Домашното производство на електрична енергија целосно ја покрило потрошувачката во август


Фото: Б. Грданоски

Според податоците на Државниот завод за статистика, во август годинава, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 468 411 МWh електрична енергија, 30.415 мил. нм3 природен гас, 367 100 тон јаглен и 105 725 тони нафтени продукти.
 
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 100.0 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 95.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.