ТИРЗ годинава со најголеми резултати откако постои


 
Технолошко индустриските развојни зони ја завршија 2022 година со нови инвестиции од над 430 милиони евра, што е најдобар резултат од постоењето на ТИРЗ. Веќе во октомври лани е надмината највисоката граница на извоз од три милијарди евра, што беше претходен највисок резултат, постигнат во 2021 година.
 
Само во текот на минатата година во технолошко индустриските развојни зони се отворени над 2.000 нови и добро платени работни места. Од 2017 година досега во ТИРЗ се отворени над 10.000 нови работни места, што е за 160 проценти повеќе работни места од оствареното во периодот 2007 – 2016 година.
 
-Платите растат и прв пат во 2021 ги надминаа просечните во целата економија. Инвестициите во ТИРЗ растат и се окрупнуваат. Оваа година започнува со нова инвестиција од Северна Америка, која ќе донесе  нови работни места, во тек се преговори со други компании за вложувања во ТИРЗ, соопштија од СДСМ.