Италијанската влада ја спречи кинеската „Синохем“ да добие контрола над „Пирели“


 

Италијанската влада го блокираше обидот на кинеската влада „Синохем“ да ја преземе контролата врз гигантот за гуми „Пирели“, јавува Би-Би-Си.

„Синохем“ е најголемиот акционер на Пирели со удел од 37 отсто, а блокот за преземање доаѓа во услови на тензии меѓу Пекинг и Западот.

„Пирели“ им соопшти на инвеститорите во неделата дека италијанската влада донела одлука дека само „Камфин“, компанија контролирана од шефот на „Пирели“, Марко Трончети Провера, може да номинира кандидати за нејзин директор. „Пирели“ посочи дека владата одлучила сите промени во корпоративното управување на компанијата да бидат предмет на официјална контрола. Ова доаѓа откако „Синохем“ ја информираше италијанската влада во март дека планира да го обнови и ажурира постојниот акционерски договор.

Администрацијата на италијанската премиерка Џорџија Мелони го анализираше договорот според таканаречените правила на Golden Power Procedure, кои имаат за цел да ги заштитат компаниите кои се сметаат за стратешки важни за нацијата.

Во 2015 година, „Пирели“ беше продаден за 7,1 милијарди евра на група инвеститори меѓу кои беа ChemChina и Camfin. Шест години подоцна, ChemChina се спои со кинеската државна компанија „Синохем“. Кинескиот инвестициски фонд „Патот на свилата“ поседува и 9 отсто од акциите во „Пирели“.