Секоја трета британска фирма се соочуваа со недостиг на работници


 

Речиси една третина од компаниите во Велика Британија се соочуваат со недостиг од работници, покажуваат податоците од новото истражување на британската Канцеларија за национална статистика (ОНС).

Според резултатите од истражувањето, 32 отсто од анкетираните компании со 10 или повеќе вработени изјавиле дека им недостига персонал. Додека компаниите во секторот за здравство и социјални услуги биле особено погодени, при што 51 од нив пријавиле недостиг на персонал.

Истражувањето покажува и дека пет проценти од компаниите планираат отпуштања во следните три месеци. Повеќе од две третини од овие фирми изјавија дека мора да ги намалат трошоците за персоналот, а 29 отсто од нив соопштија дека кратењата ќе влијаат на работните места што „повеќе не се потребни“.

ОНС наведува дека приближно секој шести бизнис е погоден од работничките протести во Велика Британија, вклучително и штрајковите на железничките и поштенските работници во ноември 2022 година.

Во средината на декември, ОНС објави дека невработеноста се зголемила на 3,7 отсто во периодот август-октомври, но основните плати се зголемиле на највисоко ниво од почетокот на евиденцијата во 2001 година, со исклучок на периодот на пандемијата со Ковид-19.