Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот на сметководители и овластени сметководители потпишаа Меморандум за соработка


Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот на сметководители и овластени сметководители потпишаа Меморандум за соработка. Меморандумот го потпишаа ректорката на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) во Скопје, проф. д-р Биљана Ангелова и претседателката на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС), Весна Прентоска, а неговата основна цел е воспоставување соработка на полето на …

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и Институтот на сметководители и овластени сметководители потпишаа Меморандум за соработка Read More »

Армани и Диор под истрага во Италија заради експлоатиција на работниците


Италијанскиот тело за конкуренција истражува дали Армани и Диор ги доведоа во заблуда потрошувачите за нивните производствени процеси, по извештаите дека локалните компании во нивните синџири на снабдување им плаќаат премалку на работниците и ги принудуваат да работат долги часови. Во соопштението од средата, властите соопштија дека Армани и Диор „можеби издале невистинити изјави за …

Армани и Диор под истрага во Италија заради експлоатиција на работниците Read More »

Смените на царинските службеници да бидат компатибилни со смените на инспекциските служби од АХВ


Автоматизација на терминали на граничните премини, софистициран систем за надзор, усогласување на цените на царината и на инспекторите се дел од мерките што ќе ги преземе Царината за да се скрати времето на чекање на транспортерите, соопштија денеска надлежните од Царинската управа по средбата со надлежните од Асоцијацијата Макам-транс на ГП Табановце. Ова според директорот …

Смените на царинските службеници да бидат компатибилни со смените на инспекциските служби од АХВ Read More »

Народната банка по вторпат добитничка на наградата на „Комерцбанк“ за 2023 година, за квалитетно автоматизирано извршувањe на плаќањата


Народната банка по вторпат е добитничка на наградата на „Комерцбанк“, што претставува една од водечките меѓународни деловни банки во Европа. Наградата се доделува за 2023 година, за квалитетно автоматизирано извршување на плаќањата на државните органи и на трансферите со финансиските институции во меѓународниот платен промет. -Ова е големо признание за Народната банка коешто го доби …

Народната банка по вторпат добитничка на наградата на „Комерцбанк“ за 2023 година, за квалитетно автоматизирано извршувањe на плаќањата Read More »

На Волстрит најголем пад на акциите на производителот на чипови од 2020 година


На Волстрит денеска индексот Дау Џонс (Dow Jones) достигна ново рекордно високо ниво, додека СиП 500 (S&P 500) и Насдак (Nasdaq) остро паднаа поради притисокот врз акциите на производителите на чипови по веста дека властите планираат да воведат нови ограничувања во трговијата со Кина. Индексот Дау Џонс зајакна 0,59 отсто, на 41.198 поени, додека СиП …

На Волстрит најголем пад на акциите на производителот на чипови од 2020 година Read More »

Средба на првите луѓе на Царинската управа и „Макам-транс“, Николовски и Муратовска


Директорот на Царинска управа, Бобан Николовски денеска на граничниот премин Табановце ќе одржи состанок со генералниот секретар на Асоцијацијата „Макам-транс“, Билјана Муратовска. Како што најавуваат од Царинската управа, состанокот е во насока на унапредување на мерките и политиките за забрзување на транспортот.

Цената на струјата во Македонија стигна до 550 евра за мегаватчас, а во Србија 700 евра


  Вчера во 18 часот големопродажната цена на струјата на пазарот во Србија достигна 574,91 евро за мегават час. Во тоа време тоа беше најскапата струја во Европа. Во Македонија чинеше 550 евра, во Романија 429,28 евра, во Унгарија 414 евра, во Бугарија и Грција 351 евро, покажуваат податоците на веб-страницата Energyflux. Во Франција во …

Цената на струјата во Македонија стигна до 550 евра за мегаватчас, а во Србија 700 евра Read More »

Побарувачката на Европејците за кредити покажува знаци на закрепнување


Побарувачката на граѓаните за заеми во еврозоната закрепна во вториот квартал, со засилена конкуренција од банките пред пониските каматни стапки и подобрените изгледи за пазарот на недвижности, покажа истражувањето на Европската централна банка (ЕЦБ). Нето 16 отсто од доверителите објавија во истражувањето на ЕЦБ за поголема побарувачка на заеми на домаќинствата во вториот квартал, за …

Побарувачката на Европејците за кредити покажува знаци на закрепнување Read More »

Цените на златото достигнаа нов рекорд


Цените на златото денеска достигнаа нов рекорд под влијание на шпекулациите дека американската централна банка би можела да ги намали клучните каматни стапки, а дополнително ги поттикна трендот на зголемени набавки од страна на централните банки. Цената на унца злато на физичкиот пазар порасна за 0,2 отсто, на 2.473,59 долари. Накратко достигна нов рекорд од …

Цените на златото достигнаа нов рекорд Read More »

Зајакнување на македонските компании за пренасочување кон соларна енергија


Во време кога енергетската одржливост игра се поголема улога, настанот „Соларна енергија за бизниси“ предизвика огромен интерес и обедини над 70 претпријатија од различни сектори, и тоа од преработувачката индустрија, услужни дејности, до компании од енергетска дејност. Настанот овозможи стручна презентација за инсталација на соларни и батериски системи, презентации на Фероинвест и Батери Еволушн кои …

Зајакнување на македонските компании за пренасочување кон соларна енергија Read More »

УЈП најавува реформи на процесите- ќе се открива неплатен данок и ќе се подобрат услугите за граѓаните


Претстои голем реформски процес на редизајнирање на деловните процеси и нивно автоматизирање и дигитализирање, со кои ќе се промени начинот на пресметки на платите и собирање на даноците, најави новата директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Елена Петрова. Со новините се очекува да биде променет сегашниот, како што рече, традиционален начин на функционирање на …

УЈП најавува реформи на процесите- ќе се открива неплатен данок и ќе се подобрат услугите за граѓаните Read More »

Народна банка донесе мерки за јакнење на отпорноста на банкарскиот систем


Врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици и последните расположливи податоци, Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука за зголемување на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките за дополнителни 0,25 процентни поени, до нивото од 1,75%, којашто ќе се применува од 1 август 2025 година.  Стапката на противцикличниот …

Народна банка донесе мерки за јакнење на отпорноста на банкарскиот систем Read More »

Буџетските КОВИД-мерки се укинуваат, од оваа ставка скратени 620 милиони денари


 Министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска соопшти дека од КОВИД-мерките во Буџетот, што ги креирала претходната Влада, се скратени 620 милиони денари. КОВИД-мерките, како што рече Димитриеска Кочоска на прес-конференција, веќе не треба да постојат зашто короната е веќе минато и одамна зад нас. -Комплетно се скратени 620 милиони денари од КОВИД-мерките предвидени во …

Буџетските КОВИД-мерки се укинуваат, од оваа ставка скратени 620 милиони денари Read More »

Димитриеска-Кочоска за замрзнатите пари за делницата Гостивар – Букојчани: Техничка влада не може да носи одлуки за зголемување средства


  Министерката на финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска рече дека министерот за транспорт и врски веројатно ќе соопшти детали околу владината одлука да се укине заклучокот од техничката влада за делницата Гостивар – Букојчани од Коридорот 8, зашто тоа, како што нагласи, е негов ресор. Сепак е клучно, напомена Димитриеска-Кочоска, дека во период на техничка влада …

Димитриеска-Кочоска за замрзнатите пари за делницата Гостивар – Букојчани: Техничка влада не може да носи одлуки за зголемување средства Read More »

Ништо од штедењето, буџетот е со рекордни 5,89 милијарди евра, дефицитот скокна на 720 милиони


  Владата стокми ребаланс на Буџетот кој ќе тежи рекордни 5,89 милијарди евра (постојниот е околу 5,5 милијарди евра), со огромен буџетски дефицит кој од 585 се зголемува на 720 милиони евра. Приходите во Буџетот се проектирани на 5,17 милијарди евра, за околу 130 милиони евра повеќе од основниот буџет. Сето тоа во услови на …

Ништо од штедењето, буџетот е со рекордни 5,89 милијарди евра, дефицитот скокна на 720 милиони Read More »

Владата замрзна 252 милиони евра за „Бехтел и Енка“ за делницата Гостивар-Букојчани


  Односите на државата со конзорциумот „Бехтел и Енка“ може да се комплицираат, иако новиот министер за транспорт изјави дека проектот за изградбата на автопатите ќе продолжи. Владата на седница што се одржа вчера донесе одлука за укинување на заклучокот на претходната техничка влада со кој се предизвикува фискални импликации за реализација на делницата Гостивар-Букојчани …

Владата замрзна 252 милиони евра за „Бехтел и Енка“ за делницата Гостивар-Букојчани Read More »

„Кралот на кафето“ носи лоша вест: Поради новите правила на ЕУ, цената на филџан кафе многу ќе поскапи!


Филџан кафе наскоро би можело да поскапи поради новите правила за негово производство и уништување на шумите, изјави претседателот на Lavazza, Џузепе Лаваца. Неодамна спроведените правила на ЕУ за уништување на шумите може да значат дека извозот на илјадници зрна кафе во ЕУ наскоро би можел да биде одбиен бидејќи тие се произведени на земјиште …

„Кралот на кафето“ носи лоша вест: Поради новите правила на ЕУ, цената на филџан кафе многу ќе поскапи! Read More »

(Во живо) Министерката за финансии Димитриеска Кочоска ќе одржи прес-конференција за ребаланс на Буџетот


Министерката на финансии Гордана Димитриеска Кочоска денеска во Владата ќе одржи прес-конференција за ребалансот на Буџетот. Како што информира владината прес-служба, Димитриеска Кочоска ќе ја образложи донесената одлука на вчерашната владина седница. Владата вчера на седница расправаше за ребалансот на Буџетот, а министерката во изминатиот период информираше дека ќе има пари за плати и пензии …

(Во живо) Министерката за финансии Димитриеска Кочоска ќе одржи прес-конференција за ребаланс на Буџетот Read More »

Цената на златото на историски највисоко ниво


На повеќето Азиски берзи цените на акциите денеска паднаа, а благо падна и вредноста на доларот во однос на кошничката валути, додека цената на златото достигна историски максимум. Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските акции, беше речиси непроменет од вчера во 07:00 часот. Истовремено, на токиската берза индексот Никеи ослабе за 0,3 отсто, додека …

Цената на златото на историски највисоко ниво Read More »