази


 Најголемиот европски производител на свинско месо, „Даниш краун“ (Danish Crown) најави укинување на 350 работни места во две фабрики во Данска. Причината е тоа што одгледувачите, под притисок од високите трошоци, ги намалија испораките на животни. Во соопштението на данскиот производител се наведува дека поради војната во Украина, фармерите се принудени да плаќаат рекордно високи […]

Половина милијарда долари се тековните проекти во земјава поддржани од Светска банка


  Четиригодишната Рамка за соработка со Светска банка за периодот 2019-2023 година, е веќе целосно исполнета преку имплементација на проекти во земјава. Тековното портфолио на Светска банка во земјава се состои од девет проекти во износ од околу 480 милиони долари, од кои најголем дел се од областа на инфраструктурата. Дополнителни средства од околу 80 […]

Генералниот директор на Таргет Груп, Огнен Огненоски меѓу 40-те најуспешни бизнис лидери во ЈИЕ


  Генералниот директор на Таргет Груп, Огнен Огненоски е избран за еден од 40-те највлијателни и најуспешни бизнис лидери во Југоисточна Европа (ЈИЕ) под 40 години. Официјалната промоција се одржа во Истанбул, а со членството во ексклузивниот „Business Elite’s Executive Club”, наградените се приклучуваат на светската бизнис елита како дел од мрежата на најуспешни и најамбициозни […]

Македонски компании ќе тргуваат со казахстански бизнисмени


Претставници на дваесет македонски и триесет казахстански компании учествуваа на Првиот бизнис форум во организација на Амбасадата на Република Северна Македонија во Казахстан и компанијата „Матрона Конс“. На форумот имаше и претставници од министерствата за надворешни работи и за економија на двете земји, од дел од стопанските комори, како и претставници од земјоделскиот сектор, фармацевтските […]

Каде живеат американските милијардери? (инфографика)


  Повеќе од една четвртина од светските милијардери живеат во САД, односно 720 од околу 2.700 во светот. Иако земјата има повеќе милијардери од која било друга, американскиот удел на глобалните милијардери всушност се намалува во последните децении. Во 2010 година, околу 40 отсто од светската популација милијардери живееше во Америка – а денес таа […]

„Адобе“ ја презема стартап компанијата „Фигма“ за 20 милијарди долари


  „Адобе“ (Adobe Inc) ќе ја купи стартап компанијата „Фигма“ (Figma) за околу 20 милијарди долари во нејзината најголема аквизиција во историјата. Договорот за готовина и акции ќе ѝ овозможи на „Адобе“ сопственост врз компанијата, чија онлајн платформа за соработка за дизајни и бреинсторминг ја користат компании кои се движат од Zoom Video Communications до […]