Ковачевски: Се анализира пресудата на Арбитражниот суд во Париз


  Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека се анализира пресудата на Арбитражниот суд во Париз по што јавноста ќе биде информирана. – Тоа е договорот од времето на Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи прави соодветна информација и анализа за овој случај и штом таа биде готова, ќе биде  доставена до Владата и […]

Нето платата во октомври 33.104 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври  годинава изнесува 33 104 денари и во однос на октомври лани е зголемена за 13,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (19,6 проценти), Објекти за […]

Најдобрите, најрастечките, најтранспарентните- доделени годишните награди на Македонската берза


Македонската берза ги додели годишните награди за 2022 година за котираните компании членките на Берзата и други субјекти поврзани со македонскиот пазар на хартии од вредност. Добитник на наградата во категоријата „Акција со најголем промет во 2022 година“ во конкуренција на акционерски друштва над 50 милиони пазарна капитализација е „Комерцијална банка“ АД Скопје, а во […]

Ковачевски во „Бучен Козјак“ разговараше за антикризните мерки


  Антикризните мерки наменети за компаниите ќе придонесат да се стабилизираат цените во малопродажба, а со тоа се штита и граѓаните од ценовните шокови, рече премиерот Димитар Ковачевски кој заедно со министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство и за внатрешни работи, Љупчо Николовски и Оливер Спасовски, денеска ја посетија компанија од млечната индустрија „Бучен Козјак“ во Куманово. […]

Две награди за Макстил од Македонска берза


Макстил е добитник на две награди од Македонска берза за хартии од вредност, награда за „Акција со најголем пораст на цената во 2022 година“ и  награда за „Акција со најголем пораст на прометот во 2022 година“. Изборот на наградените друштва кои котираат на македонската берза и компании во различни категории се прави врз основа на […]

Андонов: Раст на домашното производство на струја од ЕСМ и ТЕЦ „Неготино“ за 26 проценти


Од почетокот на годинава заклучно со 19 декември домашното производство на електрична енергија од ЕСМ и ТЕЦ „Неготино“ е зголемено за 26 проценти на 3.946 гигават часови. За споредба во истиот период во 2021 година, ЕСМ и ТЕЦ „Неготино“ произвеле 3.130 гигават часови на електрична енергија, информира денеска на прес-конференција Виктор Андонов, советник за енергетика […]

ЕУ издвојува 186 милиони евра за промоција на земјоделско-прехранбени производи


Европската комисија ќе додели 185,9 милиони евра во 2023 година за финансирање на промоција на одржливи и висококвалитетни земјоделско-прехранбени производи од Унијата. Работната програма за политики за промоција за 2023 година, која Комисијата ја усвои пред неколку дена, придонесува за реализација на политичките приоритети на Европската комисија за периодот 2019-2024 година, а особено на стратегијата „од терен […]

Јаневски: Во 2022 година повеќе од 2,8 милиони ноќевања и 430 милиони долари девизен прилив од туризмот


Со веќе остварените 2,6 милиони ноќевања во првите 10 месеци од годинава, туристичкиот сектор успеа да ја постигне поставената цел за 2022 година, а до крајот на годинава се очекува да има повеќе од 2,8 милиони ноќевања, информира директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), Љупчо Јаневски. – Во првите три квартали […]

Пресудата од Арбитражниот суд во Париз е пристигната во Владата, во тек е нејзина анализа


Пресудата на Арбитражниот суд во Париз со кој Северна Македонија ќе треба да плати оштета за договорот за ОКТА е пристигнат во Владата пред два-три дена и во моментот се разгледува и анализира од страна на адвокатскиот тим ангажиран од Владата. Советникот за енергетика во Кабинетот на премиерот Димитар Ковачевски денеска на прес-конференција рече дека […]

„Макпетрол“ нема да увезува и испорачува природен гас до потрошувачите


Поради чувствителноста на ситуацијата и јавниот интерес на оваа тема, „Макпетрол“ АД Скопје ја известува јавноста дека од 1 јануари 2023 година, Компанијата нема да увезува и да им испорачува природен гас на своите потрошувачи. Причината за оваа ситуација се новите услови на работа кои ги предвидува прерано потпишаниот Договор за интерконекција помеѓу државното претпријатие […]

Ангеловска-Бежоска: Забрзан економски раст со здрав банкарски сектор што поддржува зелена и дигитална трансформација


   Здравиот и развиен финансиски сектор е значаен за поттикнување на економскиот раст. Финансискиот систем што е доволно голем, диверзифициран, добро регулиран и сфатен може да придонесе за подобар животен стандард и унапредување на социјалната инклузија, намалувајќи ја со тоа сиромаштијата, посочи гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на панел-дискусијата „Сиромаштијата, економскиот раст и финансискиот […]

Русите нема каде да продадат 30 милиони челик


  Руската металургија, една од клучните индустрии, која сочинува 18 отсто од производството и 8 отсто од националниот БДП, е на работ на најтешката криза од распадот на СССР. Европските санкции, кои ги отсекоа производителите на челик од клучниот пазар, оставија милиони тони челик неподигнати и ги ставија фабриките во ризик од намалување на производството […]

(Во живо) Андонов ќе информира за енергетската состојба


Прес-конференција ќе одржи соработникот за енергетика во Канцеларијата на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Виктор Андонов на која ќе информира за енергетската состојба. Проследете ја во живо:

Италија го продава државниот авиопревозник, веројатно на германската „Луфтханза“


Италијанската премиерка Џорџа Мелони официјално ја одобри продажбата на почетниот малцински удел во ИТА Ервејс, во настојувањето да ја олесни полната приватизација на државниот воздушен превозник. Со нацрт-уредбата во која „Ројтерс“ имал увид, се пропишува дека воздушниот превозник кој го купувба мора да поседува мнозински дел во ИТА по завршувањето на приватизацијата, јасно давајќи на […]

Агенцијата за пошти ќе одржи јавен состанок


  Агенцијата за пошти денеска ќе го одржи 19-иот јавен состанок. На дневен ред на состанокот се рекапитулација на активностите на Агенцијата за пошти во 2022 година, статистички извештај за поштенските активности во Република Северна Македонија за првото полугодие од 2022 година, истражување за потребите на корисниците на поштенските услуги за 2022 година и планови и […]

Битиќи: Секое домаќинство годинава доби субвенција од 21.000 денари за струја


Потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во емисијата „Економски магазин“ на телевизија Алсат истакна дека  годинава сите антикризни мерки се во вредност од 760 милиони евра и тоа економските мерки, не сметајќи го плаќањето на електрична енергија. Притоа, секој граѓанин оваа година е субвенциониран со 6.800 денари, или секое домаќинство добива субвенција од 21.000 денари оваа […]

Руските олигарски масовно ги продаваат авионите за да не им бидат запленети од ЕУ


  Западните санкции и амандманите на законодавството на ЕУ што дозволуваат конфискација на имотот на санкционираните руски граѓани предизвикаа бура кај богатите Руси и владините агенции. Бизнисмените, вклучително и милијардери од листата на „Форбс“, како и државните банки и државните корпорации, масовно се обидуваат да се ослободат од своите деловни авиони, изјавија за „Москва тајмс“ […]

Следната година уште потешка за автомобилската индустрија, велат познавачи


  Финансискиот директор на „Фолксваген“ смета дека 2023 година ќе биде „уште попредизвикувачка“ година за автомобилската индустрија од оваа, пред сѐ поради инфлацијата и влошените економски прогнози коишто ќе влијаат на падот на побарувачката за нови автомобили. Сепак, ова најверојатно значи дека и цените ќе бидат пониски. Арно Анлиц, главен финансиски директор на групацијата нагласи […]

Трка за тутун: Најмногу се откупува во прва класа


  Откупот на тутунот е при крај и веќе се откупуваат последните килограми произведен тутун. Годинешната реколта се откупува во 200 откупни пунктови на целата територија на државата преку 10 регистрирани откупни претпријатија. Според процените, откупот на тутун се очекува целосно да биде завршен пред Нова година, пишува „Агротим“. „Најголем дел од откупот е завршен […]

Конференција: Потребни се системски решенија за справување со глобалната криза со енергија и храна


  Проблемот со енергетската криза не може да се реши преку ноќ, потребни се системски решенија, оцени вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи за клучните мерки што ги презема Северна Македонија во услови на текованата економскао-енергетска криза. -Проблемите треба системски да се решаваат. Ако системски не се решаваат, проблемите се зголемуваат. Пример, сме зборувале за […]