Еврото достигна максимум


 Европската валута денеска го достигна највисокото ниво во последните два месеци во однос на американскиот долар.

Според податоците на меѓународната берза Forex, еврото денеска во 16 часот се продаваше за 1,08305 долари, што е највисока од почетокот на септември.

Европската валута зајакна веќе во текот на денот, откако истражувањето на Лајбниц Центарот за европски економски истражувања (ZEW) покажа дека оптимизмот на економските експерти во однос на развојот на ситуацијата во Германија ги надмина очекувањата, пренесуваат медиумите.

Индексот ZEW се искачи на 9,8 поени во ноември од -1,1 во октомври и сега е највисок во последните осум месеци.