Банкрот по банкрот: Пропаѓаат рекорден број големи компании во Германија


Во германската економија има се повеќе случаи на големи банкротства, покажува студијата на осигурителната компанија за кредити „Алијанц Трејд“. „Големите несолвентности се вратија оваа година и се со рекордна стапка, како што беше во 2020 година“, рече експертот за трговски сојуз Максим Лемерл. Во досегашниот тек на годината, особено големи стечаји има во секторите модна […]

„Ги игнорираше моите предупредувања“! Синот на првиот банкар во Европа изгубил пари инвестирани во криптовалути


Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, откри дека нејзиниот син изгубил околу 60 отсто од парите што ги инвестирал во криптовалути. „Тој ме игнорираше, ова беше негова привилегија. Ги загуби речиси сите пари што ги вложи“, рече Лагард во петокот, говорејќи во градското собрание во Франкфурт. Таа не прецизираше на кој од нејзините два […]

Потпишани 133 договори за поддршка до 10.000 евра со мали производители на ајвар, маџун, јаболков оцет…


Договори за грант поддршка до 10.000 евра за набавка на опрема за производство денеска потпишаа 133 мали производители на храна од неживотинско потекло. Целта на договорите, во вкупна вредност од 1,2 милиони евра, како што истакна ресорниот министер Љупчо Николовски, е да се поддржат малите производители да произведуваат и стават во промет финални македонски традиционални […]

Крушево – лидер по посети од туристи за алтернативен, спортски и еколошки туризам


  Околу 85 отсто од вкупниот број туристи кои сакаат алтернативен, спортски, селски или еколошки туризам, го посетиле Крушево. Ова го покажуваат резултатите од истражувањето направено на национален и локален репрезентативен примерок за Крушево во 2023 година. Главни причини за посета на Крушево се наведуваат рекреација (59 отсто ), одмор (27 отсто), односно 21 отсто […]

Ако странските компании платат данок 5 отсто овде, остатокот ќе го платат во матичната земја, вели Деспотовски


  Директорот на ТИРЗ Јован Деспотовски, како коментар на предизборната најава на ВМРО ДПМНЕ за пониски даноци за странски компании што ќе ги префрлат своите профитни центри во државата, вели дека го чуди како сериозна политичка партија нема познавање на обврската која државата ја презела пред две години кон ОЕЦД, со која Македонија се приклучи […]

Илјадници милијарди долари изгубени поради климатските промени


Париз – Климатските промени секоја година се одговорни за загубата од неколку илјади милијарди долари во светската економија, особено во најнеразвиените земји, покажува студијата објавена денеска, пред почетокот на COP28 климатската конференција во Дубаи. Според студијата спроведена од Универзитетот во Делавер, само во 2022 година на глобално ниво, климатските промени предизвикале вкупна загуба од 6,3 отсто […]

Новите антикризни мерки пред Владата


Новиот пакет со антикризни мерки, наменети за најранливите категории граѓани, се очекува да биде усвоен денеска на седница на Владата.  Со мерките, како што најави вчера вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, ќе бидат опфатени над 400 000 граѓани, –  пензионери,  ученици, студенти, самохрани родители.  -Средствата од солидарниот данок ќе бидат искористени за антикризни мерки […]

Бислимоски: РКЕ во наредните пет години ќе ги контролира пресметките за цената на струјата што ќе ги прави Универзалниот снабдувач


Согласно последните измени на Законот за енергетика, универзалниот снабдувач со електрична енергија на регулираниот пазар „ЕВН Хоум“ има обврска да ја пресмета цената на електричната енергија што ќе важи од 1 јануари идната година на регулираниот пазар по истиот тарифен систем по кој досега ја пресметуваше Регулаторната комисија за енергетика РКЕ. Тие пресметки, како што […]

Несогласувања во италијанската влада за продажба на акции во државните железници


-Италијанската влада не треба да го продаде својот удел во државната железничка групација Ферови дело Стато, како што предложи министерот за економија во планот за намалување на државниот долг, изјави денеска министерот за инфраструктура Матео Салвини. За да го намали јавниот долг, Владата планира да собере околу 20 милијарди евра од 2024 до 2026 година […]

Контрадикција: Мицкоски ветува по 5.000 денари за пензионерите, Славески бара умереност


  Од една страна најава за линеарно зголемување на пензиите од 5.000 денари, а од друга, повикување на нов општествен договор со синдикатите и здруженијата на пензионери кој треба да резултира со умереност во барањата за зголемување на платите и на пензиите, можеа викендов да се слушнат на иста партиска дебата која што ја организираше […]

Кина одби да инвестира во гасоводот „Моќта на Сибир 2“ и бара нови попусти за гасот


  Проектот за гасоводот „Моќта на Сибир 2“, кој Кремљ се надева дека ќе го прошири во Кина за да го замени изгубениот европски пазар на „Гаспром“, продолжува да виси во воздухот. Кина не е подготвена да инвестира ниту еден јуан во новиот гасовод, нудејќи ѝ на Русија да ја плати целата градежна сметка од […]

За половина денар се намалува цената на горивата


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V), се намалуваат за 0,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.11.2023 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 79,50 ден/лит, малопродажната […]

Златото на шестмесечен максимум


Светските цени на златото се на највисоко ниво во последните шест месеци од повеќе од 2.000 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама). Според податоците на берзата, цената на златото во 11 часот изнесувала 2.012,16 долари за унца. Како што пренесува CnbcTV18, златото поскапе првенствено поради слабеењето на доларот бидејќи трговците веруваат дека […]

Над 400.000 граѓани ќе бидат опфатени со антикризните мерки, се очекува Владата да ги усвои утре


Над 400.000 граѓани, пензионери, ученици, студенти, самохрани родители, ќе бидат опфатени со антикризните мерки треба да бидат усвоени утре на седница на Владата, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Одговарајќи на новинарско прашање колку компании се блокирани поради неплатен данок на солидарност Битиќи рече дека според последните податоци бројот е мал, под 20. […]

Издадена 22-та емисија обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра


Министерството за финансии денеска ја издаде 22-та емисија на Обврзници за денационализација на износ од 4,5 милиони евра со кои се опфатени сите правосилни решенија за денационализација во период од 1 јануари 2022 до 31 декември 2022 година со коишто како надомест се даваат обврзници. Обврзниците за денационализација се хартии од вредност кои гласат на […]

Црниот петок во САД ги собори сите рекорди во онлајн купувањето


Потрошувачката во е-трговија во црниот петок скокна за 7,5 отсто во однос на претходната година, достигнувајќи рекордни 9,8 милијарди долари во САД, според извештајот на Adobe Analytics, што дополнително покажува дека потрошувачите кои се свесни за цените бараат да трошат на најдобрите зделки и ги бараат таквите понуди онлајн. „Видовме дека се појави многу стратешки […]

Во Буџетот за 2024. капиталните инвестиции се за 187 милиони евра повисоки од буџетскиот дефицит, вели Бесими


 Буџетот за 2024 година е скроен според „златното правило“ во јавните финансии – „ако се задолжувате, тоа да биде само за инвестиции“. Капиталните инвестиции се проектирани во износ од околу 45 милијарди денари, или за 11,5 милијарди денари (187 милиони евра), повисоки од буџетскиот дефицит. Од друга страна, буџетскиот дефицит во буџетот за 2024 година […]

ОН подготвуваат терен за одлучување за меѓународните даноци, Македонија гласала против


Обединетите нации со големо мнозинство ја прифатија иницијативата за воспоставување глобална даночна рамка, и покрај обидот во последен момент на група земји, вклучително и САД и ЕУ, да ја попречат постапката, се вели во извештајот на Фајненшл Тајмс. Генералното собрание на ОН со предложената резолуција ќе нагласи дека „меѓународната даночна соработка треба да биде универзална […]

Германија ќе ги укине субвенционираните цени на енергијата


Германскиот фонд за економска стабилизација (WSF), кој им помага на потрошувачите со повисоки трошоци за енергија, ќе биде затворен до крајот на декември, изјави министерот за финансии Кристијан Линднер за Deutschlandfunk. „Тоа значи дека следната година нема да има повеќе плаќања од него. „Сопирачките“ на цената на струјата и гасот ќе истечат. Тие исто така […]