Запрена продажбата на „Интерспорт“


 

Полскиот фонд „Ентерпрајз инвесторс“ (Enterprise Investors) ја запре продажбата на најголемиот регионален синџир за спортска опрема „Интерспорт“ (Intersport), потврди партнерот на фондот Михал Кеџиа во интервју за „Дело“.

Продажбата е стопирана бидејќи фондот не бил задоволен од пројавениот интерес, иако имало потенцијални заинтересирани.

„Интерспорт“ е во портфолиото на полскиот фонд повеќе од пет години. Неговата продажба „Ентерпрајз инвесторс“ ја почна кон средината на минатата година.

„Интерспорт“ има повеќе од 140 продавници во регионот, вклучувајќи ги и пазарите во Словенија, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Албанија, Косово и Северна Македонија.

„Ентерпрајз инвесторс“ е една од најголемите компании со приватен капитал во Централна и Источна Европа. Во земјите од регионот, тие имаат силно присуство во Хрватска, каде што го поседуваат малопродажниот сиџир „Студенац“ и пекарската индустрија „Пан Пек“.