Волстрит: Пораст на вредноста на акциите на „Епл“ и „Нвидиа“ 


Вчера на Волстрит, берзанскиот индекс S&P 500 ги надомести загубите од претходниот ден, како и индексот Насдак, бидејќи инвеститорите беа охрабрени од податоците за помало од очекуваното зголемување на цените на производителите во САД. Дау Џонс загуби 0,01 отсто, на 38.459 поени, додека S&P 500 порасна за 0,74 отсто, на 5.199 поени, а индексот Насдак 1,68 отсто, на 16.442 поени.

Така, S&P 500 и Насдак ги надоместија загубите од претходниот ден, кога нагло паднаа, по податоците за повисока инфлација во САД од очекуваната. Вчера, пак, инвеститорите беа охрабрени од податоците за помало од очекуваното зголемување на цените на производителите во март, па инвеститорите се надеваат дека инфлацијата наскоро би можела да се намали, што би ја отворило вратата на американската централна банка за намалување на каматните стапки .

И вчера, неколку функционери на ФЕД изјавија дека централната банка нема причина да брза со намалување на каматните стапки и дека треба да биде трпелива додека инфлацијата не биде на надолна траекторија кон целното ниво на ФЕД од 2 отсто.

Растот на S&P 500 и Насдак индексот главно се должи на скокот на цените на акциите на технолошките гиганти „Епл“ и „Нвидиа“ за повеќе од 4 отсто.

Во фокусот на инвеститорите денеска, како и во наредните недели, ќе бидат кварталните деловни резултати на американските компании. Аналитичарите анкетирани од Ројтерс проценуваат дека заработката на компаниите од индексот S&P 500 во првиот квартал се зголемила за околу 5 отсто во споредба со истиот период минатата година.

И на европските берзи вчера паднаа цените на акциите. Лондонски FTSE индексот ослабе за 0,47 отсто, на 7.923 поени, додека франкфуртски DAX се лизна за 0,79 отсто, на 17.954 поени, а париски CAC 0,27 отсто, на 8.023 поени.