Приходите во Буџетот наплатени од Царината зголемени за седум проценти


Приходите наплатени од Царинската управа (ЦУ) во првото тримесечје годинава изнесуваат 28,7 милијарди денари, што е 1,9 милијарди денари или седум проценти повеќе во однос на истиот период минатата година, соопшти денеска ЦУ. Според директорот на Царинската управа Стефан Богоев, резултатите покажуваат зголемување на ефективноста на Царината. Растот на царинските приходи значи поголеми приливи во […]

ЕУ ќе привлекува стручни кадри: Усвоени измените на Директивата за работа и престој на странци


Европскиот совет денеска во крајна фаза ја одобри ревизијата на Директивата за единствена дозвола за работа и престој во ЕУ за државјаните на земји кои не се членки на Унијата, со која се утврдува административната процедура за добивање на документот и се одредени правата кои ги имаат работниците од трети држави.  Целта на измените е […]

„Фолксваген“ ќе инвестира 2,5 милијарди евра во Кина


Германската автомобилска групација „Фолксваген“ најави дека ќе вложи 2,5 милијарди евра во проширување на производствениот погон во градот Хефеј, источна Кина. – Центарот во Хефеј ќе ѝ помогне на компанијата да ги донесе своите технологии на кинескиот пазар за 30 отсто побрзо и да произведува целосно електрични возила. „Фолксваген“ се подготвува да произведе во Кина […]

ЕУ со рекордно ниво на залихи на гас на крајот на грејната сезона


На крајот на овогодишната зимска грејна сезона, 31 март, складишта за гас ширум ЕУ беа полни над 58 отсто, што претставува рекордно највисоко ниво на гасни залихи во овој период од годината, соопшти денеска еврокомесарката за енергија Кадри Симсон. – Овие високи нивоа на залихи се резултат на нашата успешна диверзификација во снабдувањето со енергија, […]

Управувањето како дел од ЕСГ рамката е важна компонента за поголема соработка помеѓу јавниот и приватниот сектор


Креирањето на одржлив развој согласно ЕСГ стандардите е основа за градење на иднина базирана на принципи што ќе овозможат рамномерен развој на сите чинители во општеството. Во насока на споделување искуства, кои ќе придонесат за поголема примена на политики базирани на ЕСГ стандардите, во Јуроп Хаус (Европска куќа) беше организирана стручна дискусија на тема „Важноста […]

Претставен новиот атрактивен визуелен идентитет на автентичниот бренд „Luda Mara“


  Со слоганот „Гледај го светот во очи“, винарската визба „Тиквеш“ го претстави комплетниот редизајн на брендот „Luda Mara“, именуван според името на реката што поминува низ Кавадарци. Таа со својата уникатна природа и бројните приказни и митови поврзани со неа, по многу нешта потсетува на автентичниот карактер на овие вина. Под овој вински бренд […]

ФИТР: 240 илјади евра достапни преку новиот јавен повик „Ваучери за иновации за Западен Балкан“


Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) денеска го објави јавниот повик „Ваучери за иновации за Западен Балкан”, со кој вкупно 240 илјади евра ќе се доделат за поттикнување на соработката помеѓу академската заедница со домашните, мали и средни компании, во насока на поддршка на научно истражувачки проекти кои ќе придонесат кон зголемување на иновативноста […]

Волстрит: Пораст на вредноста на акциите на „Епл“ и „Нвидиа“ 


Вчера на Волстрит, берзанскиот индекс S&P 500 ги надомести загубите од претходниот ден, како и индексот Насдак, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од податоците за помало од очекуваното зголемување на цените на производителите во САД. Дау Џонс загуби 0,01 отсто, на 38.459 поени, додека S&P 500 порасна за 0,74 отсто, на 5.199 поени, а индексот Насдак […]

„Becutan kids vits“ и за децата во Монголија – „Алкалоид“ освојува нови пазари


„Becutan Kids Vits“, добро познатиот бренд од производната палета на „Алкалоид“, е достапен и во Монголија. Присуството на тој пазар македонската фармацевтска компанија го зацврстува со проширување на портфолиото, што опфаќа дополнителни четири производи од сегментот додатоци на исхрана. „Остануваме посветени да го понудиме најдоброто за најмалите“, порачуваат од „Алкалоид“. Во Монголија производите на „Алкалоид“ […]

Македонија станува скапа за производство на текстил, вели Димитров


Ако до пред извесен период конфекциите бараа работник плус, денеска се соочуваат со недостиг на работа. Државата станува прескапа за европската мода. Ангел Димитров од Организација на работодавачи денеска изјави дека ситуацијата се менува од ден на ден. Странските партнери се насочени кон далечниот Исток, и нашата држава се соочува со проблем да остане без […]

Глобалните капацитети на електрани на јаглен на историски максимум


 Во најновиот извештај на „Глобал енерџи монитор“ (Global energy monitor) се наведува дека глобалните капацитети на електраните на јаглен во 2023 година забележале раст од два отсто и се на историскиот максимум. За таквата ситуација придонесе Кина со изградба на нови капацитети. Кина минатата година додала 47 гигавати нови производствени капацитети на јаглен, што претставува […]

СДСМ има јасен план за раст на економијата, вели Ковачевски


  Економските показатели во државата и идните мерки во програмата на СДСМ со посебен фокус на соработката со дијаспората, дигитализацијата, реформата во јавната администрација, владеењето на правото и борбата против корупцијата беа тема на разговор на денешната средба на раководството на СДСМ  со претставници на невладината „Македонија 2025“. Целта на состанокот, како што информира лидерот […]

Богоев: Царинската управа креира реформски политики за подобрување на условите за водење бизнис


Царинската управа e една од клучните институции за подобрување на условите за водење бизнис и забрзан економски раст. Преку спроведување реформски политики за унапредување на трговијата и користење врвна ИТ технологија обезбедуваме огромни поедноставувања на увозните, извозните и транзитните постапки што за македонското стопанство значи заштеда на време и средства и конкурентска предност на меѓународниот […]

Реплек отвори нов пазар за своите фармацевтски производи


Реплек АД го отвори пазарот на Туркменистан со реализација на првиот извоз на фармацевтски производи од своето портфолио во оваа азиска земја. Со ова дополнително е зајакнат извозниот потенцијал на компанијата, која 75% од своето производство го пласира на странските пазари. Во иницијалната година од настапот на туркменистанскиот пазар се пласирани дури 30 производи од […]

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ се сретна со раководството на МАСИТ


  ИТ индустријата бара предвидливи политики за да може да го планира својот бизнис. Ваква порака била пренесена на денешната средба на раководството на Стопанската комора за информатички технологии – МАСИТ со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Мицкоски по средбата изјави дека се работи за значајна гранка во економскиот развој на државата и дека треба […]

Наместо замрзнати цени, да се обезбедат подобро платени работни места, порачува Светска банка


Замрзнувањето на цените на храната се краткорочна, а не структурна мерка која може да се користи на долг рок. Со неа само привремено, вештачки, одржувате некое ценовно ниво кое не ги отсликува реалните производни трошоци и реалните текови во економијата, порачаа денеска експертите од Светска банка. Според нив, наместо замрзнување на цените, треба да се […]

Над 2.200 граѓани побарале ИД број за работа во рамки на Отворен Балкан


Од Стопанската комора на Србија (ПКС) соопштија дека до 2 април годинава 2.239 граѓани побарале ИД број на Отворен Балкан за слободен пристап до пазарот на трудот на Србија, Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград. Во текот на минатата година до 26 март годинава, постапувајќи според Законот за вработување на странци, […]

Светска банка: Инвестициите во инфраструктурата ќе го поттикнат растот годинава


Најнизок економски раст минатата година меѓу земјите од Западен Балкан, зголемен буџетски дефицит и инфлација која што има тренд на намалување – ова е сликата за нашата земја во најновиот 21. редовен извештај на Светска банка за земјите од Западен Балкан наречен Заживување на растот. Ваквите економски перформанси, според Светска банка, се должат на влошените […]

Инфлацијата во Кина и натаму е ниска, во март изнесуваше 0,1 отсто на годишно ниво


Годишната стапка на инфлација во Кина се намали од февруарските 0,7 отсто на 0,1 отсто во март, објави денеска Националното биро за статистика на Кина. Пазарите очекуваа малку повисока мартовска инфлација во Кина од 0,4 отсто на годишно ниво. Цените на храната во Кина се намалија за 2,7 отсто на годишно ниво, додека цените на […]

Долготрајната инфлација е поголема закана за Велика Британија отколку за САД, тврди претставничка на Банката на Англија


 Опасноста од долготрајна инфлација е поголема во Велика Британија отколку во САД, рече денеска официјалната претставничка на Банката на Англија, Меган Грин во напис за „Фајненшл тајмс“. Според неа, пазарите сега очекуваат Банката на Англија да ги намали каматните стапки порано од американската централна банка, ФЕД. Главната причина за овие очекувања, според Грин, е изненадувачки […]