На ФЕИТ почна 11-тиот Робомак натпревар


На Факултетот за електротехника и информациски технологии денеска почна 11-тото издание на меѓународниот натпревар за роботика, електроника, автоматика и вештачка интелигенција – Робомак 2023. Деканот на ФЕИТ Димитар Ташковски рече дека ги поддржуваат студентите и мотивираат практично да го применат своето теоретско знаење. – Како ФЕИТ секогаш сме насочени кон тоа наученото знаење да се […]

Мицкоски наддава: Цената на коридорите ќе биде барем двапати поголема од објавената


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и денес ги продолжи нападите против договорот со „Бехтел и Енка“ тврдејќи дека обврските што ги презела Владата ја ставаат Македонија во подредена положба и создава проблем и за следната деценија. Според него, цената на коридорите ќе биде барем двапати поголема од оваа што сега се лиферува во јавноста, иако […]

Светска банка: Земјоделските политики да се насочат кон т.н. зелена транзиција


Северна Македонија е подобра од европскиот просек во однос на намалената употреба на ѓубрива и пестициди, широкопојасната интернет покриеност во руралните средини и емисијата на стакленички гасови, но не и во однос на органското производство, диверзитетот и заштитените подрачја, покажува најновиот извештајот на Светска банка за македонското земјоделство. Извештајот „Зелен раст во секторот земјоделство во […]

Бектеши: Имаме најевтини храна и горива во регионот


Министерот за економија, Крешник Бектеши денеска порача дека треба да бидеме горди на фактот што Македонија во регионот е најевтина земја во делот на цените на прехранбени производи и нафтени деривати. -Иако нафтените деривати се берзански производи, секоја Влада има простор процентуално да влијае во утврдување на цените, посебно во делот на фискалните политики каде […]

Авионските летови и цигарите најмногу поскапеле во април, поевтини се маслото, млекото, лебот


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, изнесува 100.7, а индексот на цените на мало изнесува 101.4. Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2023 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај цигарите за 8.1 %, свежиот […]

Поевтинуваат горивата


Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се намалува за 1,00 денари, а на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни ресурси. Новата цената на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде […]

Мукаетов: Успехот на „Алкалоид“ се должи, пред сѐ, на квалитетот на луѓето кои работат во компанијата


    Првиот човек на „Алкалоид“, Генералниот директор и Претседател на УО, Живко Мукаетов во интервју за „Алџезеира Балканс“ (Al Jazeera Balkans) вели дека успехот на оваа наша реномирана фармацевтска компанија, се должи пред сѐ на квалитетот на луѓето кои работат во неа, на квалитетот на производите, адаптибилноста и на постојаните инвестиции. Компанијата „Алкалоид“ веќе […]

Азески во Приштина – ќе се дефинираат регионални приоритети и нови иницијативи на КИФ


Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, кој има улога на ко-претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ) денеска во Приштина, ќе има средба со претседателот на Коморскиот инвестициски форум Лулзим Рафуна, кој е и претседател на Стопанската комора на Косово. Во состав на делегацијата што ја предводи Азески во Приштина се и генералниот […]

Народните обврзници се добар тест за пазарот, верувам дека ќе има интерес, вели директорката на Загрепска берза


Издавањето народни обврзници би бил добар тест за пазарот, да се испита како размислуваат граѓаните и инвеститорите, да се задолжи државата на домашен терен, да се испита колкава доверба имаат граѓаните во државата, а верувам дека ќе има интерес, вели во интервју за МИА Ивана Гажиќ, директорката на Загрепска берза, којашто учествува со 30 проценти […]

Презентација на извештајот „Зелен раст во секторот земјоделство во Северна Македонија“ на Светска банка


Светска банка денеска ќе го презентира извештајот насловен „Зелен раст во секторот земјоделство во Северна Македонија“, кој ќе биде претставен на претставници од земјоделскиот сектор во земјата.   Како што информираат од Канцеларијата на СБ во државава, на презентацијата воведно обраќање ќе имаат министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски и Фрауке Јунгблут, менаџер […]

Инфографика: Како инфлацијата влијае врз реалните камати на кредитите


Каматните стапки играат клучна улога во економијата, бидејќи подеднакво влијаат на потрошувачите, бизнисите и инвеститорите. Тие можат значително да влијаат на способноста на населението да позајмува средства, да управува со долгот и да купува поскапа стока, како што се автомобили и недвижен имот, пишува Вижуал капиталист. Овој графикон користи податоци од Infinity Asset Management за […]

Цените на храната во светот пораснаа за прв пат по една година


  Глобалниот индекс на цените на храната се зголеми во април оваа година за прв пат по една година и е на ниво приближно 20 отсто повисоко од рекордното ниво постигнато во март 2022 година по руската инвазија на Украина. Индексот на Организацијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), кој ги следи цените на […]

Германија планира милијарди евра субвенции за индустриска електрична енергија


Германскиот министер за економија Роберт Хабек го претстави концептот на двофазен тарифен систем за индустриска електрична енергија со милијарди евра субвенции. Крајната цел е поконкурентна цена на струјата за домашната економија. „Енергетски интензивните компании се основата на германската економија, а со тоа и на нашата благосостојба“, се вели во планот што Министерството го претстави во […]

„Еуроникел индустри“ се подготвува да отпочне со редовно производство


  Металуршкиот комбинат „Еуроникел индустри“ соопшти денеска дека се подготвува да отпочне со редовно производство. „Менаџментот и инвеститорите, посветено работат на отпочнување со редовно производство и рестартирање на сите процеси до целосна активност на комбинатот. Се прават подготовки за постепеното активирање на сите процеси, што вклучува набавка на суровини, замена на потрошни материјали, достигнување на […]

За четири месеци издадени лиценци за 161 фото-електрична централа


 Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) во првите четири месеци од годинава има издадено лиценци за 161 фото-електрична централа (ФЕЦ) со моќност од 54.8 мегават часови. -Енергетската транзиција е реалност и е директен одговор на енергетската криза. Во државава за шеснаесет месеци се вклучени на мрежа нови капацитети од обновливи извори со вкупна […]

Критики за европското знаменце на законите за коридорите, реакции и за прекувремената работа


Владата вчера усвои измени на пет закони поврзани со изградбата на автопатите на коридорите 8 и 10д и ги достави до Собранието со европско знаменце. Целта, како што образложи, е да се овозможи усвојување на законските измени што се блокирани во Собранието, како и да се забрзат процедурите и да се намалат роковите заради ефикасност […]

Од октомври пониски цени во роаминг меѓу Западен Балкан и ЕУ


Цените на роаминг тарифите за пренос на податоци меѓу ЕУ и Западен Балкан од октомври годинава значително ќе се намалат, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација, пренесувајќи ја објавата од Европската комисија дека телекомуникациските оператори постигнале договор да го направат подостапен роамингот за граѓаните и бизнисот во двата региона, врз основа на Декларацијата за роаминг […]

Тринаесет проценти раст на нето-платите во ТИРЗ и десет отсто поголема нето-добивка


Динамиката на раст на нето-платата во ТИРЗ ја надминува динамиката на раст на нето-платата во националната економија. Регистрираме близу 13 проценти зголемување на нето-платата во 2022 година во однос на 2021-ва, но тоа не е доволно. Сметам дека ова е поле во кое можеме да вложиме напор за дополнително да го подобриме животниот стандард на […]

Застарените информациски системи во УЈП ризик за безбедноста на податоците


Државниот завод за ревизија изврши ревизија на успешност – ревизија на информациски системи на тема „Ефективност на информацискиот систем во Управата за јавни приходи за администрирање на јавните давачки“, за да одговори на прашањето „Дали дизајнот на информацискиот систем на УЈП овозможува ефикасно, комплетно и одржливо управување со јавните давачки?“. Воспоставениот дизајн на информациски систем […]