„Ги игнорираше моите предупредувања“! Синот на првиот банкар во Европа изгубил пари инвестирани во криптовалути


Претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, откри дека нејзиниот син изгубил околу 60 отсто од парите што ги инвестирал во криптовалути.

„Тој ме игнорираше, ова беше негова привилегија. Ги загуби речиси сите пари што ги вложи“, рече Лагард во петокот, говорејќи во градското собрание во Франкфурт.

Таа не прецизираше на кој од нејзините два сина се однесува. Овие нејзини зборови укажуваат дека секој што инвестирал во криптовалути треба да биде внимателен.

„Загрижена сум за оние луѓе кои мислат дека тоа ќе биде награда, кои не разбираат што значи ризикот, кои ќе го изгубат сето тоа и кои ќе бидат страшно разочарани, поради што мислам дека треба да се регулира“, вели таа рече во интервју минатата година, пишува Маркет инсајдер.

Лагард беше особено претпазлива за употребата на криптовалутите како алатка за перење пари, особено поради потенцијалното финансирање на криминални и терористички активности. Минатата недела, основачот на Binance, Чангпенг Жао, се изјасни за виновен за обвиненијата за спречување на перење пари, поднесени од американското Министерство за правда. Тој се согласи да се повлече од функцијата извршен директор на најголемата светска крипто берза, пренесува Блиц.

Во Европската унија ова прашање се најде во центарот на вниманието особено по усвојувањето на новата регулатива. Со неа банките се претставени како водечки даватели на крипто-услуги, дозволувајќи им на крипто активностите да ја заобиколат надлежноста на ЕЦБ, предупреди претставник на централната банка претходно овој месец.

Во меѓувреме, ЕЦБ ги поставува основите за воведување на дигитално евро, додека многу земји ширум светот се движат кон дигитализирање на своите валути за да бидат во чекор со криптовалутите.