Раст од 1,8 отсто, инфлацијата 9,1 отсто: Светска банка бара фискална консолидација и структурни реформи
Економскиот раст во Македонија годинава ќе изнесува 1,8 отсто, а инфлацијата ќе се одржи на високи 9,1 отсто, прогнозира Светска банка во најновиот регионален Економски извештај за Европа и Централна Азија, објавен денеска. Како што посочува Светска банка во делот посветен за нашата земја, економскиот раст забавува бидејќи инфлациските притисоци остануваат постојани, а јавните финансии […]