БРАКО гради нова хала за зголемување на производството на возила


Велешката фабрика БРАКО започна со изградба на нова хала во која ќе се прошири производството на возила за одржување хигиена во урбани средини. Зголемените нарачки од клиенти од целиот свет ја отворија потребата од проширување на линијата и од нов простор за производните активности. Халата ќе се протега на површина од 4500м2, ќе се гради …

БРАКО гради нова хала за зголемување на производството на возила Read More »

Инфлацијата во Шпанија на најниско ниво од почетокот на војната во Украина


  Шпанската потрошувачка инфлација забави на 6,8 проценти на годишно ниво во ноември, што е најниско ниво од почетокот на руската инвазија врз Украина во февруари, соопшти денеска националниот завод за статистика во Мадрид, ИНЕ. Олеснувањето на растот на цените во четвртата по големина економија во Европската унија во голема мера може да се припише …

Инфлацијата во Шпанија на најниско ниво од почетокот на војната во Украина Read More »

Доделени наградите на ученици од конкурсот за Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври


  Народната банка и Министерството за финансии денеска во Музејот на Народната банка ги доделија наградите освоени од учениците во рамките на Конкурсот за избор на најдобри ликовни и литературни творби по повод Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври. На традиционалниот настан којшто годинава се одржува по десетти пат, пред присутните се обратија гувернерката …

Доделени наградите на ученици од конкурсот за Светскиот ден на штедењето ‒ 31 октомври Read More »

Што треба да направите за да бидете корисник на земјоделски субвенции


Земјоделското производство последниве години станува се поактуелно и атрактивно за инвестирање или започнување на семеен бизнис. Случувањата со пандемијата и војната во Украина уште повеќе ја потенцираa важноста на оваа стопанска гранка, бидејќи се работи за храната на граѓаните. Линк до целиот текст тука

Русија планира „гасна унија“ со две соседни земји


 Русија разговара за потенцијална „гасна унија“ со Казахстан и Узбекистан со цел да го зголеми снабдувањето со гас меѓу трите земји и да им го понуди на други клиенти, вклучително и Кина, јавија денеска некои руски медиуми цитирајќи изјава на рускиот вицепремиер Александер Новак. Новак не објаснил што ќе значи гасната унија ниту во која фаза се разговорите. Портпаролот …

Русија планира „гасна унија“ со две соседни земји Read More »

Јавните комунални водоводни претпријатија од четврток со пониски цени за струја


  Од четврток јавните комунални водоводни претпријатија ќе добијат поевтина цена на електрична енергија која ќе им биде обезбедена преку „ЕСМ продажба“ и ќе им помогне на овие комунални претпријатија да ја подобрат ликвидноста, посочи Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) на состанок со преставници од Здржението на даватели …

Јавните комунални водоводни претпријатија од четврток со пониски цени за струја Read More »

МТСП: Во тек е етапната исплата на ноемвриските пензии


Министерството за труд и социјална политика соопшти дека денеска почнува етапната исплата на пензиите за месец ноември. Подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 29.11.2022 година …

МТСП: Во тек е етапната исплата на ноемвриските пензии Read More »

Месна индустрија: Ако се укинат давачките на увозните суровини поевтинување на производите за над 10 отсто


Преработувачите на месо, како одговор на кризата и намалената куповна моќ на потрошувачите, најавуваат акција „Домашни квалитетни евтини месни производи достапни за секој наш граѓанин“. Ова е договорено на работниот состанок што го организира Групацијата за преработка на месо и производи од месо во Стопанската комора на Северна Македонија. Месната индустрија уште еднаш апелира Владата …

Месна индустрија: Ако се укинат давачките на увозните суровини поевтинување на производите за над 10 отсто Read More »

Лагард: Инфлацијата во Европа сè уште не го достигнала својот максимум


Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард денеска во Европскиот парламент изјави дека не е убедена дека инфлацијата го достигнала врвот откако ги надминала највисоките регистрирани нивоа во еврозоната. Лагард, исто така, им соопшти на европратениците дека ЕЦБ не завршила со зголемувањето на каматните стапки со цел да се ублажат ефектите од растот на …

Лагард: Инфлацијата во Европа сè уште не го достигнала својот максимум Read More »

Банкротираше „БлокФи“, нов тежок удар за пазарот на криптовалути


  Крипто компанијата „БлокФи“ (BlockFi) поднесе барање за заштита од стечај според  Поглавје 11 во стечајниот суд на Соединетите држави за округот Њу Џерси. Во пријавата, компанијата вели дека има повеќе од 100.000 доверители, со обврски и средства кои се движат од 1 милијарда до 10 милијарди долари. Во поднесокот, компанијата наведе неподмирен заем од …

Банкротираше „БлокФи“, нов тежок удар за пазарот на криптовалути Read More »

Економско заздравување или подгревање на инфлацијата: На ред 263 амандмани за Предлог-буџетот за 2023 година


  Членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет вечерва го завршија општиот претрес по Предлог-буџетот за 2023 година. Од среда почнуваат со амандманската расправа во рамките на која треба да се разгледаат 263 амандмани од кои 199 се поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. И денеска на третиот ден од општата расправа власта и опозицијата беа …

Економско заздравување или подгревање на инфлацијата: На ред 263 амандмани за Предлог-буџетот за 2023 година Read More »

Маслиновото масло може да стане луксузен производ во Шпанија


  Шпанскиот министер за земјоделство Луис Планас денеска изјави дека е загрижен оти маслиновото масло може да стане луксузен производ во Шпанија, јави Анадолија. „Овие производи се важни. Но, за производ како маслиновото масло, важно е да остане достапен и за средната класа“, вели Планас во интервју за шпанската телевизија „Онда Серо“. Големата суша и …

Маслиновото масло може да стане луксузен производ во Шпанија Read More »

Три нови трендови: Глобалната економија е пред сериозни шокови


Светот се движи кон длабоки економски и финансиски промени, а не само кон нова рецесија, предупредува Мохамед А. Ел-Еријан, главен економски советник во Allianz. Во авторски текст за магазинот Foreign Affairs, Ел-Еријан, кој е и поранешен извршен директор на Pimco, влијателен играч на пазарот на обврзници, оценува дека комбинацијата на притисоци на страната на понудата, …

Три нови трендови: Глобалната економија е пред сериозни шокови Read More »

Поради зголемените цени сè повеќе Европејци тешко ги покриваат основните трошоци


Белгија– Сè повеќе Европејци сè потешко врзуваат крај со крај поради растот на цените, покажуваат податоците во денеска објавениот извештај на Европската агенција за статистика. Уделот на граѓани кои имаат потешкотии да ги покријат основните трошоци се зголемил во вториот квартал во однос на претходните три месеци во осум од 10-те земји на ЕУ вклучени во …

Поради зголемените цени сè повеќе Европејци тешко ги покриваат основните трошоци Read More »

Ѓоргиевска: Економското зајакнување на жената е зајакнување на општеството во целост


Родовата еднаквост и економското зајакнувањето на жените се еден од клучните предуслови за одржлив и инклузивен развој на македонското општество и економија. Економското зајакнување на жената е истовремено индикатор за нивото на демократизација на општеството, но и патоказ кон поправеден економски развој во кој ќе има место за секого, порача денеска сопругата на претседателот, Елизабета …

Ѓоргиевска: Економското зајакнување на жената е зајакнување на општеството во целост Read More »

Нема субвенционирана струја за водечки прехранбени компании, имале фотоволтаици 


  Компании од прехранбената индустрија, иако опфатени со мерката за субвенционирана струја, не ќе може да склучат договори со ЕСМ. Аплицирале, но се одбиени зашто имале фотоволтаици. Како што велат за МИА од Стопанската комора на Северна Македонија, се работи за носечки компании во одделни прехранбени сектори. -Иако опфатени со мерката за субвенционирана струја од …

Нема субвенционирана струја за водечки прехранбени компании, имале фотоволтаици  Read More »

Што носи даночната реформа: помалку добра и услуги со повластени стапки, даночните ослободувања под лупа…


  Даночната реформа е во фаза на подготовка и ќе донесе промени кај ваучер системот, како и стеснување на листите на добра и услуги со повластени даночни стапки, изјави денеска директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска.   -Ќе има промени во делот на ваучер системот. Тоа се работи интензивно во дел на една …

Што носи даночната реформа: помалку добра и услуги со повластени стапки, даночните ослободувања под лупа… Read More »

Поскапува билетот за париското метро и картата Навиго поради енергетската криза 


  Регионот Ил де Франс ја проучува можноста за покачување на цената на единечниот билет за метро на 2,30 евра во 2023 година, јави дописникот на МИА од Париз. Моментално билетот се продава за 1,90 евра, а на 1 јануари 2023 година ќе чини 2,30 евра, што претставува зголемување од 21 отсто. Како што јавија француските …

Поскапува билетот за париското метро и картата Навиго поради енергетската криза  Read More »

МАПАС: Намалување на месечниот надомест што го наплаќа Агенцијата од пензиските друштва за 2023 година


  Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС информира дека е добиена согласност од Собранието на Република Северна Македонија, за намалување на висината на месечниот надомест, што го наплаќа Агенцијата од пензиските друштва, за 2023 година на 0,7 отсто од уплатените придонеси во секој пензиски фонд со кој управуваат друштвата. – Согласно …

МАПАС: Намалување на месечниот надомест што го наплаќа Агенцијата од пензиските друштва за 2023 година Read More »

Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии


Пензионерите од утре ќе може да располагаат со ноемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа. Готовинската исплата на пензии за пензионерите кои не користат картички ќе се изврши во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата: За пензии со висина до 11.000 денари, исплатата ќе се изврши на 29.11.2022 …

Од утре почнува исплатата на ноемвриските пензии Read More »