Гарантирани цени до крајот на годината, може да има и акции


Гарантираните цени на производите ќе продолжат да важат до крајот на годината, а дозволени се акции на одредени производи кои производителите и дистрибутерите сакаатд а ги понудат на купувачите, соопшти денеска министерот за економија Крешник Бектеши. 

– На предлог на Министерството за економија, денеска, Владата одлучи да ја укине одлуката во делот на акциите имајќи предвид дека одредени трговци на мало ја толкуваа претходната одлука за неможност на давање акции или пак поволности, што значи дека сега и дистрибутерите и продизводителите ќе можат да организираат такви акции и промоции се со цел да ги намалат цените за нашите потрошувачи – рече Бектеши. 

Мерката „гарантирана цена“ се продолжува до крајот на годината, наместо до 30 ноември, како што беше претходно предвидено.

Со оваа мерка определени производи треба да останат на цените од 1 август и дополнително да бидат намалени за 10 отсто.

Како што објави Бектеши, до крајот на годината се очекува да биде изгласан Законот за нефер трговски практики со кој ќе се контролира рабатот, по што се очекува цените на производите и натаму да останат намалени.кога рокот на „гарантирана цена“ ќе заврши.