Бил Гејтс стана акционер во „Хајнекен“


 

Бил Гејтс го пријави својот удел во „Хајнекен холдинг“ за прв пат минатата недела.
Гејтс пријави 3,76 отсто капитален удел со право на глас. „Хајнекен“ Heineken е 53 отсто во сопственост на инвестициската фирма L’Arche Green од семејството „Хајнекен“.

Акционерите ги имаат истите права на добивка и дивиденда како „Хајнекен“, која е котирана на AEX, но трговијата е многу помала.

Инвестирањето во акции на „Хајнекен“ е ситна сума за Американецот, кој според последните податоци на „Блумберг“ вреди 116 милијарди долари.

За споредба, наследничката на Хајнекен, Шарлин де Карваљо, вреди 15,2 милијарди долари.