Саем „Винска визија Отворен Балкан“ во Белград


Над 600 изложувачи од повеќе од 28 земји меѓу кои и 74 македонски ќе се претстават на меѓународниот Саем за вино „Винска визија Отворен Балкан“ и кулинарскиот спектакл „Фуд Вижн“ што од денеска до недела се одржуваат на Белградскиот саем. Најголем дел од винариите, дестилериите и гастрономските компании што ќе се претстават на саемот се […]

Јовановиќ : Буџетот е нереален и не одговара на моменталната криза


Предлог-буџетот за 2024 година е нереален и не одговара на моменталната криза, оценува професорот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии. Во изјава за МИА, Јовановиќ вели дека макроекономските и приходните проекции се преоптимистички.  – Се проектира раст на БДП од 3,4 проценти, што е многу повисоко од сите меѓународни институции. Нашиот Институт, […]

ЕК очекува домашната побарувачка да го поттикне растот на БДП на земјава


По закрепнување од ковид пандемијата, економскиот раст на Северна Македонија забави како резултат на намалената надворешна побарувачка и на поумерената потрошувачка на домаќинствата, но се очекува негово умерено забрзување во следниот период, со дополнително ублажување на инфлацијата, раст на платите и дознаките од странство, предвидува Европската комисија во своите есенски економски прогнози. Според ЕК, како […]

„Меркатор“ купи уште еден синџир супермаркети


Компанијата „Меркатор“ денеска го потпиша договорот за откуп на 100 отсто од акциите во Енгротус. Со потпишувањето на овој договор започна постапката за добивање согласност од Агенцијата за заштита на пазарната конкуренција на Република Словенија (АВК), соопшти „Меркатор“. Како што се наведува, спојувањето на „Меркатор“, во сопственост на Фортенова Груп и Енгротус, ќе ја зајакне […]

Се прави увид на напукнатиот столб, потоа ќе се одлучи како ќе функционира железничкиот сообраќај, велат од МЖ-Инфраструктура


Екипи од јавното претпријатие „Македонски железници – Инфраструктура“, професори од Градежниот факултет и експерти се излезени на терен со цел да направат увид во моменталната состојба со напукнатиот бетонски столб на мостот на Црна Река, на линијата Гевгелија – Велес. Од МЖ-Инфраструктура во изјава за МИА велат дека по ова ќе се одлучи како најсоодветно […]

Вебинар во ТИРЗ: Претставени можностите за инвестирање пред повеќе од 50 јапонски компании


Повеќе од 50 јапонски компании учествуваа на бизнис вебинар организиран од ТИРЗ во соработка со Јапонската организација за надворешна трговија, ЏЕТРО (JETRO). Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски ги претстави инвестициски можности во Северна Македонија, инвестициската клима, економските перспективи и можностите достапни за јапонските компании, информираат од ТИРЗ. На настанот беа споделени и успешни приказни на […]

Европската комисија ги намали прогнозите за раст на еврозоната за 2023 и 2024 година


Европската комисија ги намали прогнозите за растот во еврозоната за оваа и следната година на 0,6 отсто и 1,2 отсто, соодветно, укажувајќи на високата инфлација и заострувањето на монетарната политика кои имаа „посилно влијание од предвиденото“. Прогнозата за раст за оваа година е намалена на 0,6 отсто од 0,8 отсто за 20-те земји кои го […]

Намален прометот во индустријата во септември


Вкупниот прометот во индустријата во септември годинава во однос на истиот месец лани е помал за 3.5 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во септември 2023 година, во однос на септември 2022 година, бележи пораст кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.4 %, додека опаѓање бележи […]

Жените во ЕУ се платени за 13 отсто помалку од мажите за иста работа


Жените во Европската унија се платени во просек за 13 отсто помалку од мажите кои вршат иста работа и покрај тоа што имаат право на еднаква плата според правото на ЕУ, објави денеска Европската комисија. „Еднаква плата за иста работа или работа со еднаква вредност е еден од основните принципи на ЕУ. Тоа беше наведено […]

ММФ: Народната банка соодветно ја затегна монетарната политика и придонесе за забавување на инфлацијата


„Народната банка презеде соодветни мерки за затегнување на монетарната политика коишто осигурија преполовување на инфлацијата во однос на ланскиот максимум“, се наведува во завршните согледувања на Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), којашто од крајот на октомври, досега, престојуваше во нашата земја како дел од редовните консултации коишто произлегуваат од членството на земјава во ММФ, […]

Реизбран Управниот одбор на КаСис АД


Надзорниот Одбор на единствениот македонски процесор од областа на картичното работење, електронска трговија и сертифицирано биро за персонализација на картички КаСис АД повторно му ја даде довербата на актуелниот Управен одбор: Филомена Пљаковска – Аспровска, претседател и Главен извршен директор, Лидија Вучидолова – Богоевска, член и извршен директор и Дамјан Андоновски, член и извршен директорво […]

Пукнатината на железничкиот мост може да ја парализира економијата


  Напукнатиот столб на железничкиот мост преку Црна Река ги стави во речиси безизлезна ситуација македонските компании на кои превозот со железница на суровините и производите им е единствената или најпожелната опција. Повеќето од големите компании во земјава буквално зависат од овој вид транспорт, па сега се во небрано, како да продолжат со работа. Од […]

Препознајте кога ве мачи грип, а кога настинката


Слични по симптомите, и настинката и грипот владеат кога ќе почнат да паѓаат надворешните температури. Студот сам по себе не носи настинка или грип, но значајно влијае на пад на имунитетот, а со тоа вирусите и бактериите полесно  навлегуваат и се множат во  организмот. Едноставно кога на носот му студи, тој не успева да го […]

Нови правила за намалување на емисиите на метан во ЕУ, еве што содржат


Советот на ЕУ и Европскиот парламент рано изутринава постигнаа привремен политички договор за Регулативата за следење и намалување на емисиите на метан во енергетскиот сектор, јави дописникот на МИА од Брисел. Како што изјави шпанската вицепремиерка и министерка за еколошка транзиција и демографски предизвици Тереза Рибера Родригез овој договор претставува „големо достигнување“ и ќе помогне […]

Македонските земјоделски инженери основаат комора по хрватски модел


  Во организација на Здружението на земјоделски инженери „Агроном 1947“, во просториите на Факултетот за земјоделски науки и храна се одржа тркалезна маса со цел основање Комора на земјоделски инженери. Комората се основа за да ги застапува интересите на современото македонско земјоделство, да помага во развојот на професијата земјоделско инжинерство, да обезбедува развој во одгледувањето […]

Андонов: Хидроцентралата Чебрен ќе игра клучна улога во енергетската транзиција


 Хидроцентралата Чебрен ќе игра клучна улога во енергетската транзиција, помагајќи во намалување на производството од јаглен и поддржувајќи обновливи извори на енергија. Планираната висина на браната од 192 метри ќе биде една од највисоките во светот, во тој објект ќе работат голем број на инженери во фазата на проектирање, на дизајнирање на проектот, а ќе […]

За изборите предвидени една милијарда денари, почнатите капитални инвестиции ќе се реализираат и во изборна година


 За изборите догодина со Предлог-буџетот за 2024-та се предвидени една милијарда денари или за секој циклус по 500 милиони денари, рече вчера министерот за финансии Фатмир Бесими. Според него, планираните капитални инвестиции за време на изборите не смеат да се промовираат, но нивната реализација нема да се стопира. -Јасно е во Законот за спречување на […]

Владата го одобри Урбанистичкиот проект за автопатот Прилеп – Битола


Владата денеска ја разгледа и усвои Информација за одобрување Урбанистички проект за градби од стратешки интерес за изградба на патен Коридор 10д, делница на автопат Прилеп – Битола и донесе Одлука за одобрување на овој Урбанистички проект. Предмет проектот во оваа фаза, според предлагачот, Министерството за транспорт и врски, е дел од трасата на автопатот […]

Замрзнатите цени на овошјето и зеленчукот ќе важат до крајот на декември


Владата, на предлог на Министерството за економија, на денешната седница донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки, со којашто се утврдува највисока трговска (профитна) маржа за свежото овошје и свеж зеленчук, за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец во трговијата на големо во […]

Еврото достигна максимум


 Европската валута денеска го достигна највисокото ниво во последните два месеци во однос на американскиот долар. Според податоците на меѓународната берза Forex, еврото денеска во 16 часот се продаваше за 1,08305 долари, што е највисока од почетокот на септември. Европската валута зајакна веќе во текот на денот, откако истражувањето на Лајбниц Центарот за европски економски […]