ССМ: Во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната


Сојузот на синдикати на Македонија објави дека во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната, а само 26,7 проценти над просечната плата.  – Загрижува фактот што 169.082 работници, односно 1/3 или 33,1 проценти од работниците примаат плата под 30.000 денари или под 500 евра. Со одбивањето да се зголеми минималната плата, од страна […]

СКСЗМ: Критериумите за ваучерите на Владата ги дискриминираат малите и средни претпријатија


Стопанската комора на Северо-Западна Македонија (СКСЗМ) денеска преку соопштение реагира во врска со условите предвидени во јавниот повик на Владата за доделување ваучери за студентите. -Условот од мерката на Владата за доделување ваучери во износ од 250 евра за студентите за набавка на лаптопи или таблети, според кој компаниите треба да имаат најмалку две експозитури […]

УниКредит се обидува да ја преземе втората по големина приватна банка во Германија. Германците се загрижени


Италијанската банка УниКредит објави дека го зголемила својот директен удел во Комерцбанк и се стреми да ја преземе втората по големина приватна банка во Германија, на што се спротивставуваат и германската банка и локалната самоуправа бидејќи се смета за непријателско преземање. Банката со седиште во Милано објави дека „во догледно време“ ќе ги конвертира и […]

Бензините поскапуваат за еден, а дизелот за половина денар


Од РКЕ информираат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во бележат зголемување Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука да ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати. Еден литар од бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 ќе поскапи за еден денар и од […]

Маржите на трговците на мало во Германија се 25 проценти


  Маржите во Германија се околу 25 проценти, а економскиот весник „Ханделсблат“ наведува дека „Лидл“ во таа земја ги намалил своите маржи од 26,5 на 23,7 проценти минатата година, пишува Дојче веле денес во текст по повод објавата на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за намалување на маржите во домашните супермаркети под 20 проценти, во […]

Мерц: Германија не поминува низ привремен пад, туку е во длабока структурна криза


Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека економските предизвици со кои се соочува земјата се многу посериозни отколку што претходно се проценуваше, нагласувајќи дека Германија повеќе не поминува низ привремен пад, туку е во длабока структурна криза. „Го кажувам ова самокритично, оваа задача е поголема отколку што некој можеше да замисли пред една година“, рече Мерц […]

Економскиот натпревар се пресели во вселената


Повеќе од 90 земји, 10.000 компании и 5.000 инвеститори сега се активни во вселената. Според Бостонската консалтинг група, ова покажува дека „вселената повеќе не е домен само на неколку суперсили, туку станува место на интензивна глобална конкуренција за иновации, влијание и економска моќ“. Според извештајот објавен оваа недела, нивото на економски приходи поврзани со вселенските […]

Ројтерс: ЕЦБ засега нема да ги менува каматните стапки


Европската централна банка (ЕЦБ) најверојатно ќе ги задржи тековните каматни стапки на следниот состанок во септември, иако разговорите за ново намалување би можеле да продолжат на есен доколку европската економија почне да покажува знаци на забавување, објави Ројтерс, повикувајќи се на извори од ЕЦБ. Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, во јули изјави дека централната банка […]

Швајцарците докажаа: Работата во недела е штетна


Работата во недела е штетна за физичката, менталната и социјалната благосостојба, особено кога флексибилното работно време е ограничено, според заклучокот на студијата спроведена од Швајцарскиот интердисциплинарен центар за родови истражувања на Универзитетот во Берн. Студијата ја презентираше „Алијансата за неделата“, група синдикати, религиозни организации и Швајцарското друштво за трудова медицина, известуваат агенциите. Коалицијата се спротивставува […]

ДЗР утврди еден куп пропусти кај Системот за интегрирано планирање на ресурсите и голем ризик од несоодветно управување со податоците


Недостиг на безбедносни политики, користење на застарени оперативни системи и на заеднички лозинки и без двојна потврда, како и неажурирани резервни копии, се дел од слабостите на системот за интегрирано планирање на ресурсите што ги утврдиле ревизорите. Системот за интегрирано планирање на ресурсите го употребува Службата за општи и заеднички работи на Владата за извршување […]

Во Гевгелија повторно јавна презентација на проектот „Гасовод меѓу Северна Македонија и Грција“


Во Гевгелија утре повторно ќе се одржи детална јавна презентација на проектот „Гасовод меѓу Северна Македонија и Грција на територијата на Северна Македонија“. Презентацијата ја организира Акционерското друштво за вршење енергетска дејност- пренос на природен гас „НОМАГАС“- Скопје во државна сопственост, во соработка со Општина Гевгелија. Според соопштението од Општина Гевгелија, главната цел на повторната […]

Србија ги ограничува маржите на 20 отсто за 24 трговски синџири


  Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес најави ограничување на маржите во продавниците, што ќе доведе до пониски цени за околу 3.000 производи. Како што изјави, маржите ќе бидат ограничени на 20 проценти и ќе важат за 24 трговски синџири. „Во наредниот период ќе донесеме закон за трговија, ќе донесеме закон за заштита на потрошувачите, […]

Откриено е колку заработуваат касиерите во „Лидл“, а колку магационерите. Компанијта ги објави деталите


  „Лидл“ е еден од најголемите синџири на дисконтни продавници и вработува илјадници луѓе. Но, колку всушност заработуваат продавачите, менаџерите на продавници и приправниците во овој синџир? Дисконтната продавница „Лидл“, со седиште во Бад Вимпфен во округот Хајлброн, е дел од групацијата „Шварц“ и речиси и да нема човек во Германија кој не пазарувал таму […]

Марк Карни: Канада ќе укине многу одмазднички царини кон САД


Канада ќе отстрани многу одмазднички увозни тарифи за американски стоки и ќе ги интензивира разговорите со САД за воспоставување нов трговски и безбедносен однос, изјави премиерот Марк Карни, пренесува Ројтерс. Канадските тарифи за американските автомобили, челик и алуминиум засега ќе останат, изјави тој на прес-конференција. Карни истакна дека САД неодамна јасно ставија до знаење дека нема […]

Средба на Божиновска со Рокас: Поддршката од ЕУ клучна во процесот на енергетска трансформација на земјава


Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска денеска оствари работна средба со амбасадорот на Европската унија во Република Северна Македонија, Михаилис Рокас. Како што информираат од Министерството, разговорот бил посветен на реформските процеси во енергетскиот сектор, со посебен осврт кон ажурирањето на законодавната рамка и подготовката на нови стратешки документи. Во соопштението се […]

Македонија ќе учествува на ЕКСПО 2027 во Белград


Белград – Република Северна Македонија го потврди своето учество на специјализираниот саем „ЕКСПО 2027“ во Белград, објави истоимената компанија. Нашата држава е една од 119-те земји кои ќе ја претстават својата визија за главната тема „Игра(и) за човештвото: Спорт и музика за сите“ во Белград од 15 мај до 15 август 2027 година. Според соопштението за […]

Протекоа стотици илјади приватни разговори на четботот „Грок“


Стотици илјади приватни разговори што корисниците ги воделе на Грок, четботот со вештачка интелигенција на Елон Маск, станаа јавно достапни и видливи во резултатите од пребарувањето на Гугл, очигледно без знаење на корисниците. Протекувањето се случило поради начинот на кој функционира функцијата за споделување разговори, објавува Би-Би-Си. Кога корисниците на Грок ќе изберат да споделат […]

Пауел најави намалување на каматните стапки на ФЕД, акциите скокнаа


Американските акции скокнаа во петокот откако претседателот на Федералните резерви, Џером Пауел, навести за можноста за намалување на каматните стапки за време на неговиот долгоочекуван говор во Џексон Хоул. На годишниот конклав на ФЕД во Вајоминг, Пауел во млакиот говор рече дека иако невработеноста во САД останува ниска, „со политиката во поблага зона, фундаменталните перспективи […]

Николоски очекува намалување на цените за телекомуникациски услуги по влегувањето на трет оператор на пазарот


Вицепремиерот и министер за транспорт Алексндар Николоски, по денешното отворање на понудите од тендерот за нов мобилен оператор, а на кој единствен понудувач е „ОНЕ Македонија телекомуникации“, порача дека конкуренцијата е здрава работа и оти очекува пониски цени во мобилната телефонија.  -Апсолутно, конкуренцијата е здрава работа и мора да има конкуренција. Јас во една прилика […]

Моќна комбинација за продуктивност, стил и здравје – Galaxy Z Fold7 и Watch8 Classic


Во динамичниот свет на бизнисот, каде времето е највредниот ресурс, изборот на вистинска технологија може да направи суштинска разлика. За професионалците кои секојдневно се справуваат со притисок, мултитаскинг и потреба за мобилност, Galaxy Z Fold7 и Galaxy Watch8 Classic претставуваат идеален дигитален тандем – комбинација која не само што го олеснува работниот ден, туку и го подобрува квалитетот на […]