Нова драма за акционерите на „Кредит Свис“: Директорот Леман под истрага, акциите на рекордно ниско ниво


 

Акционерите на швајцарската банка „Кредит Свис“ (Credit Suisse) доживуваат нова агонија: акциите паднаа на ново рекордно ниско ниво по објавата дека швајцарскиот финансиски регулатор „Финма“ (Finma) ги истражува наводните невистинити изјави на извршниот директор Аксел Леман.

Во интервју за „Блумберг“ на почетокот на декември, непосредно пред докапитализацијата, Леман тврдеше дека одливот на средства на клиентите е запрен, што не е точно. Во целиот последен квартал од минатата година, клиентите повлекле дури 111 милијарди франци од банката.

Цената на акцијата флуктуираше речиси десет отсто пониско, на 2,52 франци. Минатата година финансиската јавност беше шокирана од високата загуба на банката (од 1,59 милијарди франци во вториот квартал), што беше и резултат на прекумерната изложеност на пропаднатиот инвестициски фонд Archegos Capital Management, пренесува СЕЕбиз.