Златото на најниско ниво во последните два месеци


  Минатонеделните настани на пазарите на капитал беа полни со неизвесност бидејќи заканата дека нема да има договор во Конгресот за зголемување на плафонот на американскиот јавен долг сè надвисна над пазарите. Во петокот, тие стравови главно беа ублажени, при што њујоршкиот S&P 500 исто така малку зајакна на неделното ниво, откако во петокот се […]

Доларот зајакна трета недела по ред


  На светските берзи вредноста на доларот во однос на кошничката валути се зголеми и минатата недела, трет пат по ред, што е последица на неизвесноста на берзите и зголемените очекувања дека ФЕД дополнително ќе ги зголеми каматните стапки. Индексот на доларот, кој го покажува движењето на вредноста на САД во однос на другите шест […]

Кредит Свис мора да му плати 926 милиони долари на поранешен премиер на Грузија


  Судот во Сингапур донесе одлука швајцарската банка Кредит Свис да му плати отштета од 926 милиони долари на поранешниот премиер на Грузија, Бидзина Иванишвили. Спорот на милијардерот со Кредит Свис датира од 2011 година, кога тој беше клиент и жртва на измама од приватен банкар кој користеше сметки на Кредит Свис за неговиот бизнис. […]

Се градат подвозници и пристапни патишта на пругата Куманово-Бељаковце


Градежните активности на терен во Куманово и на целата траса на пругата од станицата Куманово до станицата Бељаковце досега се одвиваат со планираната динамика, информираат од Јавното претпријатие за железничка инфраструктура Железници на Република Северна Македонија за МИА. Вкупната должина на железничката пруга што поминува на подрачјето на Куманово изнесува 12, 5 километри. Како што […]

Кинескиот ривал на „Ербас“ и „Боинг“, млазниот авион C919 денеска ќе го има својот прв комерцијален лет


„Чајна Истерн ерлајнс“ (China Eastern Airlines), компанија која го купи првиот домашен, кинески млазен авион C919, денеска ќе го реализира својот прв комерцијален лет, покажа апликацијата на авиокомпанијата. Авионот C919 ќе полета со бројот на летот MU9191 во 10:45 часот по локално време од меѓународниот аеродром Шангај Хонгкиао и ќе слета во главниот град на […]

Битиќи на средба со занаетчиите во Старата чаршија


Чаршијата е наша цивилизациска вредност и одраз на нашиот мултикултурализам, порача вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, при посетата на Скопската чаршија каде беше пречекан од членовите на здружението на занаетчии „Еснаф“. Посетата ја искористи и за средба со новиот претседател на Еснаф, Бујар Дулови, и членовите на новото раководство на кои и им посака […]

Фотоволтаиците ќе донесат дневна евтина струја


Обновливите извори на енергија, од кои најголем дел се фотоволтаици произведуваат најмногу во дневните часови кога има сонце и тоа овозможува Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) да направи калкулации коишто ќе обезбедат враќање на дневната евтина тарифа на струја, посочи денеска премиерот Димитар Ковачевски.  -Дали тоа ќе се случи, тоа зависи од […]

Секој петти роден на Балканот живее во странство


Дваесет проценти од лицата родени во регионот на Западен Балкан живеат во странство, со што се намалува потенцијалот за раст на економиите во регионот, предупреди гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, која говореше на панел-дискусијата „Миграции, бегалци и општества“ во Црна Гора. „Човечкиот капитал е предуслов за постигнување одржлив и инклузивен економски раст, додека миграцијата […]

Бесими: Граѓанските обврзници ќе ја заштитат вредноста на парите на штедачите


Министерот за финансии Фатмир Бесими во својата нова колумна ги изнесува придобивките од купувањето граѓански обврзници што како нов инструмент ги најави Владата неодамна. Во неа стои:  „ Следниот месец домашниот пазар на хартии од вредност ќе се збогати со нов инструмент – граѓанските обврзници. Граѓанските обврзници се долгорочни државни хартии од вредност наменети за […]

ЕСМ реализира проекти кои ќе ја зголемат повеќе од двојно енергетската моќ на капацитетите


   Ќе продолжиме да работиме со исто темпо, максимално посветени на зголемено производство на електрична енергија и во служба на граѓаните. Во тек e реализација на проекти од страна на АД ЕСМ, кои ќе донесат инсталирана моќност од 1.760 мегавати, што е повеќе од постојната инсталирана моќност на сегашните капацитети на ЕСM од 1.420 мегавати, […]

Економскиот институт Ифо очекува намалување на инфлацискиот притисок


Германската економија очекува намалување на инфлацискиот притисок, но не секаде со иста брзина, објави во петокот економскиот институт Ифо. Според тоа, индексот на инфлаторните очекувања во мај падна за 2,5 поени во однос на претходниот месец, на 19,5. Надолното движење на индексот, прво под 20 поени од пролетта пред две години, најавува дополнително забавување на […]

Уште пет дена можност за потврда или корекција на Годишната даночна пријава за 2022 година


Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници – физички лица дека рокот за потврда или корекција на Годишната даночна пријава за 2022 година истекува во среда, на 31-ви овој месец. Заклучно со овој датум, како што посочуваат од УЈП, граѓаните треба да извршат потврда или корекција на Годишната даночна пријава (ГДП) за доходот кој […]

СЗО повикува да прекине субвенционирањето на тутунот, Северна Македонија меѓу посочените земји


Светската здравствена организација (СЗО) повика да прекине субвенционирањето на тутунот во многу земји, укажувајќи на штетното влијание на оваа култура врз здравјето на луѓето. СЗО во извештајот ги посочи европските земји кои одгледуваат тутун, вклучително и Северна Македонија, која, како што се наведува, е меѓу 20-те најважни извозници на тутун во светот. Таму одгледувањето тутун […]

Ковачевски: Инсталиравме обновливи извори за струја за снабдување на 10 градови


Успешно се справивме со енергетската криза, нема зголемување на цената на електричната енергија, има зголемено производство на електрична енергија, енергетската криза ја претворивме од криза во можност, порача премиерот Димитар Ковачевски во Собранието, каде што е во тек седница за пратенички прашања.   „Изминатата година се покажа колку е важно да се има знаење и […]

Ковачевски во Стопанската комора: Новите инвестиции се резултат на стратешките политики, членството во НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ


Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари работна средба со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески и членовите на Управниот одбор на комората, на која присуствуваа и вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и заменик-министерот за финансии Филип Николоски. Премиерот Ковачевски на средбата ги информираше претставниците на […]

Бесими на состанок на Конститунцата на ММФ и СБ: Заложба на Владата е долгорочна фискална одржливост и економски раст


Само стабилни јавни финансии можат да обезбедат долгорочен раст и развој, насочен кон подобрување на животниот стандард на граѓаните. Оттука, постепено го намалуваме буџетскиот дефицит, за да ги намалиме потребите за нови задолжувања, истовремено внимавајќи да не ја загрозиме развојната компоненета, бидејќи забавувањето на растот подеднакво произведува негативен ефект врз фискалната одржливост, истакнал министерот за […]

Поскапуваат бензините, цената на дизелот останува иста


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 2,00 денара по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V),  Екстра лесното масло за домаќинство  (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС остануваат непроменети, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.  Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 80,50 денари, […]

Следната недела Македонски енергетски форум, во фокусот енергетската отпорност и зелената транзиција


Македонскиот енергетски форум на едно место ќе ги собере високите владини претставници од земјава и од регионот, амбасадори, претставници од меѓународни организации и фондови, активисти и експерти од областа на енергетиката со цел да се поттикне дијалог и да се разменат идеи и иницијативи за подобрување на општеството, беше истакнато на денешниот брифинг за новинари […]

Рецесијата во Германија е поради падот на приватната потрошувачка, германски компании заинтересирани за Македонија


Нови германски инвестиции во земјава, но и зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Германија, најави денеска новата директорка на Делегацијата на германското стопанство во Северна Македонија, Антје Ванделт, на првата средба со новинарите, откако пристигна во Скопје пред две недели. Ванделт зад себе има над 20 години работно искуство како директор на Германските стопански […]

Фич предупредува на евентуален банкрот на САД


Агенцијата Фич предупреди дека може да го намали кредитниот рејтингот на американските банки „Фани Меј“ и „Фреди Мек“, сигнализирајќи драматично краток рок за договор за зголемување на лимитот на американскиот долг, што веќе предизвика прашања за рејтингот на САД.  Фич пред два дена сигнализираше дека може да го намали рејтингот на САД ААА доколку Белата […]