„Макпетрол“: намалени цените на природниот гас и на метанот за мај


Согласно договорот помеѓу „Макпетрол“ АД Скопје и „Гаспром експорт“, како и движењето на цената на  природниот гас на светските берзи, „Макпетрол“ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец мај ќе се намали за 0,85% за мегават час, во однос на цената за месец април ова година. […]

Неџат Курт назначен за генерален директор на „ТАВ Македонија“, Метин Батак заминува во „ТАВ Тунис“


„ТАВ Македонија“, подружница на „ТАВ Аеродроми“, го назначи Неџат Курт за нов генерален директор, од 1-ви месецов. Метин Батак ја напушта позицијата генерален директор и ќе биде назначен за член на Извршниот одбор на компанијата „ТАВ Тунис“, која што управува со аеродромите „Енфида Хамамет“ и „Монастир“. Курт работи во воздухопловниот сектор 23 години, а уште […]

Шпанија: Владата и синдикатите бараат поголема минимална плата, работодавачите против


  Шпанската министерката за труд Јоланда Дијаз и двата главни шпански синдикати, УГТ и ЦЦ.OO повторно го повикаа најголемото здружение на работодавачи во земјата, ЦЕОЕ, да најде договор за зголемување на платите, во спротивно ќе повикаат на национални штрајкови. На Денот на трудот, илјадници луѓе се приклучија на повеќе од 70 демонстрации организирани од синдикатите […]

Дизелот поевтинува за два денари за литар, бензините за еден и 1,5 денари


Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) од полноќ се намалува за 2,00 денари, на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 за 1,00, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе биде 69,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава за […]

За 1,2 отсто зголемен бројот на работници во индустријата во првиот квартал


Во првиот квартал годинава споредено со истиот квартал лани бројот на работници во индустријата се зголемил за 1,2 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика. Во март годинава во однос на март минатата година статистиката евидентира зголемување од 1,1 процент на работниците во индустријата. Во секторот Рударство и вадење камен во март годинава, во однос […]

„Алкалоид“ – најпосакувана македонска компанија за вработување во 2022 година


Компанијата „Алкалоид“ е најатрактивен работодавец, односно најпосакувана македонска компанија за работа за 2022 година, според анкетата спроведена од веб-порталот на Агенцијата за посредување при вработување „Вработување.ком“. На јавното анкетно истражување спроведено во периодот од 26.5.2022 до 19.6.2022 година дури 41 % од вкупно 1.468 испитаници одговориле дека би сакале да работат во „Алкалоид“. Наградата му […]

Турција предничи во светот според сопственоста на дигитални валути, Аргентина веднаш зад неа


Нестабилните криптовалути стануваат, по се изгледа, сигурни засолништа за капиталот во некои делови од светот, како што се Аргентина и Турција, каде високата инфлација и падот на локалните валути ги принудија граѓаните да бараат спас во дигиталните пари, наведува Хина. Во однос на сопственоста на дигиталните валути во светот, Турција предничи со удел од 27,1 […]

Бранко Азески за Доне Танески: „Дојде тивко и остана коморски човек засекогаш“


  Доне Танески деновиве ја напушти водечката позиција во „Македонија турист“. Застана на чело на Надзорниот одбор. Раководењето со оваа реномирана компанија ја презедоа млади кадри. По тој повод претседателот на Стопанскaта комора на Македонија, Бранко Азески, заедно со Дејан Азески се осврнуваат на кариерата на Танески и неговиот придонес во македонската економија. „Но, неговата […]

Елемент ПР дел од жири комисијата на глобалните Поларис награди


Агенцијата за односи со јавност и корпоративни комуникации, Елемент ПР стана дел од жири комисијата на глобалните Поларис награди (Polaris Awards) каде секоја година се доделуваат награди за најдобрите стратешки комуникации во изборни кампањи, соопштија од Елемент ПР. Извршната директорка на Елемент ПР, Татјана Лопарски е дел од 35-члената меѓународна жири комисија составена од искусни […]

Вицегувернерката Митреска: Нема одржлив и инклузивен економски раст без родова еднаквост


  „Не може да се зборува за одржлив и инклузивен раст без родова еднаквост. Концептот на еднакви можности и еднакви шанси е единствениот начин да се искористи целосниот економски потенцијал на една земја. Сепак, само половината од женското работоспособно население во светот се активни, за разлика од машкото население каде што активноста е околу 75%. […]

Challenge Day – Најталентираните ќе добијат стипендија до 70 отсто во СЕДЦ


Сивус едукативен и развоен центар го организира традиционалниот  „Challenge Day“, каде најперспективните и најталентираните учесници ќе имаат можност дa добијат до 70% стипендија за академиите во различни IT области. Настанот ќе се одржи на 6 мај, сабота, од 13 до 16 часот во просториите на едукативниот центар во Скопје и Охрид. Пријавувањето за овој настан […]

Шеќерот е за 61 отсто поскап од лани


Еуростат објави дека цените на шеќерот во Европската Унија се зголемени за 61 отсто во февруари и март 2023 година во споредба со истиот период од претходната година. Најголем пораст е забележан во Чешка (98 отсто), Естонија (97 отсто), Полска, Германија и Латвија, додека помал пораст на цените е забележан во Унгарија (17 отсто), Луксембург […]

Индустриското производство во март зголемено за 1,3 отсто


Индустриското производство во март годинава во однос на март лани е зголемено за 1,3 отсто. Во првите три месеци од 2023, пак,  во спроредба со истиот квартал лани бележи раст од 0,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2023 година, во […]

МЗШВ почнува голема теренска информативна кампања за ИПАРД


Министерството за земјодлество, шумарство и водостопанство денска во Скопје официјално ќе го означи почеток на големата теренска информативна кампања за ИПАРД-Инструментот за предпристапна помош за рурален развој, со презентирање на резултатите од досегашната ИПАРД 2 програма и новите можности кои се ставаат на располагање преку новата ИПАРД 3 програма. Како што соопштуваат од МЗШВ, на […]

Џек Дорси повеќе не мисли дека Илон Маск е вистинската личност за водење на Твитер


Поранешниот извршен директор на Твитер, Џек Дорси, во саботата отстапи од неговото претходно одобрување за Илон Маск како вистински избор да ја води компанијата, говорејќи против милијардерот кој во последните шест месеци го водеше Твитер низ серија кризи кои во голема мера ги направи самиот. Запрашан на Блускај (Bluesky), новиот потфат на социјални медиуми на […]

Оваа фаза од банкарската криза е завршена, вели директорот на Џеј-Пи Морган


Според извршниот директор на Џеј-Пи Морган Чејс (JPMorgan Chase), Џејми Димон, кризата што урна три регионални американски банки во последниве недели е во голема мера завршена по решавањето на банката Фрст Рипаблик (First Republic). Џеј-Пи Морган се појави како победник на викенд аукцијата за Фрст рипаблик, откако регулаторите одлучија дека истече времето за решение. Федералната […]

Прогноза: За пет години ќе исчезнат 14 милиони работни места


Светскиот економски форум (СЕФ) објави дека 14 милиони работни места во светот ќе исчезнат во следните пет години. Врз основа на истражување во кое учествуваа повеќе од 800 компании, СЕФ очекува дека работодавците ќе отворат 69 милиони работни места до 2027 година, додека 83 милиони работни места ќе бидат елиминирани, пренесува Си-Ен-Ен. Затоа, ќе исчезнат […]

Ова се 5-те најголеми европски компании според бројот на вработени


Иако политичките и економските нарушувања зафатија многу сфери на бизнисот, пред се преку рекордната инфлација, тие немаа значително влијание врз европскиот пазар на труд. Некои од најголемите европски компании беа „недопирливи“ во однос на вработените, а пазарот беше заштитен од отпуштања поради одговорот на блокот на пандемијата на коронавирус, бидејќи брзите вакцини доведоа до брзо […]

Груби: Прогнозите се дека „Бехтел и Енка“ ќе ангажира над 70 отсто локална работна сила


Според посебниот Закон и Договорот, конзорциумот „Бехтел и Енка“ за изградба на коридорите 8 и 10д е обврзан да ангажира најмалку 51 отсто од локалните ресурси, објави првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците во објава на Фејсбук. – Во Косово над 70 отсто од вработените биле локални, додека во Албанија […]

Запрена продажбата на „Интерспорт“


  Полскиот фонд „Ентерпрајз инвесторс“ (Enterprise Investors) ја запре продажбата на најголемиот регионален синџир за спортска опрема „Интерспорт“ (Intersport), потврди партнерот на фондот Михал Кеџиа во интервју за „Дело“. Продажбата е стопирана бидејќи фондот не бил задоволен од пројавениот интерес, иако имало потенцијални заинтересирани. „Интерспорт“ е во портфолиото на полскиот фонд повеќе од пет години. […]