ЕУ ги зголемува царините за жито и маслодајни семиња од Русија и Белорусија


 Европската комисија денеска предложи зголемување на царините за увоз во ЕУ на житни култури, маслодајни семиња и производи од нив од Русија и Белорусија, меѓу останатото и за пченица, пченка и сончоглед, со цел да го ограничат нивниот пласман на европскиот пазар.  Според ЕК, со ваквите мерки ќе се спречи дестабилизација на европскиот пазар со […]

Соработка на Народната банка со Банката на Италија за најдобри практики во развојот на интерни софтвери


Примената на новите технологии за унапредување на ефективноста и ефикасноста на процесите е една од заложбите на Народната банка, а воедно и усогласувањето со високите стандарди коишто во оваа сфера ги применуваат централните банки во Евросистемот. За оваа цел е започната билатералната соработка на нашата со централната банка на Италија, во рамките на втората фаза […]

Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од Ресен по втор пат се национални победници на Европскиот квиз на парите


Учениците Кирил Китевски и Кристијан Лазароски од СОУ „Цар Самоил“ од Ресен, под менторство на професорката Дијана Ѓоргиевска се победници на националниот натпревар за Европскиот квиз на парите, кој во организација на Македонската банкарска асоцијација (МБА), со поддршка на Народната банка и Комисијата за хартии од вредност се одржува шести пат, за време на Глобалната […]

ММФ одобри заем од 880 милиони долари за Украина


Њујорк – Извршниот одбор на Меѓународниот монетарен фонд одобри трет преглед на програмата за заем на Украина од 15,6 милијарди долари и одобри исплата на 880 милиони долари буџетска поддршка, со што вкупните исплати ќе достигнат 5,4 милијарди долари, соопшти ММФ. Фондот наведува дека ризиците за Украина остануваат исклучително високи, особено неизвесноста околу војната со […]

Дојче бан лани работеше со загуба од 2,4 милијади евра


Инвестициите во инфраструктурата, повисоките трошоци за енергија и работна сила, зголемените каматни стапки и штрајкови ја турнаа германската државна компанија Дојче Бан во поголема загуба во 2023 година, покажа извештајот објавен денеска. Дојче бан минатата година забележа нето загуба од 2,4 милијарди евра, приближно десет пати поголема отколку во 2022 година. Нивните приходи паднале за 13 […]

ГРЕГИ, проект на „Копелоузос груп“, на преговарачката маса помеѓу Мицотакис, Ал Сиси и фон дер Лајен


Проектот за електрично поврзување помеѓу Египет и Грција, со што ќе се снабдува со енергија останатиот дел од Европа, е сериозен зафат кој би ја променил енергетската карта. Во текот на средбата меѓу Кирјакос Мицотакис и египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси, темата беше амбициозниот проект за енергетско поврзување на Египет и Грција, со што, […]

Гроси: Нуклеарната енергија не е утопија


Нуклеарната енергија е безбеден и профитабилен извор на енергија, а не утопија, изјави денеска директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси. Претставници на околу 30 земји, меѓу кои Кина, Соединетите Американски Држави и Бразил, учествуваа денеска на самит во Брисел, на иницијатива на МААЕ и со цел побрз координиран развој на нуклеарната […]

Штрајковите ја чинеа „Луфтханза“ 250 милиони евра


Германската авиокомпанија „Луфтханза“ проценува дека штрајковите на вработените ја чинеле 250 милиони евра од почетокот на годината, што е повеќе од двојно зголемување на нејзината проценка од почетокот на месецот. Финансискиот притисок на штрајковите опфаќа подолг период од самиот прекин на работата и вклучува последици во списоците на екипажот, распоредот на летови и несигурноста на […]

Црна Гора ги ограничи маржите за основните прехранбени производи


Владата на Црна Гора денеска донесе одлука за ограничување на трговските маржи за повеќе од 500 артикли во големите супермаркети, додека малите продавници не подлежат на оваа одлука. Одлуката ќе стапи на сила на почетокот на април, а ќе важи до крајот на мај, кога се очекува да започне летната туристичка сезона. Како што изјави […]

„Шкотска и ирска вечер“ во Limak Skopje Luxury Hotel – келтски дух, музика и традиционални специјалитети


Limak Skopje Luxury Hotel подготвува ново доживување за сите што трагаат по возбудливи вкусови и се подготвени да истражуваат различни национални кујни и култури. На 29 март во хотелот ќе се одржи „Шкотска и ирска вечер“ на која присутните ќе пробаат типични јадења од овие две земји и ќе се забавуваат со шкотските и ирските […]

Турција и заливските држави планираат да отворат зона за слободна трговија


Турција и Советот за соработка на Персискиот залив (ГЦЦ) потпишаа договор за почеток на преговори за договор за слободна трговија, изјави денеска турскиот министер за трговија Омер Болат. По долгогодишни тензии, Турција започна дипломатска офанзива во 2020 година за да ги подобри односите со земјите од Заливот, особено со Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија. […]

Како да се обезбеди наплата на побарувањата: Прва „Кофас Кантри риск“ конференција во Македонија


Светски познатата француска компанија Кофас ја организираше првата Country Risk конференција во Македонија. Со повеќе од 75 годишно искуство, претставници на оваа меѓународна компанија за управување со кредитни ризици и гости од други домашни и странски институции, говореа за ризиците од неплаќање на побарувањата и како да се заштитиме од неплаќање. Сергеј Симонити, регионалeн директор […]

Ковачевски: Знам дека има граѓани што едвај врзуваат крај со крај, ќе ги зголемиме платите и пензиите


   Кога бев премиер, заедно со министрите успеавме да ја скротиме инфлацијата, од 20 проценти ја донесовме на три отсто. Кога ги носевме мерките, бевме критикувани. Прво ги ограничивме маржите, потоа ги замрзнавме цените. Во подоцнежните месеци се покажа дека голем број трговци го злоупотребуваат тоа. Лично учествував во пишувањето на Законот за нефер трговски […]

Бочварски: До сега реконструирани преку 180 локални улици и патишта


Инвестираме преку 40 милиони денари во капитални проекти за граѓаните на Росоман и за локален економски развој на општината, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, кој денеска оствари работна посета на општина Росоман. Тој заедно со градоначалникот Стојан Николов, извршија увид во инфраструктурни проекти што се реализираат во општина Росоман, а се финансираат […]

Штериева: Намалување на каматните стапки до крајот на годинава


  До крајот на годината би требал да започне процесот на намалување на каматните стапки, такви се очекувањата на аналитичарите, рече претседателката на Македонската банкарска асоцијација, Маја Штериева, во поткастот на порталот „Пари“ – „Каде се парите?“. Во моментот може да се оцени дека инфлацијата е генарално забавена, но сѐ уште постои неизвесност и очигледно […]

Социјалната нееднаквост во Германија се зголемува, три милиони деца живеат во сиромаштија


 Организациите и експертите предупредуваат дека сиромаштијата и социјалната нееднаквост во Германија се зголемуваат и дека три милиони деца живеат во сиромаштија. Во Германија, која може да се пофали со социјална пазарна економија, сиромаштијата и социјалната нееднаквост се во пораст. Има се повеќе бездомници и деца кои живеат во сиромаштија. Затоа и Советот на Европа ја […]

Администрацијата на Бајден најави нови стандарди за автомобилите: Како до нула емисија на гасови?


Администрацијата на Бајден во средата објави нови стандарди за емисиите на автомобили, кои властите ги нарекоа најамбициозниот план досега за намалување на емисиите на патнички возила што ја затоплуваат планетата. Новите правила ги релаксираат првичните ограничувања за издувните цевки предложени минатата година, но на крајот се приближуваат до истите строги стандарди поставени од Агенцијата за […]

Лани имало 1,5 милиони работоспособни лица, 688.296 биле вработени


Во 2023 година вкупното работоспособно население во земјава изнесувало 1.515.107 лица од кои како активно население биле регистрирани 791.647 лица, при што 688.296 биле вработени, а 103.351 лице е регистрирано како невработено. Според податоците на Државниот завод за статистика, стапката на активност во овој период е 52,3, стапката на вработеност 45,4, додека стапката на невработеност […]

Вкупните кредити во февруари зголемени за 0,9 отсто во однос на претходниот месец, а за 6,5 отсто на годишна основа


Вкупните кредити, во февруари, се зголемија за 0,9 отсто споредено со со минатиот месец, поради повисоките кредити на двата сектора, со поголем придонес на корпоративниот сектор. На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 6,5 отсто којшто произлегува од зголеменото кредитирање на двата сектора, со поизразен придонес на секторот „домаќинства“, информираат денеска од Народната банка.  […]

Просечната нето плата во јануари 39.542 денари, за една година се зголемила 16,5 отсто


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари годинава изнесува 39.542 денари и во однос на јануари лани е зголемена за 16,5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (27,8 […]