Златото на шестмесечен максимум


Светските цени на златото се на највисоко ниво во последните шест месеци од повеќе од 2.000 долари за унца (унца е еднаква на 28,35 грама).

Според податоците на берзата, цената на златото во 11 часот изнесувала 2.012,16 долари за унца.
Како што пренесува CnbcTV18, златото поскапе првенствено поради слабеењето на доларот бидејќи трговците веруваат дека американската централна банка, ФЕД, нема да ги зголеми каматните стапки во САД и дека тие веќе го поминале својот врв.

Најголеми светски производители на злато се Кина, Австралија, САД, Јужна Африка, Русија, Перу и Индонезија. известува Trading Economics.

Најмногу злато купуваат Индија, Кина, САД, Турција, Саудиска Арабија, Русија и Обединетите Арапски Емирати.