Деспотовски потврди дека платата е поголема за 78 отсто, дискусијата да се води каков е учинокот на функционерите


Директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) Јован Деспотовски смета дека прво, врз основа на мерливи и објективни критериуми, треба да се согледа колку функционерите сработиле и колкав е нивниот учинок, па дури потоа да се дискутира дали нивната плата е голема или мала. Според Деспотовски, платите приоритетно треба да им се зголемат […]

Три нови странски инвестиции во ТИРЗ, за едната потпишување договор кон крајот на мај


Трите нови странски инвестиции кои ги најавува ТИРЗ ќе бидат во Скопје, Скопје – Штип и Кичево. Со компаниите се постигнати договори, а со една од нив потпишувањето е закажано за крајот на мај, соопшти денеска директорот на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, Јован Деспотовски. Деспотовски информира и дека првата голема домашна компанија ќе […]

Царината заплени голема количина тутун и цигари без акцизни маркички


Во координирана акција на Секторот за контрола и истраги на Царинската управа со единицата за економски криминал при Одделот за крим полиција при МВР и службени лица од Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи извршена во текот на вчерашниот ден во Тетово, запленети се 260 килограми тутун, 12.800 парчиња цигари и 240 електронски […]

Бензините и дизелот поевтинуваат за два денара


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) од полноќ се намалуваат за 2,00 денари за литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 78,00 денари, ЕУРОСУПЕР БС – […]

Во првите два месеца извозот зголемен за 10,2, а увозот намален за 1,5 отсто


Вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во првите два месеца од годинава, изнесува 1.339.941.000 евра и бележи пораст од 10,2 отсто во однос на истиот период лани. Вредноста на увeзената стока, пак, изнесува 1.763.707.000 евра, што е за 1,5 отсто помалку од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика. Трговскиот дефицит, […]

Билјана Борзан: Европарламентот ќе воведе единствена ознака за трајност на производите


Пратеничката во Европскиот парламент Билјана Борзан го претстави новиот европски закон со кој ќе се забрани продажбата на уреди со вградени дефекти и ќе се воведе единствена ознака за трајност на производот во Европа. Станува збор за дел од новата директива на ЕУ за зајакнување на позицијата на потрошувачите во зелената транзиција, чиј главен автор […]

Поголемите плати на функционерите чинат 1,3 милиони евра месечно или 15 милиони годишно


Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска изјави дека зголемените плати на функционерите месечно ќе го чинат Буџетот околу 15 милиони евра годишно. „Станува збор за околу 1.000 функционери и месечно се потребни околу 80 милиони денари (1,3 милиони евра), или годишно околу 960 милиони денари (15 милиони евра)“, рече Бесими одговарајќи на новинарско прашање. На […]

Угостителските услуги во април поскапи за 12,3 проценти од истиот месец лани


Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април во споредба со март годинава се зголемени за 2,6 отсто. Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,6 отсто, Безалкохолни пијалаци за 2,8 отсто и Ноќевања за 1,5 отсто. Во одонс на […]

Законските измени за проектот со „Бехтел и Енка“ одат како владин предлог со европско знаме


  Наместо законските измени кои ги предложија пратениците за спроведување на договорот со конзорциумот „Бехтел и Енка“ за коридорите 8 и 10-д, а кои што се заглавени во Собранието, Владата денес донесе измени на пет закони кои со европско знаменце ќе ги достави до пратениците во законодавниот дом. На овој начин Владата сака да го […]

Министрите не откриваат колку им се зголемени платите


Министрите во Владата кои денеска во голем број беа на прес конференција за измените и дополнувањата за закони поврзани со реализација на проектот за изградба на коридорите 8 и 10 – д не одговорија на новинарско прашање колку им се зголемени платите.  „Во однос на платите нема ништо незаконски, туку се однесува на неуставна одлука […]

Седумнаесет државни институции и приватни компании го избраа „Рес“ за снабдувач со струја во месец април


Уште 17 компании и државни институции во текот на април го одбраа Renewable Energy Supply – РЕС за свој снабдувач со електрична енергија. РЕС во текот на минатиот месец даде најповолни понуди за снабдување на УЈП, Државниот завод за статистика, Заводот за ревизија, Агенцијата за катастар, Општина Велес, како и на реномираните стопански субјекти ОКТА, Скопски Пазар, челичарница Железник […]

(Видео) Груби, Бочварски, Бесими, Бектеши и Николовски со прес за коридорите 8 и 10д


Pрвиот заменик на претседателот на Владата, Артан Груби заедно со министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за финансии Фатмир Бесими, за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, за економија Крешник Бектеши и заменик-министерот за труд и социјална политика Енвер Хусејин, ќе одржат прес-конференција денеска, со почеток во 10:30 часот во Медија центарот во Влада. […]

Од денеска треба да почне исплатата на „Мој ДДВ“ со лимит до 2.100 денари


Од денеска треба да почне исплатата на „Мој ДДВ“ за првото тримесечје од годинава со зголемен лимит до 2.100 денари. Средствата што треба да се вратат кај граѓаните во првото тримесечје се проценуваат на околу 10 милиони евра. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска вчера во интервју за емисијата „Утрински печат“ изјави дека […]

Банкарство во метаверзумот – Вештачката интелигенција го менува начинот на кој управувате со парите


  Вештачката интелигенција (ВИ) цвета во моментов, а некои аналитичари тврдат дека тоа е најважната тема за Big Tech оваа година. Нови производи и технологии базирани на вештачка интелигенција постојано се појавуваат, а нивното влијание само ќе расте насекаде, вклучително и во банкарството. Може да очекувате дека четбот ќе одговори кога ќе се обидете да […]

Велешките улици ќе се чистат со возила од „Брако“


Општина Велес набави две електрични возила произведени од „Брако“ за одржување хигиена на градските улици. Стручните лица од нашата фабрика ги предадоа возилата и извршија обука на лицата кои ги презедоа и ќе работат со нив. Горди сме нашата компанија имаше најдобра понуда и по квалитет и по цена и што брендот на „Брако“, „Грин […]

Евростат: Во 2022 година регистрирана највисока стапка на вработеност во ЕУ


Кризата предизвикана од пандемијата со коронавирусот и војната во Украина предизвика загриженост на аналитичари дека ќе ја влоши економијата. Но, податоците на Евростат покажуваат дека барем засега нема причина за страв бидејќи 75 отсто (193,5 милиони) од луѓето на возраст од 20 до 64 години во Европска Унија биле вработени во 2022 година, што е […]

Кој е Аџеј Банга: Од директор на картичен гигант до прв човек на Светска банка


Одборот на директори на Светска банка во средата го избра поранешниот извршен директор на „Мастеркард“, Аџеј Банга, за претседател со петгодишен мандат, задолжувајќи го експертот за финансии и развој роден во Индија да ја реконструира институцијата со цел да се справи со климатските промени и другите глобални кризи. Банга (63) беше номиниран за оваа функција […]

ЕЦБ повторно ја зголеми каматната стапка, еурибор највисок од ноември 2008 година


  Европската централна банка денеска ја зголеми референтната каматна стапка за 25 базични поени додека продолжува да се бори со растечките потрошувачки цени, при што стапките сега се на нивоа што не се забележани од ноември 2008 година. Одлуката доаѓа откако податоците за инфлацијата објавени претходно оваа недела покажаа дека основната стапка се зголеми на […]

Пред 36 години отворена првата патарина – лани транзитирале 52 милиони возила


Низ патарините на коридорите 8 и 10 лани транзитирале 52 милиони возила при што е остварен вкупен приход од 53.242.070 евра што претставува зголемување за 15 проценти. Граѓаните се уште го преферираат плаќањето во готово со нешто над 55 проценти, но во подем е и електронската наплата која учествува со околу 30 проценти во вкупната […]

Во тек е исплатата на парите од социјална и детска заштита


Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2023 година. Корисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и […]