Хегер: Словачката економија во опасност од колапс


  Силниот раст на трошоците за струја ја доведе словачката економија во опасност од колапс, изјави премиерот Едуард Хегер за Фајненшл тајмс. Тој додаде дека Словачка, доколку не добие помош, ќе ја задржи струјата за домашните компании и граѓаните. Скокот на цените на енергијата по руската инвазија на Украина „ќе ја убие“ економијата, доколку Словачка […]

Андонов: На 15 октомври ќе има парно во Скопје, ќе купуваме гас од Србија во замена за струја


  Во домовите во Скопје ќе има парно на 15 октомври, вели Виктор Андонов, советник за енергетика во Кабинетот на премиерот. Во прилог на ваквото тврдење Андонов рече дека за разговорите со Србија за набавка на гас постои оптимизам кај двете страни дека ќе завршат, ќе функционира договорот и оти ќе се обезбедат потребните количини […]

Ангелоски: За стопанството е битна секоја понуда за добивање поевтина електрична енергија


  Секоја понуда и секоја можност за добивање на поевтина цена на електричната енергија од оваа која е на берзите за нас е огромна предност и би сакале да се имплементира секој дел од мерките кој е конструктивен и во вистински правец, истакна денеска претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), Трајан Ангелоски. […]

Русија сака сама да произведува авиони, без „Боинг“ и „Ербас“


  МОСКВА – Руската воздухопловна индустрија ќе има за цел да оди сама без Запад, користејќи локално изградени делови за производство на 1.000 патнички авиони до 2030 година и да стави крај на зависноста од „Боинг“ и „Ербас“, соопшти државната компанија „Ростек“. Забелешките од „Ростек“, огромна државна корпорација на чело со близок сојузник на претседателот […]

Гасот ќе го купуваме од Србија


  Виктор Андонов, советникот за енергетика на премиерот Димитар Ковачевски во разговор за емисијата „Студио 10“ на ТВ24 откри дека Македонија ќе купува приорден гас од Србија за топлинска енергија и за производство на електрична енергија. Ако овие информации се конечни тоа значи дека „Макпетрол“ ќе биде заобиколен. „Макпетрол“ го купува природниот гас од „Гаспром“. […]

Русија ќе им продава евтина нафта и гас на талибанците


  Талибанците соопштија дека потпишале прелиминарен трговски договор со Русија. Според авганистанскиот министер за трговија и индустрија Хаџи Нурудин Асиси, Русија ѝ понудила на талибанската влада попуст на просечните цени на светските пазари за суровините. Русија сега треба да испорачува околу еден милион тони бензин, еден милион тони дизел, 500.000 тони течен нафтен гас (ЛПГ) […]

ЕБРД ни предвидува раст од 2,7 отсто годинава и 2,3 отсто во 2023 година


Европската банка за обнова и развој во најновиот Извештај за регионалните економски изгледи предвидува раст за Северна Македонија од 2,7 отсто во 2022 година и 2,3 отсто во 2023 година. Според ЕБРД  клучни ризици се постојано покачените цени, фискалните и ранливостите на надворешниот сектор, како  и пролонгираното заклучување во Кина заедно со прогнозираното забавување на […]

„Пари“: Колку пари одат кај работниците, колку задржуваат газдите?


  Кај десетте најголеми работодавачи во 2021 година, работеле 25.647 работници. Заедно, тие направиле приход од околу 1,1 милијарди евра, што е околу 10 проценти од целиот бруто-домашен производ. Во просек, ова значи дека секој работник е одговорен за создавање на годишен приход од 42.890 евра, или месечен од 3.574 евра (218.140 денари). Сите компании во кои […]

Канада е против реизбор на Русија во ИЦАО


  Канада ќе се спротивстави на реизборот на Русија во Агенцијата за воздухопловство на Обединети нации, изјави синоќа канадскиот министер за транспорт Омар Алгабра на маргините на Собранието на Меѓународната организација за цивилно воздухопловство (ИЦАО). – Важно е Русија да одговара за своите постапки и ние нема да ја поддржиме руската номинација во Советот, истакна […]

Германија сепак нема да ги затвори преостанатите нуклеарни централи


  Германскиот министер за економија и енергија Роберт Хабек денеска изјави дека во земјата ќе продолжи да работат две од нејзините три преостанати нуклеарни централи до април следната година за да се спречи потенцијалниот недостиг на електрична енергија во наредните месеци. Хабек привремено го откажува долгогодишниот план на Германија за затворање на преостанатите нуклеарни централи […]

Владата одобри 1,1 милијарда денари за континуирано снабдување со топлинска енергија


  Владата  на денешната седница одобри средства за ликвидно работење на друштвата и континуирано снабдување со топлинската енергија на потрошувачите на Град Скопје. Беше донесена Одлука за одобрување 1,1 милијарда денари (околу 17,8 милиони евра) за набавка на енергенти, пред почетокот на грејната сезона, на АД за производство на електрична енергија „Електрани на Северна Македонија“, […]

Радијаторите се „вжештија“ и пред почеток на грејната сезона


  Дали грејната сезона која што почнува за дваесетина дена граѓаните ќе ја дочекаат со топли радијатори е прашање коешто си го поставуваат над 50 илјади домаќинства, институции и приватни фирми коишто се корисници на системот на централно греење во Скопје. Од една страна, надлежните министри смируваат и уверуваат дека парно ќе има, а од […]

УКИМ, УКЛО и Универзитетот на ЈИЕ ја потпишаа Декларацијата за општествен консензус за економски реформи, политики и мерки


  Ректорите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) од Скопје, проф. д-р Никола Јанкуловски, на Универзитетот „Климент Охридски” (УКЛО) од Битола, проф. д-р Сашо Коруновски, и на Универзитетот на Југоисточна Европа (ЈИЕ) од Тетово, академик проф. д-р Абдулменаф Беџети, кои во исто време се и членови на Собранието на Стопанската комора на Северна Македонија, […]

Премиерите на Полска и на Данска го отворија гасоводот „Балтик пајп“


  Премиерите на Полска и на Данска денеска во Голењов, северозападно од Полска, во присуство на полскиот претседател, свечено го отворија новиот гасовод поставен на дното на Балтичкото Море. Новиот гасовод „Балтик Пајп“ ги поврзува Полска и Данска и понатаму Норвешка, како стратешки проект што го ослободува тој дел од Европа од зависноста од испораките […]

Владата се задолжи 250 милиони евра преку хартии од вредност на германскиот пазар


  Владата донесе одлука за издавање на хартии од вредност на германскиот пазар, обврзница позната како „Namensschuldverschreibungen“, односно NSV, во износ од 250 милиони евра. Средствата ќе се искористат за отплата на стари долгови кои доспеваат и за финансирање на буџетски потреби. Министерството за финансии во континуитет ги следеше пазарите на капитал и согласно опсежните […]

Битиќи: Клучните причини за миграцијата доаѓаат од недовербата во институциите


Од 2011 до 2019 година од нашата држава се одлеале 700 илјади наши сограѓани или скоро секој четврти заминал од државата. Иако тој тренд се намалил во ковид периодот, за жал, тоа претставува сериозен проблем, не само за носителите на јавни функции и за креаторите на политиките туку за целото општество, вели вицепремиерот за економски […]

Ковачевски: Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза – за енергенси уште се разговара


Владата има многу јасен план за справување со енергетската криза, а тоа е ставање во функција на сите енергетски капацитети – оспособување на Блок 3 во РЕК Битола, ставање во функција на ТЕЦ Осломеј, а од утрово во функција е ставен првиот котел на ТЕЦ Неготино, изјави денеска во Скопје премиерот Димитар Ковачевски. Првиот котел […]

Усогласување на платите со линеарно зголемување не е решение, порача Битиќи


Усогласување со одредено линеарно зголемување не е решение. Ние сакаме да дефинираме методологија за зголемување на платите во јавниот сектор која ќе биде базирана на продуктивност и ефикасност, како што тоа го бараме во приватниот сектор, а секако и со нов закон за плати во јавнот сектор, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На […]

За рудници, казина и банки нема енергетска поддршка, за угостители и хотелиери ќе има


 Министерот за економија Крешник Бектеши денеска, осврнувајќи се на владините мерки за енергетската криза, рече дека угостителите и хотелиерите ќе добијат поддршка, а рудниците, казината, банките и сличните такви дејности нема да бидат поддржани. Бектеши повтори дека ќе им се помогне и на најранливите категории граѓани, а ќе се донесат и соодветни мерки во делот […]

Димовски: Државата да ги усогласи сите плати со минималната


Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) чека да биде повикан на прво рочиште откако на 1 септември поднесе пријава  до Основниот граѓански суд со барање да се поведе постапка против Владата поради непочитување на Законот за минимална плата кој предвидува  усогласување на платите на сите останати вработени во јавниот сектор онаму каде што државата е […]