ЕУ не успева да ги оданочува супербогатите: Годишно губи 286,5 милијарди евра приход


Владите на Европската унија годишно губат 286,5 милијарди евра приход, или 33 милиони на час или БДП на една Финска, бидејќи не успеваат правично да ги оданочат најбогатите Европејци. Тоа би бил износот што би можел да го донесе данокот на богатство од 5 отсто, според анализата на Оксфам. Само еден процент од најбогатите во […]

Во Брисел се одржува Форум за интеграција на пазарот на електрична енергија, учествува и првиот човек на МЕМО


  Управителот на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија – МЕМО, Симон Шутиноски денеска во Брисел ќе учествува на Форумот за интеграција на пазарот на електрична енергија, каде ќе има обраќање на Панел-дискусијата „Дали интеграцијата на договорните страни на Енергетската заедница ќе обезбеди посилен единствен европски пазар за електрична енергија“. Покрај, Шутиниски на панелот […]

ЕВН ќе биде универзален снабдувач со струја


  Владата на денешната седница ја донесе одлуката за избор на универзален снабдувач со електрична енергија. За најповолна понуда во соодветната постапка е избрана понудата доставена од групата понудувачи ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје – носител и ЕВН Македонија АД Скопје – член на групата, соопшти прес-службата на Владата. За носител на набавката е избран […]

Лагард: ЕЦБ наскоро ќе ги намали каматните стапки, нафтата е најголемиот ризик во моментов


Претседателката на Европската централна банка Кристин Лагард во вторникот рече дека централната банка е решена да ги намали каматните стапки на краток рок, под претпоставка да нема големи шокови. Лагард рече дека ЕЦБ ќе ги следи цените на нафтата „многу внимателно“ во услови на зголемени стравувања од прелевање од конфликтот на Блискиот Исток. Сепак, по […]

Министерот Николовски и земјоделците од Свети Николе ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште


Министерот Николовски заедно со земјоделците од Свети Николе денес ги потпишаа првите договори за продолжување на закупот на земјоделско земјиште – даденото ветување го исполнивме Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, денеска во Свети Николе оствари средба со земјоделците, на која што заедно со земјоделците ги потпишаа првите договори, за продолжување на закуп […]

Македонија годинава со раст од 2,7 отсто, прогнозира ММФ


Македонската економија годинава ќе забележи раст од 2,7 отсто, прогнозира Меѓународниот монетарен фонд во најновиот Светски економски преглед објавен денеска. За наредната годна се предвидува растна БДП од 3,7 отсто, а во 2026 година 3,5 отсто. Што се однесува до инфлацијата, како што се наведува во анализата на ММФ, потрошувачките цени годинава ќе се зголема […]

Британија се соочува со недостиг на храна


Велика Британија се соочува со недостиг на храна и зголемени цени бидејќи екстремните временски услови предизвикани од климатските услови ги намалија земјоделските приноси дома и во странство. Рекордните врнежи значеа дека земјоделците во многу делови на Британија не можеа да садат култури како што се компири, пченица и зеленчук за време на клучната пролетна сезона, […]

Одбележан Денот на Царината: Зголемени приходи, повеќе заплени и кривични пријави


Приходите на Царината во 2023 година растат по секој основ, бројот на случаи на заплени е зголемен за 30 проценти, на кривичните пријави за 60 проценти, а инвеститорите во нас препознаа доверлив партнер и јавно нѐ издвоија како институција, од чија работа се најмногу задоволни, оценил директорот на Царинската управа, Стефан Богоев, на денешниот настан […]

Макстил со поддршка за младите девојки во инженерските професии


За создавање на врвни професионалци во техничките науки неопходно е практично искуство, посочи во своето обраќање пред младите девојки инженерки (Global Engineer Girls), генералната директорка на Макстил, Марија Дуковска-Павловска. „Мотивирањето за одење напред и надградување на себеси треба да произлезе од самите вас, а изборот на науката, технологијата, математиката и инженерство веќе ве дефинира како […]

И туризмот треба да биде одржлив, потребни се мерки заштита на природните и културните добра


Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот денеска порача дека одржливиот туризам се смета за суштинска и долгорочна економска исплатливост. Со заштита на природните и културните добра, дестинациите можат да привлечат посетители на долг рок, да ги диверзифицираат нивните туристички понуди и да ги поддржат локалните економии без да ги деградираат нивните ресурси или да […]

Завршени 89 проценти од експропријацијата за автопатот Гостивар – Тетово, 70 проценти за Битола – Прилеп


За автопатите што ќе се градат на коридорите 8 и 10д во јануари годинава се спроведени геотехнички испитувања на делниците  Гостивар – Тетово,  Букојчани-Гостивар и Битола-Прилеп. На делниците Букојчани-Гостивар и Битола-Прилеп имало и земјени работи,  а делницата Ќафасан-Требеништа-Струга нема никакви активности, покажува Извештајот  на надзорот за прогресот на изградба на автопатите што ги гради американско-турскиот конзорциум […]

Сообраќајот во Панамскиот канал почна постепено да се нормализира


Администрацијата на Панамскиот канал соопшти дека од средината на мај значително ќе го зголеми бројот на резервации за транзит на бродови поради прогнозите за попуштање на сушата, која значително го намали транзитот во изминатите две години. Од 7 до 15 мај низ каналот дневно ќе минуваат по 24 бродови, а од 16 мај 31 брод, […]

Што е направено до сега во рамки на Отворен Балкан, тој донесе многу придобивки


  Во деновите кога се прават првите процени од отворањето на пазарот на труд меѓу Македонија, Србија и Албанија, една од придобивките на Отворен Балкан, Бујар Османи, министер за надворешни работи во техничката Влада чиј главен мандат е организирање фер и демократски избори, најави дека на владина седница ќе бара повлекување на нашата земја од […]

Нaтпросечно топлото време неповолно за земјоделските култури


Високите температури со натпросечни вредности што ја зафатија земјава, не се поволни за земјоделството. Агрометеоролозите велат дека топлото време, невообичаено за овој период од годината, може да го забрза развојот на растенијата, но и да предизвика нарушување на водниот баланс, што, пак, може да доведе до воден дефицит и сушење. Затоа, советуваат, земјоделците да посветат […]

„Алкалоид“ ќе донира „Омепразол“ во течна форма на Детската клиника и болницата во Козле


На ЈЗУ Универзитетската клиника за детски болести и на ЈЗУ Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“, „Алкалоид“ ќе им донира од иновативниот лек „Омепразол“ во течна форма – готов за употреба. Детали за донацијата, компанијата ќе соопшти денеска, на прес-конференција на Медицинскиот факултет при УКИМ. За иновативниот лек „Омепразол“ во течна форма, „Алкалоид“ […]

ЕИФ потпиша договори со 11 банки и финансиски посредници во ЗБ со кои ќе се обезбедат 750 милиони евра од кои 60 за Северна Македонија


Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ), дел од Групацијата на Европската инвестициска банка (ЕИБ), потпиша договори за гаранција за портфолио со 11 банки и финансиски посредници во економиите на Западен Балкан, финансирани во рамките на иницијативата на ЕУ „Гаранција за отпорност на МСП на WB EDIF“. Договорите ќе им овозможат на локалните банки и финансиски институции да […]

Остар пад на норвешкиот извоз во март


Норвешкиот извоз во март нагло опадна како одраз на значително намалените испораки на гас, покажа извештајот на норвешкиот Завод за статистика.  Во март извозот е намален за 20,5 отсто во однос на истиот месец лани, а увозот за 23,1 отсто.  Остриот пад на извозот е одраз на значително намалените испораки на гас, за 38,1 отсто […]

Коридорот 8 клучен инфраструктурен проект за Македонија, Албанија и Бугарија


Во организација на Здружението ЕСТИМА, Институтот за соработка и развој од Албанија, и Постојниот секретаријат на транспортната заедница, денеска во ЕУ-Инфо центарот се одржа панел-дискусија на тема „Патот пред нас: консолидирање на вклученоста на граѓанското општество во Економскиот и Инвестицискиот план за Западен Балкан“, на која присутен беше и евроамбасадорот Дејвид Гир. Евроамбасадорот Гир посочи […]

„Тесла“ ќе отпушти повеќе од 10 отсто од вработените


Американскиот производител на електрични возила (ЕВ) Тесла ќе отпушти повеќе од 10 отсто од својата глобална работна сила, се вели во интерниот допис на компанијата. „Додека ја подготвуваме компанијата за нашата следна фаза на раст, исклучително е важно да го разгледаме секој аспект на компанијата за да ги намалиме трошоците и да ја зголемиме продуктивноста“, […]

Комерцијална банка прва во земјава воведе тактилни платежни картички прилагодени и за слепи лица


Комерцијална банка, како општествено одговорна компанија, воведе тактилни платежни картички, кои ќе им помогнат, пред сѐ, на слепите лица и на лицата со оштетен вид полесно да ги идентификуваат и да ги разликуваат нивните платежни картички. Тактилните платежни картички, кои се разликуваат од постоечките по својот облик, денеска беа промовирани од Комерцијална банка во соработка […]