Најбогатиот човек во светот, Бернар Арно, вчера изгубил над 10 милијарди долари од вредноста на акциите


Најбогатиот човек на светот, сопственикот на францускиот конгломерат „LVMH“, Бернар Арно изгубил 10,39 милијарди евра за еден ден, пишуваат медиумите во средата. Арно, наводно, ја изгубил таа сума во вторникот по значителниот пад на цените на акциите, пишува Хина. Берзите во САД бележат пад, а загуби особено бележи секторот на луксузни производи. Акциите на компанијата […]

„Жито Маркети“ стартува голема наградна игра


„Жито Маркети“ ја започна годинешната голема наградна игра! Под слоганот “Чекор до златна добивка”, наградната игра за своите потрошувачи компанијата ја стартуваше на 15-ти мај и ќе трае речиси цело лето, сè до 15-ти септември. Името на наградната игра е внимателно одбрано, како најбрза и најдобра асоцијација на тоа колку малку ќе му биде потребно […]

Германија е најголем трговски партнер на повеќето земји во Европа


Германија е најголем трговски партнер на Северна Македонија, но и на повеќето земји во Европа, покажува анализата на порталот „Ландгеист“, базирана на податоци на ММФ. Германија е најголемата економија во Европа и најважен трговски партнер на над половина од европски земји. Втората европска економија Велика Британија, пак, не е најголем трговски партнер на ниту една […]

Профитот на „Гаспром“ помал за 40 отсто, нема да дели дивиденда


Руската државна компанија за природен гас „Гаспром“ денеска објави дека профитот за 2022 година е намален за повеќе од 40 отсто и дека нема да плаќа дивиденда за целата година. Таа информација ги намали акциите на „Гаспром“ за околу 4 отсто на московската берза. Државата поседува нешто повеќе од 50 отсто од таа компанија. Годишниот […]

Уште една белгиска инвестиција доаѓа во Македонија


  Нова белгиска инвестиција доаѓа во Македонија. Станува збор за белгиската компанија МСИЕ, која во првата фаза планира да вложи над пет милиони евра и да отвори околу 150 работни места.  Министерот за економија Крешник Бектеши, кој денеска во Брисел  ја најави новата инвестиција рече дека преговорите со компанијата се завршени доцна вчера и се […]

Чадеж: Од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија


Претседателот на Стопанската комора на Србија (ПКС), Марко Чадеж, говорејќи за иницијативата Отворен Балкан истакна дека од 1 јули ќе почне да функционира отворениот пазар на труд меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија, што ќе им овозможи на граѓаните на овие земји слободно да се вработуваат во овие три земји во корист на компаниите и […]

Битиќи: Циркуларната економија носи развој за секоја економија и заштита на животната средина


    „Вложувањето кое го правиме во енергетска ефикасност со производство на енергија од обновливи ресурси и забрзаното напуштање на фосилните горива е клучниот и највиталниот аспект на зелената транзиција“, рече заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи на конференцијата „Недела на циркуларна […]

Работиме на глобализација на брендот „Алкалоид“, вели директорот Живко Мукаетов


  „Алкалоид“ почна да работи во 1936 година. Денес тој е меѓу водечките фармацевтски индустрии во Југоисточна Европа, со близу 2.700 вработени, со продажба во околу 50 земји и со добро распространета продажна мрежа од 21 канцеларија во 15 земји. Успехот на „Алкалоид“ се заснова, пред сè, на квалитетниот кадар кој работи во компанијата, квалитетот […]

Нобеловецот Даниел Шехтман во Скопје: Човековата генијалност е највредниот ресурс


Највредниот ресурс не е златото во планините, ниту минералите, највредниот ресурс е човековата генијалност, рече професорот Даниел Шехтман, добитник на Нобеловата награда за хемија во 2011 година, кој денеска држи предавање на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Пред преполниот амфитеатар, Шехтман им порача на студентите дека тие се паметни, дека продолжиле со своето образование и ќе […]

Квалификуваната работна сила и брзите постапки пресудни ABEE да инвестира во Северна Македонија


Квалификуваната работна сила и брзината со која се одвивала комуникацијата со надлежните институции во Северна Македонија биле пресудни белгиската компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) да одлучи да инвестира во земјава, открива Ангела Ристеска, која работи во оваа компанија и по чија иницијатива е воспоставен контакт со македонските власти. Ристевска открива дека биле мапирани […]

Регионална конференција на ЦИВИЛ за трансформациите во економијата


Со учество на високи претставнички и претставници на македонската Влада, експертската заедница од регионот и бизнис секторот, ЦИВИЛ денеска ја организира конференцијата „Визии за зелена иднина: Партнерство за циркуларност“. – Овој настан е дел од големата регионална иницијатива за одбележување на Неделата на циркуларна економија на Западен Балкан, 22-26 мај, под мотото „Партнерство за циркуларност“ […]

Можностите за инвестирање во Македонија претставени во Антверпен


  Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Белгија, денеска се обрати во Трговската и индустриска комора Антверпен – Васланд (ВOKA), каде што беше одржана презентација на економските потенцијали и инвестициските можности во Македонија. На презентацијата се обратија министерот за економија, Крешник Бектеши, директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Јован Деспотовски, претседателот на ВОКА, […]

Белгиска компанија ќе гради фабрика во Кичево за производство на батерии за автомбили


  Белгиската брзорастечка компанија „Avesta Battery and Energy Engineering“ (AБЕЕ) ќе инвестира во Македонија околу 40 милиони евра и во наредните три до четири години ќе отвори над 600 работни места. Во првата фаза ќе бидат инвестирани 10 милиони евра и ќе бидат отворени околу 200 работни места. Просечната бруто плата, според проекциите на компанијата, […]

Просечната нето плата во март 34.925 денари


Просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари и во однос на просечната плата во март лани е повисока за 12,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,8 проценти), Образование (15 проценти) […]

Од полноќ поскапуваат горивата


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), од полноќ се зголемуваат за 1,00 денар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 1,50 денари по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги. Новата ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 78,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за […]

ЕУ ја казни „Мета“ со 1,2 милијарди евра за злоупотреба на податоци од Фејсбук


  Американскиот технолошки гигант „Мета“ е погоден со рекордна казна од 1,2 милијарди евра поради непочитување на правилата за приватност на ЕУ. Ирската Комисија за заштита на податоците во понеделникот објави дека „Мета“ ја прекршила Општата регулатива за заштита на податоците (ГДПР) кога ги префрлила во Соединетите Држави низи лични податоци на европските корисници на […]

ВИДЕО: Најинтересните моменти од „Гранд Скопје“ на првата Конференција за недвижности


Професионалци за недвижности од земјава и странство имаа можност да се запознаат со придобивките кои комплексот „Гранд Скопје“ ќе ги обезбеди за неговите идни корисници и нашиот главен град. Оваа можност ја креираше првата Конференција за недвижности во земјава, на која златен спонзор беше „Гранд Скопје“. Погледнете го видеото каде се сервирани најважните пораки од […]

До 31 мај компаниите може да аплицираат за договори за финансиска поддршка на инвестиции


  Рокот за аплицирање на заинтересираните компании за склучување на договори за финансиска поддршка на инвестиции по Законот за финансиска поддршка на инвестиции е до 31 мај годинава, информира денеска Кабинет на вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи. Како што се наведува во соопштението, преку Законот за финансиска […]

Азески бара партиите да ги тргнат рацете од бизнисот


  Првиот човек на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, во колумна бара крај на популизмот во економијата, договор меѓу приватниот и јавниот сектор и на доминацијата на партиските над државните интереси. Ако не се случи тоа, тој предвидува дека ќе се загрози опстанокот на бизнисот. -Ценејќи го севкупниот амбиент создаден на меѓународен план, тешките […]

Нова инвестиција во ТИРЗ Кичево, компанијата ABEE ќе отвори 600 работни места


Нови 600 работни места ќе отвори компанијата „Avesta Battery and Energy Engineering“ (ABEE) која одлучи да инвестира околу 40 милиони евра во Северна Македонија. Компанијата ќе произведува електрични батерии за автомобили и ќе гради фабрика во Технолошко-индустриската развојна зона во Кичево. Договорот денеска во Брисел ќе го потпише директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски […]