Тутунот достигна рекордна просечна цена од 285 денари за килограм


  Годинава тутунопроизводителите ги рушат рекордите и испишуваат историја на досега највисока просечна откупна цена од 285 денари за килограм, што претставува зголемување за повеќе од 40 отсто во однос на минатогодишната. Откупот на тутун од реколтата 2022 година тече интензивно во сите 200 откупни пунктови, кои се навремено отворени на целата територија, велат од Министерството […]

Половина од компаниите донираат, со законски измени ќе се олеснува административната постапка


  Со измени на Законот за донации и спонзорства во јавните дејности полесно ќе се обезбедуваат даночни поттикнувања на донации од граѓаните и претпријатијата. Претставници на бизнис заедницата, институциите и граѓанските организации денеска на Форум за филантропија во Скопје споделуваа искуства и креираа модели за засилена соработка, со цел поттикнување донации и спонзорство. Истражувањата на […]

Анализа на ОРМ: Една третина од компаниите ќе прекинат со работа ако не поевтини струјата или не добијат државна помош


  Порастот на цените на енергијата и до седум пати ги зголемил трошоците на компаниите оваа есен, во споредба со претходната. Најголем предизвик за компаниите во моментов е цената на електричната енергија, а дури една третина размислуваат привремено да го прекинат производството или да го затворат бизнисот ако не се намали цената на струјата или […]

Волстрит падна по пораките и проценките на ФЕД


  На Волстрит цените на акциите паднаа во средата, откако американската централна банка ги зголеми каматните стапки за 0,50 процентни поени и сигнализираше дека цената на задолжувањето ќе биде зголемена за подолг период од очекуваното. Дау џонс загуби 0,42 отсто, на 33.966 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,61 отсто, на 3.995 поени, а […]

Маск повторно продава акции на „Тесла“, го намали својот удел за 3,6 милијарди долари


Илон Маск повторно ги продава акциите на „Тесла“. Сопственичкиот удел на Маск во „Тесла“ падна на 13,4 отсто од 17 отсто за една година. Маск продаде акции од оваа компанија во вредност од 3,6 милијарди долари, со што вкупниот износ годинава достигна речиси 40 милијарди. Инвеститорите сега се уште понервозни бидејќи продажбата дополнително ја намалува […]

Се прават калкулации за цената на струјата, Ковачевски тврди дека ќе нема ценовен шок


Во моментов се прават калкулации за евентуалната цена на електрична енергија од 1 јануари, но Владата нема да дозволи да има ценовен шок за граѓаните, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски. – Она што во моментов се прави е калкулациите и дискусиите на релација на задолжените министерства и задолжените претпријатија во државата во поглед на определувањето […]

Железници Транспорт доби струја, долгот ќе го плати државата по пренамена на средствата


Железници Транспорт на РСМ АД Скопје напладне повторно доби струја, откако изутрината ЕВН поради долг за неплатени сметки ги исклучи од мрежата објектите на државното железничко претпријатие кај депото во скопско Лисиче и во Велес. Информацијата дека повторно има струја ја потврдија од ЖРСМ Транспорт, од каде велат дека прекинот на напојувањето со струја не […]

Битиќи: Му помагаме на приватниот сектор, но и тој да одговори соодветно


  Владата прави компромиси и му помага на приватниот сектор, но и тој треба да одговори соодветно, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во коментар на реакциите дека во услови на криза е дополнителен трошок обврската за двојазични етикети којашто е во сила со новиот Закон за заштита на потрошувачите. -Знаеме за потешкотиите […]

Каматите и главнината за долговите лани изнесувале 837 милиони евра, поради злоупотреби кон ИПА вратени 1,7 милиони евра


Лани државата исплатила 51.479.391.000 денари (околу 837 милиони евра), за отплата на камата и главнина по основ на странски и домашен долг, од кои 42 милијарди денари (688 милиони евра) за странски долг и 9,14 милијарди денари (148,7 милиони евра) за домашен долг. Ова го покажува Конечниот извештај за извршена ревизија на финансиски извештаи и […]

АД ЕСМ објави оглас на набавка на гас за топланите за период јануари-април


ЕСМ Продажба почна постапка за набавка на природен гас за потребите на топланите за греење на градот Скопје за периодот јануари-април. -Испратени се покани за достава на понуди до активните лиценцирани компании за трговија и снабдување со природен гас во Република Северна Македонија и повикот е објавен и на веб страната на АД ЕСМ, во […]

Исклучена струјата во „ЖРСМ Транспорт“, можен прекин на железничкиот сообраќај


Исклучена е струјата на „ЖРСМ Транспорт“ АД во депото во Лисиче во Скопје и во објектите во Велес, поради долг за електрична енергија кон ЕВН, потврдија за МИА од железничкото претпријатие. Оттаму најавуават дека исклучувањето на струјата ќе повлече и прекин на сообраќајот што ќе се случи откако ќе биде потрошена нафтата во возовите. Без […]

Бектеши на Министерски состанок на Енергетската заедница во Виена


Министерот за економија Крешник Бектеши денеска ќе учествува на 20. Министерски состанок на Енергетска заедница кој се одржува во Виена. Со состанокот ќе преседава Герман Галушченко, министер за енергетика на Украина како земја преседавач со Енергетската заедница, а собраќање ќе има и Кадри Симсон, еврокомесар за енергетика на Европската Унија. На состанокот ќе се дискутира […]

БРАКО ги обучува своите клиенти за користење на возилата за хигиена (видео)


Возилата на БРАКО за одржување на хигиена во урбани средини се предаваат на нивните корисници преку извршување обука за користење, особено доколку станува збор за клиент кој за првпат набавува машина за чистење. Обуката ја спроведуваат лица од фирмите – ќерки на БРАКО низ целиот свет, како и нивните застапници. На фотографиите и снимката се […]

Американската Централна банка ги зголеми каматните стапки, ги намали проценките за раст на БДП


САД- Американската централна банка (ФЕД) ги зголеми каматните стапки со побавно темпо од претходниот период, како што се очекуваше на финансиските пазари, но ги зголеми проценките за инфлацијата и ги намали проценките за економскиот раст во следната година. Откако ги зголеми клучните каматни стапки за 0,75 процентни поени во четирите претходни сесии, ФЕД вчера ги зголеми трошоците за задолжување за […]

Владата усвои информации за урбанистички план и за резервиран капацитет за Интерконективниот гасовод со Грција


  Владата, на предлог на Министерството за транспорт и врски ја разгледа и усвои информацијата за донесување Урбанистички план за подрачја и градби од државно значење за Интерконективен гасовод Република Северна Македонија – Грција и го донесе Урбанистичкиот план. – Проектот Интерконективен гасовод Република Северна Македонија – Република Грција претставува секција (дел) од целокупната мрежа […]

Владата го утврди дополнетиот Предлог-буџет за 2023 година, вградени прифатените амандмани


  Владата на денешната 109-та седница го утврди дополнетиот Предлог на Буџетот на Република Северна Македонија за 2023 година. – Дополнетиот Предлог на Буџетот претставува нов интегрален текст во којшто Владата ги вгради прифатените амандмани, по комисиските расправи во Собранието каде што беше разгледуван и со потребните измени и дополнувања предложени од Министерството за финансии, […]

Горан Трајковски в.д. директор на Државниот пазарен инспекторат, разрешена Симеска-Димоска


  Владата на денешната 109-та седница ја разреши директорката на Државниот пазарен инспекторат, Анета Симеска-Димоска. Од владината прес-служба соопштија дека Владата го назначила Горан Трајковски за нов в.д директор на Државниот пазарен инспекторат. Како што се посочува во соопштението од владината седница, новиот в.д директор Горан Трајковски е дипломиран економист и магистер по економски науки, […]

Откупот на тутунот оди брзо, 80 проценти е прва класа


  Во велешките откупни центри тече откупот на тутунот, задоволни се и производителите и откупувачите од сите три откупни центри, вели извор за „Агротим“. Прва класа на тутун се откупува за 300 денари, втора за 240, трета за 180 денари. Во велешко Богомила има три откупни центри на тутун и просечно дневно се откупува 5-7 […]

Италијанската компанија „ИРД Инжинеринг“ ќе врши надзор на изградбата на Коридор VIII и Коридор X-д


  Јавното претпријатие за државни патишта информира дека  за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-d е избрана италијанската компанија „IRD Engineering“. „По објавениот оглас за јавната набавка за надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор VIII и Коридор X-д на 15 септември 2022 година, и доставувањето […]

Русија веќе почна да ѝ продава нафта на Индија со загуба


  Обидот за проширување на извозот на исток поради западните санкции продолжува да ја уништува руската економија базирана на ресурси. Следејќи ги компаниите за јаглен и металурзите, кои се соочија со „негативна профитабилност“ на испораките на азиските пазари во летото, нафтената индустрија, главниот извор на извозна заработка на Русија, почна да работи во минус. Испораките […]