Угостителските услуги во април поскапи за 12,3 проценти од истиот месец лани


Фото: Б. Грданоски

Според податоците на Државниот завод за статистика, цените на угостителските услуги во април во споредба со март годинава се зголемени за 2,6 отсто.

Споредено по групи на услуги, зголемување е забележано во групите Храна за 3 отсто, Алкохолни пијалаци за 1,6 отсто, Безалкохолни пијалаци за 2,8 отсто и Ноќевања за 1,5 отсто.

Во одонс на април лани, пак, цените на угостителските услуги се повисоки за 12,3 отсто.

Кумулативниот индекс на цените на угостителските услуги за периодот јануари – април 2023 година, во однос на истиот период од минатата година, е зголемен за 13,5 отсто, додека во однос на декември 2022 година, е поголем за 1,6 отсто.