„Гугл“ ќе ја купи хрватската апликација за математика „Фотомат“


„Гугл“ ја купува хрватската апликација „Фотомат“ (Photomath), објави Ројтерс. Купувањето допрва треба да биде потврдено од регулаторните органи на Европската унија. Рокот за таа одлука на регулаторните органи е 28 март оваа година.

Надзорот за конкуренција на ЕУ може да го одобри договорот со или без правни лекови по прелиминарен преглед, или може да отвори четиримесечна истрага доколку има сериозни грижи.

„Можеме да потврдиме дека склучивме договор за стекнување на „Фотомат“ во мај 2022 година, предмет на регулаторна проверка“, рече портпаролот на „Гугл“.

„Технологијата на ‘Фотомат’ ќе му помогне на ‘Гугл’ да ја подобри својата способност да обезбеди подобри искуства за учење математика за учениците, помагајќи да се изгради понудата за помош за домашните задачи на ‘Гугл’ за корисниците“, рече тој.

Апликацијата ‘Фотомат’ користи камера на паметен телефон или научен калкулатор за да идентификува и објасни симболични математички проблеми. Инвеститори во компанијата се Menlo Ventures, LearnCapital, Goodwater Capital, GSV Ventures и Cherubic, пишува Reuters.

Дамир Сабол, основач и извршен директор на ‘Фотомат’, ја потврди за Лидер веста за преземањето. Точно е дека потпишаа договор со „Гугл“ за преземање на „Фотомат“.

– Да, потпишавме договор за преземање, под услов на одобрение од регулаторните тела на Европската унија, кој е во тек и се уште не е завршен – накратко изјави Сабол.

Сепак, тој засега не можеше да коментира повеќе од тоа, токму затоа што договорот во моментов е предмет на одобрување од регулаторните органи.