Бислимоски ќе заседава со Бордот на регулатори на Енергетската заедница во Атина


Промените на берзанските цени на струја од 400 евра до 1.600 евра за мегават часови, ќе биде една од темите на разговор денеска и утре на регулаторите од Енергетска заедница во Атина, каде со Бордот на регулатори ќе заседава Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и претседател на Бордот на регулатори, јави дописничката […]

Измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, поврзани со коридорите 8 и 10д, на собраниска комисија


Собраниската Комисија за економски прашања денеска ќе ги разгледува Предлог измените на Законот за минерални суровини, по скратена постапка, еден од законите поврзани со изградбата на коридорите 8 и 10д.  Измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини предвидуваат усогласување на одредбите на овој закон со одредбите на Законот за утврдување на јавен интерес и […]

Побарувањата биле резервирани, а не отпишани: МЕПСО го објаснува извештајот на ДЗР


АД МЕПСО вечерва реагираше на известувањето на, како што велат „дел од медиумите“, за извештајот на Државниот завод за ревизија во кој оваа компанија за пренос на електрична енергија доби негативни оцени и бројни сериозни забелешки за нејзиното работење.  Од МЕПСО, во подолга реакција до медиумите велат дека биле невистинити тврдењата дека Управниот одбор на […]

Oд утре целосно нормализирање на железничкиот сообраќај


Од попладнево е прекинат бојкотот на машиновозачите откако се исполнети нивните барања – исплатен е вториот дел од февруарската плата и патни трошоци за март.  Претседателот на Синдикатот на машиновозачи и претставник на машинскиот и извршниот персонал Тони Димовски во изјава за МИА потврди дека се исполнети нивните барања и дека од попладнево се очекува […]

Прво испрати стотици илјади на фронтот, а Путин сега се жали дека снемува работници


  Руската економија се соочува со недостиг на работна сила, изјави рускиот претседател Владимир Путин на состанокот со членовите на владата во вторникот. Иако, според претседателот, оценките за состојбата на руската економија се „значително подобрени“, инфлацијата нагло се забави, а приходите од нафта и гас во буџетот наскоро ќе почнат да закрепнуваат, има недостиг на […]

Заминување на двоецот од сенка: Како функционира комисијата што ги држи заедно европските финансии


  Заминувањето на двајцата највлијателни членови на телото што го водеа блокот низ нестабилни економски води е приказна за интриги, неверојатно пријателство и заткулисни договори што оди до сржта на тоа каде навистина лежи политичката моќ во ЕУ, пишува „Политико“. Ненадејното заминување на италијанските и германските економисти Алесандро Ривера и Карстен Пилат остава празнина во […]

Николовски најави поддршка преку интервентниот фонд за раноградинарските производители кои имаат зголемени трошоци


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство  Љупчо Николовски денеска имаше средби со производителите на раноградинарски производи и ориз од кочанскиот регион, на коишто се запозна со проблемите со кои се соочуваат и ги информираше за владините мерки за поддршка. Еден од главните проблеми за оранжериското раноградинарско производство е што има сериозни индиции за злоупотреби при […]

Мрачни прогнози: ММФ за оваа година предвидува најслаб глобален раст од 1990 година


  Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во вторникот ги објави своите најслаби среднорочни очекувања за глобален раст во повеќе од 30 години. Во својата Светска економска перспектива објавена денеска, Меѓународниот монетарен фонд малку ја намали прогнозата за глобалниот раст оваа година, бидејќи зголемувањето на каматните стапки ја намали економската активност и предупреди дека натамошните превирања во […]

Домашното претприемништво е во подем и може да ја поттике иновативноста


Водењето бизнис од дома има голем економски потенцијал, ова особено се покажа за време и по пандемијата со Ковид-19 кога тоа доживува вистински подем. Пример се САД каде овој вид микро бизниси двојно се зголемиле. Овој вид претприемништво е и многу важен за поттикнување на иновативноста, вели Амир Шани, професор на Универзитетот Бен Гурион од […]

Голдман Сакс: Една четвртина од сите работни места во ЕУ може да ги извршува вештачката интелигенција


Околу 300 милиони работни места со полно работно време ширум светот би можеле на некој начин да се автоматизираат со најновиот бран на вештачка интелигенција што предизвика платформи како Чет Џи-Пи-Ти (ChatGPT), според економистите од Голдман Сакс. Тие предвидоа дека 18 отсто од работата на глобално ниво може да се автоматизира, а ефектите ќе се […]

Во наредниот период стрес-тестирање на банките за „зеленото финансирање“


  „Народната банка постојано вложува ресурси во јакнењето на сопствениот капацитет, но што е уште поважно и во капацитетот на банките за стрес-тестирање. Toa e една од главните алатки за утврдување и управување со ризиците и ранливостите во профилот на ризик или деловниот модел на банките. Тие не се само една вежба којашто треба да […]

(Видео) Доматите и краставиците по 95 денари, пиперките 100 денари


Денеска на седница на Владата имаше корекции на дел од производите, овошјето и зеленчукот… Зголемување на цените за доматите и краставиците до 95 денари, а 10 денари дополнително на кромидот, цената на пиперките 100, леќата е 110, а другите остануваат под 100 денари. Според владината Одлука, килограм банани ќе чини до 75 денари, килограм портокали […]

МЕПСО отпишало 14 милиони евра побарувања од трговците со струја, откриваат државните ревизори


  Дури 14 милиони евра побарувања отпишало државното акционерско друштво МЕПСО од фирмите кои што незаконски повлекувале електрична енергија во 2021 година, констатираа државните ревизори во најновиот извештај објавен денеска. Меѓу другите забелешки се наведува и дека дел од овие побарувања се отпишани иако стасуваат за наплата и по донесување на одлуката од страна на […]

„Алкалоид“ потпиша нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ за Програмата за практикантство


Со цел овозможување дополнителни услови за професионално профилирање на студентите и за усвојување практични вештини под менторство на врвни професионалци во повеќе дејности, „Алкалоид“ АД Скопје склучи нов меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје во рамките на Програмата за развој на практикантство. Ова официјализирање на постојното меѓусебно партнерство, кое досега опфаќаше […]

Мала Америка во Кавадарци: Македонец од САД инвестира 30 милиони евра


Почнува инвестиција од 30 милиони евра, Мала Америка во Кавадарци, информира кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев, на својот Фејсбук профил. – Во Општина Кавадарци започнува инвестицијата од 30.000.000 евра на наш сограѓанин кој живее во САД. Како што можете да видете и на официјалната страна на самиот проект, ќе се изгради модерен повеќенаменски комплекс, по највисоките […]

Владата денеска одлучува за колку ќе „одмрзнат“ замрзнатите цени кај зеленчукот и овошјето


Владата денеска треба да донесе одлука со која ќе се ревидираат дел од замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот. Како што најави министерот за економија Крешник Бектеши, ниту еден од производите опфатени со одлуката нема да биде поскап од 100 денари за килограм. Корекцијата на цените доаѓа по средбата со трговците минатата недела. -Договорено е […]

Јавна дебата „Претприемништво, иновации и економски слободи“


Центарот за австриска економија од Виена и Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје денеска организираат јавна дебата на тема „Претприемништво, иновации и економски слободи“.   Јавната дебата е во рамки на 2023 Free Market Road Show®. Free Market Road Show e европска иницијатива за промовирање на принципите на пазарната економија и претставува собир на истакнати […]

Девизните резерви на крајот на март 4,16 милијарди евра


 Девизните резерви на крајот на март годинава изнесувале 4.159,2 милиона евра и во однос на претходниот месец бележат зголемување за 258,7 милиони евра, соопшти Народна банка.  Најголем дел од девизните резерви се пласирани во хартии од вредност (63,4%), по што следуваат валутите и депозитите (26,9%) и монетарното злато (9,7%).

Битиќи: Финансискиот криминал не застарува, ќе се гонат сите кои биле соучесници во затајување данок


Финансискиот криминал не застарува и ќе се гонат сите оние кои биле соучесници при неговото извршување, порача денеска вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи. – Оваа Влада е неприкосновена во борбата против корупцијата и организираниот криминал. Од 2020 година имавме вицепремиер со надлежност за сузбивање на корупцијата и […]

Инвестициите на Макстил оваа година ќе надминат 14 милиони евра


Макстил АД Скопје за оваа година планира да започне обемна инвестициска програма вредна 14.623.800 евра. Компанијата овие средства ќе ги насочи за унапредување на производствените процеси, за зголемување на безбедноста и заштита при работа за вработените, за зголемување на енергетската ефикасност и подобрување на квалитетот на производите. Инвестициите ќе започнат оваа година, а дел од нив ќе имаат и подолг рок на имплементација од 12 месеци. […]