ОЕЦД: Стареењето на населението може да го забави економскиот раст на повеќето развиени земји


Стареењето на населението може да го забави економскиот раст на повеќето развиени земји доколку не се преземат итни мерки, според извештајот за вработување објавен денес од Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД). Вработеноста и учеството во работната сила во земјите на ОЕЦД се уште се на рекордни нивоа, но веќе се присутни рани знаци […]

Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво по објавата на Трамп за царините


Цените на бакарот во САД скокнаа на рекордно високо ниво во вторник откако Доналд Трамп изјави дека Вашингтон ќе воведе царини од 50 проценти за индустрискиот метал во најновата ескалација на трговската војна на претседателот. „Денес се занимаваме со бакар“, рече Трамп пред состанокот на кабинетот, додавајќи дека верува оти тарифите ќе бидат 50 проценти. […]

(Фото) Почна изградбата на гасниот интерконектор со Грција вреден 60 милиони евра


Стартуваше изградбата  гасниот интерконектор со Грција во должина од 66,7 километри на потегот од Гевгелија до Неготино, со почетен капацитет од 1,5 милијарди метри кубни годишно.  Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, на означувањето на почетокот на градежните работи посочи дека проектот ќе донесе нови извори на природен гас, стабилно стабдување, пониски цени за граѓаните, поголема конкурентност […]

Назад во финансиите: Поранешниот британски премиер стана советник во Голдман Сакс


Поранешниот британски премиер Риши Сунак стана виш советник во Голдман Сакс. Според банката, Сунак ќе работи со скратено работно време и ќе ги советува клиентите користејќи ги своите „уникатни увиди во глобалната политика и економија“, објавува Би-Би-Си. Иако поднесе оставка од функцијата премиер во јули 2024 година, Сунак продолжува да служи како пратеник за Ричмонд […]

Бројот на банкроти на компании во Германија на највисоко ниво од 2005 година


 Бројот на компании кои поднеле барање за банкрот во Германија во вториот квартал од 2025 година го достигна највисокото ниво од третиот квартал од 2005 година, соопшти вчера Институтот за економски истражувања Хале (ИВХ). Во јуни оваа година, 1.420 барања за банкрот беа поднесени од компании и партнерства во Германија, што е за 23 проценти […]

Шеснаесет финансиски институции и банки заинтересирани за финансирање на брзата пруга


  Шеснаесет меѓународни финансиски институции и комерцијални банки доставија до Министерството за финансии писма за изразување на интерес за финансирање  на пректот за брзата пруга од Коридорот 10. Министерството за финансии во наредниот период ќе врши анализа и евалуација на пристигнатите понуди за финансирање на проектот за брзата пруга долж Коридорот 10. Имено, Министерството за финансии достави писмо […]

Прогласена за најдобра авиокомпанија во светот во 2025: Услуга за 10, патниците тврдат дека билетот вреди секој денар


Го освои првото место по деветти пат, а ниедна авиокомпанија од ранг-листата на првите 10 не може да се спореди со неа. Според овогодинешното издание на листата „World Airline Awards“, составена од консултантската компанија Skytrax, Qatar Airways е прогласена за најдобра авиокомпанија во светот во 2025 година. Интересно е што ова не е прв пат […]

„Пари“: Македонскиот ИТ-сектор во подем – десет компании со вкупен приход над 68 милиони евра


Индустријата за информатичка и комуникациска технологија е најбрзорастечки сектор во македонската економија и игра важна улога како снабдувач на работни места и извозник. ИКТ-индустријата има потенцијал да создава силен економски раст и придобивки што се чувствуваат не само во економијата  туку и во целото општество воопшто. Голем број меѓународни и домашни компании развиваат софтвер во земјата […]

Продолжува амандманската расправа за ребалансот на Буџетот


Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска продолжува амандманската расправа по ребалансот на Буџетот. Спорд информациите објавени на веб страницата на законодавниот дом, седницата треба да почне во 11 часот.  За ребалансот на Буџетот се поднесени околу 200 амандмани, од кои 160 од опозициската СДСМ.  Општиот претрес за ребалансот почна на 2 јули, а […]

Почнува изградбата на интерконекторот со Грција, ќе го гради кумановската „Рапид билд“


Во близина на Неготино денеска ќе почне изградбата на гасниот интерконектор со Грција кој од македонска страна ќе го гради кумановската компанија „Рапид Билд“ со која во мај беше потпишан договор.  На настанот, што е во организација на државната компанија која управува со националната гасоводна мрежа НОМАГАС, најавено е присуство на премиерот Христијан Мицкоски, министерката […]

Собравме 100 милијарди долари од царините. вели американскиот министер за финансии


Секретарот за финансии Скот Бесент изјави дека САД собрале околу 100 милијарди долари приходи од царини досега оваа година, а тоа би можело да се зголеми на 300 милијарди долари до крајот на 2025 година, бидејќи собирањето се забрзува поради трговската кампања на претседателот Доналд Трамп. Бесент, зборувајќи на состанокот на кабинетот во Белата куќа, […]

50 години страст, на патот и на сцената: BMW Серија 3 и Влатко Стефановски заеднички го одбележаа петдеценискиот јубилеј


Во чест на петдеценискиот јубилеј – 50 години од појавувањето на BMW Серија 3 и 50 години од музичката кариера на Влатко Стефановски, M Кар BMW Македонија и Влатко Стефановски го одбележаа своето долгогодишно пријателство и доверба. Во 2019 година, Влатко создаде автентично звучно лого инспирирано од BMW Серија 3, а денес, неколку години подоцна, […]

Трамп: Царините стапуваат во сила на 1 август, нема да има продолжување


Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека царините ќе стапат во сила на 1 август и оти повеќе нема да има продолжувања. – Немаше промени до овој датум, ниту пак ќе има промени. Со други зборови, сите пари ќе доспеат за плаќање почнувајќи од 1 август 2025 година, напиша тој на Truth Social. Трамп додаде […]

Димитровски од МАСИТ: ИКТ секторот во Македонија има капацитет да биде вистински партнер во дигитализацијата на општините


На Меѓународната конференција организирана од Министерството за локална самоуправа и Швајцарската амбасада во Скопје, претседателот на МАСИТ, Јордан Димитровски, учествуваше на панелот „Иновации во дигитализацијата на локално ниво – Пат кон одржлив развој“. Во своето обраќање, Димитровски нагласи дека на дигиталната трансформација на општините не треба да се гледа како луксуз и трошок, туку неопходност […]

Летовите од Германија станаа значително поскапи, вклучително и нискобуџетните


Патувањата од аеродромите во Германија станаа значително поскапи во услови на континуирано слаба понуда на летови и високи даноци и такси, а нискобуџетните превозници исто така го следат трендот, според истражувањето на Германскиот центар за воздухопловство и вселенски патувања (ДЛР). Еднонасочните авионски билети без багаж чинат во просек помеѓу 67 и 130 евра, пресмета ДЛР […]

Податочниот центар на МВР во Прилеп ќе биде резервна база за информациските системи на Народна банка


Информатичката инфраструктура на Народната банка ќе биде колоцирана во Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата во Прилеп, соопшти МВР. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески денеска потпишаа договор со кој Министерството за внатрешни работи и отстапува простор во Центарот за обновување од катастрофи […]

Поднесените 1.200 проекти од општините го отворија прашањето дали градежната оператива ќе има кацитет да ги реализира


Колку градежната оператива во земјава ќе може да ги реализира проектите пријавени од општините на двата јавни повика за поддршката од 250-те милиони евра, е проблемот што го разгледуваат Владата и стопанските комори. Како што информира денеска премиерот Христијан Мицкоски, преку 800 проекти се поднесени од општините на вториот јавен повик од кои најголемиот дел […]

Дали Владата може да ја скроти инфлацијата? Засега, не


  Засега, ништо од заложбите за намалување на инфлацијата. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека на годишно ниво инфлацијата во јуни и натаму е висока и изнесува 4,5 проценти, а оптимизам не влеваат ниту месечните податоци кои покажуваат дека јуни во однос на мај е поскап за 0,8 отсто. Мерките кои до […]

Мицкоски: Не само што нема зголемување на долгот, туку има и намалување


Не само што немаме зголемување на долгот, туку имаме и намалување. Тоа е реалноста. Нашата задача и обврска е да работиме во интерес на граѓаните. Делата нека зборуваат, немам што да коментирам на пораките од СДСМ, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски. Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на Велес, Мицкоски напомена дека тоа што го […]