Ангеловска-Бежоска − Салас: Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен


Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен, што во голема мера се должи на политиките и макропрудентните мерки коишто ги носи Народната банка за одржување на финансиската стабилност. Ова беше посочено на средбата којашто се одржа помеѓу гувернерката на Народната банка и Хесус Сарина Салас, член на Единствениот одбор за решавање банки, институција при …

Ангеловска-Бежоска − Салас: Банкарскиот сектор во земјава е стабилен и сигурен Read More »

Волстрит: Нов рекорд на индексот СиП 500


Индексот СиП 500 (S&P 500) порасна во понеделникот додека трговците се обидоа да ги надополнат силните добивки забележани минатата недела откако Федералните резерви ги намалија каматните стапки. Индексот на широкиот пазар додаде 0,29%, додека Nasdaq Composite порасна за 0,18%. Dow Jones Industrial Average зајакна 67 поени, или 0,16%. Потезите доаѓаат по успешната недела на Волстрит, …

Волстрит: Нов рекорд на индексот СиП 500 Read More »

Земјоделците од Бугарија, Германија, Естонија, Италија и Романија ќе добијат 120 милиони евра од ЕУ заради штетите од временските непогоди


Европската комисија предложи од т.н. земјоделски резерви на ЕУ да се одвојат 119,7 милиони евра како директна поддршка за земјоделците од Бугарија, Германија, Естонија, Италија и Романија, кои беа погодени од исклучително неповолни климатски настани во текот на пролетта и почетокот на летото оваа година.  Според предлогот на ЕК, во знак на солидарност 10,9 милиони …

Земјоделците од Бугарија, Германија, Естонија, Италија и Романија ќе добијат 120 милиони евра од ЕУ заради штетите од временските непогоди Read More »

Дурмиши на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес


Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши денеска ќе учествува на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес што се одржува во Берлин, Сојузна Република Германија. Како што информираат од Министерството за економија и труд, Дурмиши со колегите министри за економија од земјите од Западен Балкан на бизнис форум ќе дискутираат на …

Дурмиши на конференција на министри за економија во рамки на Берлинскиот процес Read More »

Калифорнија ја тужи „ЕксонМобил“дека манипулирала со јавноста за рециклирањето на пластиката


Сојузната држава Калифорнија поднесе тужба против ExxonMobil со обвинување дека со децении ја доведувала јавноста во заблуда за ефикасноста на рециклирањето на пластиката. Ова е прва ваква тужба против нафтено-енергетска компанија. Тужбата тврди дека ExxonMobil, втора по големина нафтена компанија во светот и прв светски производител на полимери, главните состојки за изработка на пластични производи, …

Калифорнија ја тужи „ЕксонМобил“дека манипулирала со јавноста за рециклирањето на пластиката Read More »

Најпознатите светски компании обвинети за кршење на човековите права


Некои од најголемите светски компании, како „Амазон“, „Тесла“, „Мета“, „Блекстоун“ се обвинети за поткопување на демократијата ширум светот со финансиска поддршка на екстремно десничарските политички движења, финансирање и влошување на климатската криза и кршење на синдикалните и човековите права, се вели во извештајот објавен од страна на Меѓународната конфедерација на синдикати. Така, „Амазон“, петтиот по …

Најпознатите светски компании обвинети за кршење на човековите права Read More »

Мицкоски сака Македонија да биде економски лидер во регионот


Националниот совет за развој е одлична платформа да се учествува во визијата и во реализација на она што претставува стратешка цел на државата и за тоа е потребно да се создаде патоказ и визија за чекорите во периодот 2024 – 2044 година, истакна премиерот Христијан Мицкоски, на денешната втора седница на Националниот совет за развој, …

Мицкоски сака Македонија да биде економски лидер во регионот Read More »

Германија ја зголемува цената на јавниот превоз


Цената на популарната карта, воведена минатата година, која им овозможува на луѓето да користат локални и регионални возови, автобуси и подземна железница низ цела Германија, ќе се зголеми за околу 18 проценти следната година. Министрите за транспорт од 16-те германски покраини се согласија дека цената на „Deutschlandticket“, која изнесуваше 49 евра месечно откако стана достапна …

Германија ја зголемува цената на јавниот превоз Read More »

Европската комисија одобрила финансирање на проектот „Независен систем за природен гас во Александруполи“


Европската Комисија издала извршна одлука за одобрување на финансиски придонес на Унијата во реализација на проектот „Независен систем за природен гас во Александруполи“, соопшти алтернативниот министер за национална економија и финансии на Грција Никос Папатанасис, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката е во рамките на програмата на европските структурни и инвестициски фондови за конкурентност, …

Европската комисија одобрила финансирање на проектот „Независен систем за природен гас во Александруполи“ Read More »

Бензините поскапуваат за 1,5, а дизелот за 0,50 денари


Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се зголемуваат за 1,50 денари по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 0,50 денари, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Новата на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 75,00 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС …

Бензините поскапуваат за 1,5, а дизелот за 0,50 денари Read More »

Земјоделците можат електронски да видат до каде им се барањата за финансиска поддршка


Платежната агенција воведе модул (прегледник) што овозможува електронско следење на податоците во врска со поднесените барања за финансиска поддршка. Модулот е наманет за земјоделците и земјоделските стопанства. Тие преку оваа алатка имаат увид и информации за секоја мерка: статус на мерката, авторизиран износ и дата на авторизација, исплатен износ и датум на исплата, статус на …

Земјоделците можат електронски да видат до каде им се барањата за финансиска поддршка Read More »

Уште три дена за поднесување ДДВ- 04 пријави за изминатиот оданочив период


Управата за јавни приходи ги повикува даночните обврзници и сметководителите да не го чекаат последниот рок, 25-ти септември (среда) 2024 година до полноќ, за поднесување на ДДВ-04 пријавите за последниот оданочив период. „Апелираме, навреме да се поднесат ДДВ – 04 пријавите со цел да се избегне  непотребен стрес и дополнително чекање на обработка на пријавите …

Уште три дена за поднесување ДДВ- 04 пријави за изминатиот оданочив период Read More »

Со влезот во СЕПА, трошоците за граѓаните и компаниите при прекуграничните плаќања значително ќе се намалат


„Со приклучувањето кон Единствената област за плаќањa во евра (СЕПА) прекуграничните плаќања ќе бидат многу побрзи, поедноставни и поевтини, значително ќе им се намалат трошоците на домашните банки, а тоа ќе значи и помали надоместоци за граѓаните и компаниите. Современите платни системи се клучни за јакнењето на економските врски, особено за микропретпријатијата и малите претпријатија …

Со влезот во СЕПА, трошоците за граѓаните и компаниите при прекуграничните плаќања значително ќе се намалат Read More »

КЕМЕТ Eлектроникс Македонија инвестираше во централа за производство на чиста, обновлива енергија


  Компанијата КЕМЕТ Eлектроникс Македонија инвестираше 400.000 евра во изградба на фотоволтаична (соларна) централа со инсталирана моќност од 609 KWp. Централата ќе произведува приближно 750 MWh електрична енергија годишно, со што околу 10 отсто од вкупната потрошувачка на електрична енергија на компанијата се заменува со чиста, обновлива енергија добиена од сончеви зраци. Покрај за зголемување …

КЕМЕТ Eлектроникс Македонија инвестираше во централа за производство на чиста, обновлива енергија Read More »

Проверете кои се најуспешните компании во Македонија според „Бизнис лидер“


Проектот „Бизнис Лидер“ го комплетираше рангирањето на најуспешни македонски компании во првите 10 категории од вкупно 22 категории од повеќе индустриски сектори. Најдобро рангираните компании во овие категории ќе бидат наградени врз основа на нивните резултати во 2023 година според објективните рангирања на Бизнис Мрежа за вкупниот приход, профит и број на вработени. Во категоријата …

Проверете кои се најуспешните компании во Македонија според „Бизнис лидер“ Read More »

Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред


Глобалната цена на нафтата порасна втора недела по ред минатата недела, бидејќи трговците се надеваат на посилна побарувачка откако американската централна банка ги намали каматните стапки, што треба да го поттикне економскиот раст. На лондонскиот пазар цената на барелот минатата недела порасна за 4,1 отсто, на 74,49 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот …

Цените на нафтата пораснаа втора недела по ред Read More »

Какви ќе бидат ефектите од ограничување на профитната маржа


Оваа недела се очекува граѓаните да ги почувствуваат ефектите од владината одлука за ограничување на профитната маржа на дел од основните прехранбени производи. Цените на 73 прехранбени производи кои се дел од есенската потрошувачка кошница треба да бидат пониски до 31 октомври.  Од Министерството за економија велат дека одлуката ќе почне да се применува веќе …

Какви ќе бидат ефектите од ограничување на профитната маржа Read More »

Јаболката „ајдарет“ ќе се откупуваат по минимум 18 денари


Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), преку соопштение, вечерва информираат дека и денеска се разговарало за пласманот на јаболкото од оваа реколта.  Министерот Цветан Трипуновски во писмена изјава по средбата со откупувачи на јаболка во Ресен, наведува дека денеска имале втора средба во рок од 10 дена. – Откупувачите ги соопштија цените и …

Јаболката „ајдарет“ ќе се откупуваат по минимум 18 денари Read More »

Есенската кошничка е таргетирана, за опозицијата е калкулантска политика


Со есенската потрошувачка кошница се опфатени производи коишто се најкористени од страна на граѓаните, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во одговор на обвинувањата од опозицијата дека се ограничува маржата на 70-тина производи за разлика од времето на СДСМ кога биле донесени мерки за намалување на повеќе од 500 производи. – Оваа есенска кошница е таргетирана …

Есенската кошничка е таргетирана, за опозицијата е калкулантска политика Read More »