Народна банка објави публикација по повод 30 години од монетарното осамостојување


  Во рамките на одбележувањето на 30-годишниот јубилеј од воведувањето на нашата национална валута – денарот и воспоставувањето на институционалната рамка на монетарниот систем, односно функционирањето на нашата самостојна централна банка, Народната банка ја објави публикацијата „30 години од осамостојувањето на Народната банка: предизвици, реформи и унапредување на работењето“. Публикацијата дава осврт на работењето и […]

Цените на нафтата паднаа од 2,6 до 3,9 отсто


  Цените на нафтата паднаа на светските берзи минатата недела, по тринеделен последователен раст, што се толкува како забавување на економскиот раст што резултира со слабеење на побарувачката за енергетски производи. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела падна за 2,6 отсто – на 95,99 долари, додека на американскиот пазар падна уште повеќе – […]

Глобална недела на претприемништво 2022


Земјава и годинава повторно ќе биде дел од Глобалната недела на претприемништвото (ГНП) која се одржува од денеска до 20 ноември. Станува збор за еднонеделна светска иницијатива која се случува истовремено во повеќе од 200 земји ширум светот и поврзува над 10.000 партнери во активности и настани насочени кон промоција на претприемништвото, зајакнување на постоечки […]

ЕСМ: АД Скопје Север одби да го потпише договорот за соработка, на нив паѓа одговорноста за прекин на греењето во Чаир и Бутел


АД ЕСМ нема правен основ да му дава директни субвенции на АД Скопје Север, но може да помогне само преку договор за деловно техничка соработка кој приватниот субјект одбива да го потпише. Доколку АД Скопје Север не сака да ги прифати истите услови кои важат за сите други субјекти кои испорачуваа топлинска енергија за над […]

Протест на оризопроизводителите во Кочанско: Откупните цени се под трошоците за производство, доцнат и субвенциите


Оризопроизводитилите од Кочанско денеска повторно излегоа на протест за да го изразат незадоволството од ниските откупни цени за овогодишната реколта и доцнењето во исплатата на субвенциите. Со трактори ја блокираа едната коловозна лента од магистралнот пат во селото Облешево и побараа средба со претставници од Владата, кои веќе ги известиле за протестот, за директно да […]

Сметките за парно ќе доцнат


 „ЕСМ снабдување со топлина“ интензивно работи на подготовка на сметките-фактурите за топлинска енергија за октомври, како што информираат од компанијата, потрошувачите ќе ги добијат фактурите во следниот период со мало задоцнување, во однос на датумот кога претходно вообичаено ги добивале поради, како што велат, потребните технички подготовки за нивна изработка и ќе имаат соодветен рок […]

Доларот нагло падна, сега вреди помалку од еврото


На светските пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути драстично падна минатата недела, бидејќи се очекува забавување на стапката на зголемување на каматните стапки од страна на американската централна банка, па курсот на еврото се врати над нивото на 1 долар. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на американската во […]

Ако работодавачите сакаат попродуктивни работници, да им го скратат работното време од 8 на 6 часа


Наместо депресивни и преморени, ако работодавачите сакаат попродуктивни и порасположени работници, треба да донесат важна одлука, да им го скратат работното време од осум на шест часа, е пораката во интервјуто за МИА од проф. д-р Вангелица Гаврилова од Велес, доктор на психолошки науки, која предава на Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе и Битола. […]

Компании, општини, комунални претпријатија, институции во трка за поставување фотоволтаици


Фирмите во Северна Македонија, за да ги намалат трошоците за струја, ова лето побрзаа да постават фотоволтаици на своите покривни конструкции. Само во штипскиот регион 30 компании побарале дозволи за градба на фотоволтаични централи на покривите на своите објекти, покажаа податоците на Одделението за урбанизам на Општина Штип. Една од нив е и текстилната конфекција […]

Презентиран веб портал etransport: Електронски ќе се проверуваат лиценците на превозниците


 Министрите за транспорт и врски и за внатрешни работи Благој Бочварски и Оливер Спаосвски, директорот на Инспекторатот за транспорт Гајур Рушити и директорката на Царинската управа Славица Кутиров потпишаа договор за размена на податоци во делот на патниот и товарнит транспорт, а беше презентиран и веб портал etransport.mtc.gov.mk. Министерот  Бочварски истакна дека водејќи се од транспарентноста на работата, а се […]

(Во живо) Презентација на сајтот etransport


Прес-конференција на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и директорката на Царинската управа, Славица Кутиров на која ќе биде презентиран новиот сајт etransport.

АД ЕСМ обезбеди гас за топланите Исток и Запад за до крајот на ноември


АД ЕСМ ја обезбеди потребната количина природен гас за работење на топланите Исток и Запад за периодот 16-30 ноември 2022г. Гасот е обезбен од Макпетрол по цена од 1.345 евра за 1000 нм3. АД ЕСМ и натаму ќе продолжи да врши набавки на гас за покуси временски периоди со цел да се искористи финансиската поволност […]

Висок квалитет на статистичките податоци на Народната банка, на нивната презентација и прибирање


Народната банка континуирано работи на подобрувањето на процесот на прибирање и на квалитетот на статистичките податоци кои ги објавува, како и на нивната презентација и достапноста за јавноста. Со цел понатамошно унапредување на податоците и процесите, Дирекцијата за статистика спроведе две одделни анкети, помеѓу корисниците и известувачите на податоци. Беа анкетирани вкупно околу илјада испитаници, кои искажаа […]

Подемот на ИТ – индустријата менува професии


Пандемијата им наштети на многу бизниси и компании кои се соочуваа со предизвикот да опстанат, а работата онлајн во многу сфери од животот придонесе за невиден подем на ИТ- индустријата и нужност да се учат дигитални вештини. Не само за снаоѓање во виртуелниот простор, туку новите околности мотивираа многу луѓе да се впуштат и во […]

Деспотовски: До крајот на 2024 година една милијарда евра инвестиции и удвојување на бројот вработени во ТИРЗ


 Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ), Јован Деспотовски очекува до крајот на 2024 година да се оствари зацртаната цел од една милијарда евра инвестиции и удвојување на бројот вработени. Деспотовски смета и дека во зоните ќе продолжи трендот на раст на платите, како и растот на приходите во Буџетот. Во вечерашното гостување […]

Ковачевски: Домашните компании со квалитетни производи се најдобриот меѓународен промотор на држава


Премиерот Димитар Ковачевски заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи денеска го посетија производствениот погон на фабриката за полиетиленски и полипропиленски цевки и црева, Конти Хидропласт во Општина Гевгелија.   -Компанијата Конти Хидропласт во својата речиси 50-годишна традиција на постоење, од примарно мало производство, до денес се развила во модерна фабрика лидер, извозно ориентирана […]

Заврши комисиската расправа за поддршката за ранливите категории граѓани, усвоени три амандмани


  Собраниската Комисија за финансирање и буџет, попладнево, откако ја исцрпи амандманската расправа, го проследи Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза на натамошна постапка во Собранието. Предлог-законот поднесен од Владата, треба да се донесе по скратена постапка. Пред членовите на Комисијата беа вкупно девет амандмани, од […]

Николовски: Очекуваме минимум 20 отсто поголема откупната цена на тутунот


Оваа година имаме добар квалитет на тутунот и очекуваме минимум 20 отсто зголемување на откупната цена, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Преку својот фејсбук профил, Николовски информира дека одржал состанок со откупувачите на тутун. -Пред почеток на откупната сезона одржавме состанок со откупувачите на тутун. Ме информираа дека се подготвени за […]

Амандманска расправа за финансиската поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза


  На седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет во тек е амандманската расправа за Предлог-законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза, по скратена постапка. Поднесени се вкупно девет амандмани за предложеното законско решение од кои шест од пратеници од опозицијата и три од пратеници од […]

Банкрот на крипто-платформата FTX


  Платформата за криптовалути FTX банкротираше во САД, а нејзиниот главен извршен директор Сем Банкмен-Фрид поднесе оставка, се вели во соопштението на компанијата. Банкротот е во крајот на неделата во која главните криптовалути, вклучувајќи го и биткоинот, паднаа поради финансискиот хаос во FTX. Агенциите известуваат дека нов извршен директор е назначен ветеранот за пресвртот на […]