Набавен нов систем за видео надзор и читање на регистарските таблици на граничните премини вреден 928.500 евра


Mинистерството за транспорт и врски набави нов систем за видео надзор и читање на регистарските таблици на граничните премини, што во следниот период ќе се инсталира на сите гранични премини во земјата, соопштија од министерството.

Министерот Благој Бочварски денеска го потпиша Договорот за имплементација на нов централизиран видео систем, со вредност од 928.500 евра, систем кој што ќе биде имплементиран во рок од една година.

Имплементацијата на овој информатички систем е во рамките на Проектот за унапредување на трговијата и транспортот на Западен Балкан, а за потребите на Министерството за внатрешни работи и Царинската Управа.

Системот ќе биде поставен на 40 локации, на сите гранични премини во Република Северна Македонија.

Тој опфаќа систем за видео надзор со 350 различни различни типови на дигитални камери, систем за автоматско препознавање на регистарски таблици и централен систем за складирање на податоците, се вели во соопштението до медиумите.