Средствата за проекти на општините предвидени во ребалансот на следната владина седница во вторник


Дел од средствата наменети за проекти на општините во вредност од 250 милиони евра се предвидени во ребалансот и веќе на следната владина седница во вторник очекуваме да почнат полека да се користат за потребите на граѓаните преку општините, најави премиерот Христијан Мицкоски.  Министерството за локална самоуправа, посочи Мицкоски, набрзо ќе објави јавен повик, на кој […]

Основач на „Линкд-Ин“: Работното време од девет до пет ќе исчезне до 2034 година


Рид Хофман, со-основачот на платформата за барање работа, „Линкд-Ин“, верува дека работното време, на кое се навикнати повеќето луѓе, наскоро ќе стане минато. – Работното време од девет до пет часот нема да се задржи уште долго време. До 2034 година веќе нема да се работи на тој начин… Ќе има поголема флексибилност и можности, […]

Живко Митревски „воскресна“, си ја бара фотелјата во ССМ


Поранешниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија според вкусот на ВМРО-ДПМНЕ, Живко Митревски, денеска на прес-конференција го нарече замајување барањето на работничката организација да се зголемат платите тврдејќи дека со ССМ се прави невиден скандал. На прес конференцијата на Митрески упадна аклуелниот претседател Слободан Трендафилов. -Насилнички доаѓате и сметате дека насилинички треба да останете. […]

Горивата поевтинуваат за два денара


Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за два денара по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,12  отсто. Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77,5 денари […]

ЕЦБ: Потрошувачите во еврозоната очекуваат повисока инфлација во следните три години


Потрошувачите во еврозоната очекуваат просечната инфлација во следните три години да биде 2,4 отсто, додека во истражувањето во јуни процентот изнесуваше 2,3, се наведува во заклучокот од истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ) за јули. Инфлациските очекувања за следните 12 месеци се непроменети бидејќи потрошувачите очекуваат инфлација од 2,8 отсто, исто како и во јуни. […]

Гасоводот, енергетските проекти и состојбите во ЕСМ и МЕПСО во фокусот на разговорите на Божиновска со претставници на Амбасадата на САД


Зајакнување и проширување на постојната гасоводна инфраструктура, подготовките околу претстојните енергетски проекти и состојбата во акционерските друштва во државна сопственост АД ЕСМ и АД МЕПСО, беа во фокусот на разговорите меѓу министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и претставници на Амбасадата на САД во Скопје. На средбата, како што информираат од Министерството […]

Со грант од ЕУ за паметни граници, ќе се забрзува транспортот и ќе се олеснува трговијата 


Се интензивираат активностите за отпочнување на Проектот за автоматизација на терминалите на граничните премини и реконструкција на граничен премин Делчево со грант од ЕУ во висина од 4,2 милиони евра. Во првата фаза ќе се работи на автоматизација на терминалите и поврзување со новиот систем за видео надзор, информираат од Царинската управа (ЦУ).  Ова, како […]

Една златна прачка сега вреди 1 милион долари


Цената на прачка злато за прв пат вреди милион долари, благодарение на зголемените цени на благородниот метал. Цената на спот златото достигна повеќе од 2.500 долари за трој унца во петокот, достигнувајќи рекордно високо ниво. Просечната златна прачка тежи 400 тројски унци – што, кога ќе се пресмета, достигнува еден милион долари. Блумберг њус прв […]

ФЕД е подготвена да ги намали каматните стапки во септември


Федералните резерви на САД се подготвени да ги намалат каматните стапки во септември, откако „огромното мнозинство“ официјални лица посочија дека таквата акција е веројатна, според записникот од состанокот на централната банка на 30-31. јули. Записникот, објавен во средата, покажува дека некои носители на одлуки биле подготвени да ги намалат трошоците за задолжување уште на состанокот […]

Олимписките игри ја поттикнаа економската активност во еврозоната


Економската активност во еврозоната се подобри во август на највисоко ниво во последните три месеци. Подобрувањето се должи на неодамна завршените Летни олимписки игри во Париз, иако останува загриженоста за новите нарачки и економското расположение, според истражувањето на аналитичката компанија S&P Global и Hamburg Commercial Bank (HCOB). Индексот на менаџери за набавка (PMI) се зголеми […]

Цените на пченицата на светските берзи потонаа на најниско ниво во последните четири години


Цените на пченицата денеска паднаа на најниско ниво од септември 2020 година, поточно на 5,20 долари за бушел (27,2 килограми) првенствено поради влијанието на можниот штрајк на железницата во Канада и оптимистичките прогнози за производство во Украина. Можноста за штрајк на железницата во Канада ги натера земјоделците однапред да ја продаваат својата пченица за да […]

Македонија е „во фотофиниш“ за инвестиција од 150 милиони евра за производство на суплементи


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање за потенцијални нови странски инвестиции посочи дека се преговара за три можни нови инвестиции во вкупна вредност од околу 250 милиони евра.  „Преговараме со три можни нови инвестиции. Две се од веќе постојните производни капацитети – проширување на нивното производно портфолио, големи ќе бидат и значајни […]

На наплатната рампа Романовце годинава поминале над 3 милиони возила


Зголемена е фреквенцијата на наплатната рампа Романовце, сместена на коридорот 10 во екот на туристичката сезона, информираат од Јавно претпријатие за државни патишта. Оттаму велат дека поголеми задржувања на оваа наплатна рампа и покрај големата раздвиженост летово. – Во летниот период вообичаено е зголемена фреквенција на возила од сите категории на сите наплатни станици, а […]

Австралија: Најголемата сончева фарма во светот ќе напојува три милиони домови


Австралиската влада направи голем чекор кон тоа да стане предводник на полето на обновливите извори на енергија, со одобрување нов индустриско-сончев проект во областа Северна Територија. Инсталацијата „Австралија – Азија пауер линк“ (Australia – Asia Power Link) што се промовира како „најголемата сончево-енергетска станица во светот“, зафаќа површина од 12.000 хектари и ќе генерира енергија – […]

Со европски проект се подобрува капацитетот на АХВ за контрола на болести кај животните


Ефикасно спроведување на системот за контрола на болести кај животните со десет различни активности, зајакнување на капацитетот за безбедност на храната со четири активности, подобрен систем на официјална контрола со четири активности и подобрен систем за собирање на податоци и проценка на ризикот со четири активности, е резултатот на проектот „Подобрена контрола на болестите кај […]

КХВ и издаде дозвола на Комерцијална банка за давање понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола


Комисијата за хартии од вредност (КХВ) денеска на седница донесе решение со кое на Комерцијална банка АД Скопје и издаде дозвола за давање понуда за преземање на Стопанска банка АД Битола.   Понудата за преземање се однесува на 390.977 обични акции со право на глас издадени од Стопанска банка АД Битола, кои претставуваат 100 проценти […]

ДУИ: Владата без предупредување ја поскапи струјата за над 65.000 фирми за над 50 отсто


ДУИ ги пренесува  поплаките на на микро, малите и средните претпријатија дека Владата на нетранспарентен начин ја зголемила цената на струјата за над 65.000 микро, мали и средни претпријатија за повеќе од 50%. „Дури и таа од 8,78 ден/kWh стигна до 13,37 ден/kWh или за повеќе од 50%. Сакаме да ја информираме јавноста дека оваа […]

Во овие европски земји младите најбрзо наоѓаат работа


  По завршувањето на студиите, многу млади луѓе се обучуваат за пазарот на труд и понатамошни кариери преку пракса или програми за практикантска работа, некои од нив веднаш наоѓаат работа и почнуваат да го градат своето име во светот на бизнисот. Едно истражување покажа дека во 2023 година биле вработени 83,5 отсто од неодамна дипломираните […]

Членките „Макам-транс“ добија нова веб платформа за навремено информирање и ефикасно работење


  Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“ ја пушти во употреба новата веб платформа https://www.makamtrans.org.mk/ која преку збогатена содржина и подобрени функционалности има за цел да им овозможи навремено, побрзо и поефикасно информирање и функционирање на своите членки со цел одржување на тековна ликвидност во работењето, соопштија од асоцијацијата. Дополнително, платформата нуди и можност за анонимно пријавување […]

Од 1 септември построги правила на аеродромите во земјите-членки на ЕУ


Берлин – Построги правила за течности и гелови во рачниот багаж повторно ќе стапат во сила од 1 септември на сите аеродроми во Европска Унија, соопшти аеродромот во Франкфурт. Со новите правила на патниците ќе им биде дозволено да носат течност или гел до 100 милилитри, спакувани во проѕирна пластична кеса со максимален волумен од еден […]